Стрелча
Стрелча (бугарски: Стрелча) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Стрелча во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 4.069 жители (2022).[1]
Стрелча Стрелча | |
---|---|
град | |
![]() Поглед на читалиштето во Стрелча | |
Местоположба на Стрелча во Бугарија | |
Координати: 42°30′12″N 24°19′18″E / 42.503367°N 24.321545°E | |
Земја | Бугарија |
Област | Пазарџик |
Општина | Стрелча |
Управа | |
• Градоначалник | Георги Павлов (независен) |
Површина | |
• Вкупна | 119,018 км2 (45,953 ми2) |
Надм. вис. | 483 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 4,069 |
• Густина | 34/км2 (89/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 4530 |
Повик. бр. | +359 03532 |
Мреж. место | strelcha.bg |
Географија и местоположба
уредиГрадот се наоѓа во С’штинска Средна Гора во подножјето на врвот Бунаја (1572 м). Низ Стрелча тече реката Стрелчанска Луда Јана. Стрелча се наоѓа на 40 километри од регионалниот центар Пазарџик, 65 километри од Пловдив и 100 километри од главниот град Софија.
Историја
уредиТракиското племе Беси трајно се населило во регионот на крајот на старата ера. Во текот на неколку векови во кои доминирале во земјите на денешна Стрелча, тие оставиле зад себе повеќе од 300 могили во чест на нивните благородни мртви. Еден од најимпресивните историски споменици на територијата на Стрелча датира од оваа ера — уникатниот тракиски култен комплекс Жаба Могила, кој се состои од гроб-мавзолеј и светилиште-храм.
Бесите конечно ја изгубиле својата моќ во 45 н.е. кога Римјаните ги покориле и тракиските земји биле инкорпорирани во новоформираната провинција Тракија.
Регионот, како и цела Тракија, бил вклучен во границите на Првата бугарска држава во 8 век. Од оваа ера потекнува и тврдината Стрелчанско Кале, која траела до 14 век. Се наоѓа на десниот брег на реката Стрелчанска Луда Јана и со своите 8-метарски заштитни ѕидови јасно го илустрира карактерот на ерата. Со векови, во неговото подножје цветаше Стрельч град или Стрелeц град. Денешното име на Стрелча произлегува од неговото име.
Во ерата на бугарската национална преродба, Стрелча бил развиен стопански и просетителски центар, со буден и неуморен дух и жед за слобода. На 20 април 1876 година, неговите жители се приклучиле на Априлското востание и потоа биле строго казнети за нивната храброст — населбата била запалена.
Дури по Ослободувањето, жителите му се вратиле во родните места. Во тоа време бил изграден храмот-споменик „Св. Архангел Михаил“.
На 23 август 1969 година, Стрелча била прогласена за град и одморалиште од национално значење.
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.