Анри Шариер (француски: Henry Charriere, роден на 18 ноември 1906 во Сент Етјен де Лигдарес - починал на 29 јули 1973 во Мадрид) — француски писател на дела во жанрот мемоаристика. Познат е по псевдонимот „Пеперутка“.

Анри Шариер
Корица на книгата „Пеперутка“
Роден/а18 ноември 1906
Сент Етјен де Лугдарес, Франција
Починат/а29 јули 1973
Мадрид, Шпанија
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин

Биографија

уреди

Анри Шариер е роден на 16 ноември 1906 година во Сент Етјен де Лугдарес, Франција. Имал две поголеми сестри. Мајка му починала од заразна болест, кога тој бил 10 година. На 17 години стапил во Француската флота и служел во текот на три години. Таму си направил тетоважа во вид на пеперутка поради која го добил својот прекар.

По армијата имал неколку работни места, а од 1927 година станал дел од парискиот подземен свет. На 23 март 1930 година бил застрелан со еден истрел сутеньора Роланд Легран, кој починал подоцна споменувајќи го името Папијон Роџер. За убиството полицијата го обвинила и го уапсила на 7 април 1930 година на Анри Шариер, и на 28 октомври 1931 година бил осуден на доживотен затвор во Гвајана. Овие дела тој ги негирал до крајот на животот. На 22 декември 1931 година се оженил за Жоржета Фурел, додека на 8 јули 1970 година се разведиле со одлука на судот.

Анри Шариер ја напуштил тврдината во Сен Мартин де Ре на 29 септември 1933 година[1] и пристигнал на 14 октомври со статус на „транспортиран“ во Француска Гвајана, Јужна Америка. Тој останал во приемен логор малку време, бидејќи бил пратен да работи како санитарец во колонијалната болница. На 5 септември 1934 година за првпат се обидел да побегне од таму, но не успеал да стигне до Колумбија. Откако бил фатен поминал две години во самица на островот „Св. Јосиф“. Потоа на неколкупати бил префрлан на најразлични места каде повторно работел како санитарец, за да на 18 март 1944 година со четворица други затвореници успее да побегне. Најпрвин пристигнал до Каракас во Венецуела во 1945 година. Таму се запознал со Рита Алковер, со која подоцна се оженил.

Станал венецуелски државјанин во 1956 година[2]. Во Каракас отворил ресторани. Во 1967 година го купил романот „Гривна“ на писателката Албертини Саразин, во кој се раскажува за животот и судбината на побегната затвореничка. Импресиониран од популарноста на книгата решил да ја напише сопствената историја.

По неколку месеци бил напишан романот „Пеперутка“ и објавен во 1969 година. По објавувањето, романот многу бргу станал бестселер. Во Франција биле продадени над 2,5 примероци, а во странство повеќе од 10 милиони. Вистинската приказна во книгата е околу 70%, а остатокот е составена од расказите на други затвореници во Француска Гвајана. Во 1973 година, романот бил адаптиран во истоимениот филм со учество на Стив Меквин, Дастин Хофман.

Во 1972 година била издадена неговата втора книга „Ва банк“, во која тој го опишува својот живот пред и по престојот во затвор.

Анри Шариер починал од рак на грлото на 29 јули 1973 година во Мадрид, Шпанија.[3].

Дела

уреди

Мемоари

уреди
  • Пеперутка, Papillon (1969)
  • Ва банк, Banco (1972)

Филмографија

уреди
  • 1973 Papillon
  • 1971 Popsy Pop

Книги за Анри Шариер

уреди
  • Papillon libéré (2007)

Наводи

уреди
  1. Henri Charrière, Papillon (Hart-Davis MacGibbon, 1970)
  2. Henri Charriere at everything2.com
  3. Obituary, The Times July 31, 1973. p. 14 Hoyle, Ben. „Obituary“. The Times. London. Архивирано од изворникот на 2012-07-19. Посетено на 2011-03-13.(бара претплата)

Надворешни врски

уреди