Огнени знаци
Во астрологијата постои поделба на знаците според четирите елементи: оган, земја, воздух и вода. Огнените знаци се сметаат за знаци со витална енергија. Огнот топли и бодри, се крева нагоре и тешко е да се изгасне. Огнот може да биде изгаснат од водата, затрупан од земјата, но воздухот го разпалува. Оттаму е поделбата на идеални знаци, односно воздушните знаци се сметаат за идеални на огнените.
Сите огнени знаци се водачи на свој начин: во акција (Овенот), во постоење (Лавот) или во идеи (Стрелецот). Тие се ведри оптимисти, со топло срце и дарежливи. Имаат широки визии и ги сфаќаат значењата на нештата. Огнот гори со ентузијазам, тој е замена за сончевата светлина.