Локални избори во Македонија (2013)

(Пренасочено од Локални избори 2013 година)

Локални избори во Македонија во 2013 година — избори што се одржале на 24 март и 7 април 2013 со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија. Изборите биле распишани на 11 јануари 2013 од страна на собранискиот претседател Трајко Вељаноски. Во избирачкиот список биле запишани вкупно 1.743.403 гласачи.[1] На локалните избори учествувале 16 политички партии, 8 коалиции и 97 независни листи. Вкупно биле поднесени 350 листи за градоначалници и 480 листи за советници.[2] На нив се пријавиле 8.878 кандидати за градоначалници и советници.[3]

Локални избори во Македонија (2013)
Македонија
2009 ←
24 март и 7 април 2013 → 2017

80 општини и град Скопје
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Партија ВМРО ДПМНЕ ДУИ СДСМ
Последни избори 56 15 7
Освоени места 56 14 4
Промена во местата 1 3

  Четврта партија Петта партија
 
Партија ДПА Независни
Последни избори 1 3
Освоени места 2 2
Промена во местата 1 1

Заднина

уреди

СДСМ настојувала заедно со локалните да се одржат и предвремени парламентарни избори, но ова било одбиено од страна на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ. На распишувањето на изборите му претходело и собраниски бојкот од страна на СДСМ поради настаните од 24 декември 2012 година. Во почетокот на март, во Македонија пристигнала европска делегација за надминување на политичката криза. По неколкучасовни разговори со политичките водачи, еврокомесарот Штефан Филе, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит и поранешниот претседател на Европскиот парламент Јежи Бузек, водачот на опозицијата Бранко Црвенковски се согласил да учествува на престојните локални избори.[4]

Резултати за градоначалници по општина

уреди
 
Карта на резултатите од локалните избори за избор на градоначалник.
Грб Општина Број на гласачи Победник Освоени гласови % на освоени гласови Партија
  Скопје 444.259 Коце Трајановски 124.455 59,35%  
  Аеродром 63.474 Ивица Коневски 25.814 60,14%  
  Арачиново 8.535 Брахим Ајваз 2.933 52,11%  
  Берово 11.288 Драги Наџиски 4.924 51,97%  
  Битола 81.373 Владимир Талески 27.420 54,93%  
  Богданци 6.977 Анастасија Олумчева 3.044 52,48%  
  Боговиње 24.864 Хазби Идризи 6.039 52,94  
  Босилово 11.842 Љупчо Колев 4.442 53,22  
  Брвеница 14.157 Енвер Пајазити 4.479 51,92%  
  Бутел 31.916 Петре Латиновски 9.286 65,12%  
  Валандово 10.071 Николче Чурлиновски 4.659 59,1%  
  Василево 9.919 Ванчо Стојанов 4.482 61,14%  
  Вевчани 2.055 Цветомир Угриноски 1.124 64,05%  
  Велес 46.261 Славчо Чадиев 18.059 54,41%  
  Виница 17.008 Емил Дончев 6.650 59,81%  
  Врапчиште 23.427 Бајрам Кадрија 5.579 51,25%  
  Гази Баба 60.638 Тони Трајковски 21.231 56,45%  
  Гевгелија 19.391 Иван Франгов 8.722 53,82%  
  Гостивар 75.139 Невзат Бејта 19.348 50,49%  
  Градско 3.127 Жанета Чаушевска 1.221 50,79%  
  Дебар 16.936 Ружди Љата 6.056 71,84%  
  Дебрца 4.569 Игор Трајкоски 1.822 51,59%  
  Делчево 14.974 Дарко Шехтански 6.245 57,18%  
  Демир Капија 3.406 Трајче Димитриев 1.933 66,68%  
  Демир Хисар 7.419 Љупчо Блажевски 3.411 55,49%  
  Дојран 2.757 Борче Стамов 1.278 55,66%  
  Долнени 10.521 Боше Милошески 4.048 51,71%  
  Ѓорче Петров 36.100 Сокол Митровски 11.934 50,4%  
  Желино 20.829 Фатмир Изаири 4.985 52,9%  
  Зелениково 3.645 Веле Груевски 1.476 51,32%  
  Зрновци 2.618 Блаже Станков 1.076 59,68%  
  Илинден 13.475 Жика Стојановски 6.542 66,21%  
  Јегуновце 9.576 Тони Коцески 2.690 54,97%  
  Кавадарци 32.029 Александар Панов 13.084 56,66%  
  Карбинци 3.241 Зоран Минов 1.456 58,78%  
  Карпош 52.506 Стевчо Јакимовски 19.764 63,36% ГРОМ
  Кисела Вода 51.459 Билјана Беличанец 20.419 59,91%  
  Кичево 48.075 Фатмир Дехари 18.552 52,62%  
  Конче 2.755 Благој Јанев 1.326 57,68%  
  Кочани 32.608 Ратко Димитровски 12.636 52,48%  
  Кратово 8.376 Мите Андоновски 3.910 61,35%  
  Крива Паланка 17.169 Арсенчо Алексовски 6.992 50,73%  
  Кривогаштани 4.577 Тони Заткоски 2.115 57,09%  
  Крушево 8.050 Ѓорги Дамчески 3.429 54,22%  
  Куманово 88.708 Зоран Дамјановски 26.118 50,77%  
  Липково 22.852 Садула Дураку 6.073 50,9%  
  Лозово 2.139 Орце Цветковски 991 54,33%  
  Маврово и Ростуше 9.416 Мукарем Мемеди 2.072 51,05%  
  Македонска Каменица 6.692 Дарко Митевски 3.346 65,58%  
  Македонски Брод 5.432 Милосим Војневски 2.831 62,69%  
  Могила 5.476 Стево Пивковски 2.318 52,56% независен
  Неготино 15.942 Ванчо Апостолов 6.957 55,57%  
  Новаци 3.027 Лазар Котевски 1.837 79,42%  
  Ново Село 11.032 Блажо Велков 3.335 50,63%  
  Охрид 50.686 Никола Бакрачески 21.004 57,17%  
  Петровец 7.202 Борче Митевски 3.663 68,07%  
  Пехчево 4.364 Игор Поповски 2.319 63,48%  
  Пласница 4.678 Исмаил Јахоски 1.585 55,63%  
  Прилеп 63.431 Марјан Ристески 28.632 57,79%  
  Пробиштип 13.088 Тони Тоневски 7.023 70,81%  
  Радовиш 23.537 Сашо Николов 10.026 58,22%  
  Ранковце 3.109 Момчило Алексовски 1.474 54,98%  
  Ресен 16.526 Ѓоко Стрезовски 6.644 62,68%  
  Росоман 3.321 Стојанче Лазов 1.516 53,66%  
  Сарај 28.444 Беким Мурати 8.888 53,34%  
  Свети Николе 15.012 Зоран Тасев 7.363 60,71%  
  Сопиште 4.605 Стефче Трпковски 1.923 54,45%  
  Старо Нагоричане 3.551 Милован Стојковски 1.380 51,98%  
  Струга 56.341 Зијадин Села 20.770 57,3%  
  Струмица 47.424 Зоран Заев 19.122 51,56%  
  Студеничани 13.944 Азем Садику 4.225 49,75%  
  Теарце 20.657 Исен Асани 5.802 55,87%  
  Тетово 77.570 Теута Арифи 24.536 55,54%  
  Центар 42.667 Андреј Жерновски 14.383 50,29%  
  Центар Жупа 6.310 Аријан Ибраим 1.844 51,42%  
  Чаир 55.566 Изет Меџити 15.679 62,72%  
  Чашка 5.690 Горанчо Пановски 2.400 60,18%  
  Чешиново-Облешево 5.788 Костадин Личков 2.526 55,75%  
  Чучер-Сандево 6.982 Јован Пејковски 3.333 61,55% независен
  Штип 41.573 Илчо Захариев 18.560 58,83%  
  Шуто Оризари 21.489 Елвис Бајрам 6.067 57,81%  

Советнички места

уреди
Освоени советнички места
Политичка партија Бр. на советници
ВМРО-ДПМНЕ
  
536
СДСМ
  
381
ДУИ
  
171
ДПА
  
98
Независни советници
  
56
НДП
  
25
ДПТМ
  
22
СРМ
  
11
НДМ
  
9
ДОМ
  
9
СНС
  
7
ДНЕТ
  
5
ПЕИ
  
5
ОДСР
  
4
СДУ
  
3
ЛПМ
  
2
СДПМ
  
1

Реакции по изборите

уреди
Политичар Изјава
Никола Груевски „И овојпат, во овој втор изборен круг победија делата, победи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, победија работата, остварените ветувања, победи остварениот однос кон граѓаните, работата и трудот, победи концептот кој со труд, со остварувања, со работа и со одговорен пристап кон работата, искрен однос кон народот во минатите години неуморно работеше и неуморно создаваше дела. Територијалната поделба во 2004 година за која што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија укажуваше дека не е соодветна, се покажа како кобна на овие избори за Кичево и Струга. Ние како влада остануваме максимално да помагаме и на Струга и на Кичево како неотуѓив дел од нашето ткиво.“
Бранко Црвенковски „Овие избори не поминаа во фер и демократска атмосфера и затоа тие се нелегитимни. Работите во нашава земја нема да излезат на арно, за жал не е далеку денот кога ќе треба да се плати огромна цена за овие погрешни политики, а цената ќе ја платиме сите. И за тоа сите што мислат дека на овие избори СДСМ беа поразени, сакам да им кажам дека грдо се лажат, на овие избори изгуби нашиот народ и целата наша земја.“
Али Ахмети „Ова е најголема победа во нашата историја. Освен ова, ДУИ и нејзините активисти помогнаа и за големата победа на Зијадин Села во Струга.“
Мендух Тачи „Не беше невозможна мисија, туку нерамноправна борба, со многу притисоци и уцени од сите сегменти на власта на ДУИ. Непринципиелно се здружија со македонските партии, со ВМРО, со СДСМ, па и НДП на Руфи Османи.“
Граѓанска асоцијација „Мост“ „Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 27 регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 7 април беше спроведено во генерално мирна атмосфера со незначително намален број на нерегуларности, но во околности во кои се покрена прашањето околу квалитетот на Избирачкиот список и довербата во истиот. Најчести нерегуларности за кои известуваа нашите набљудувачи се: семејно гласање, некористење на УВ ламбата и спрејот, фотографирање на гласачките ливчиња, како и непочитување и злоупотреба на процедурата за гласање на лица кои не можат да гласаат сами. Обврска на избирачките одбори е да ги спречат ваквите нерегуларности.“

Наводи

уреди
  1. „Информација во врска со заклучување на Избирачкиот список“. Посетено на 2013-03-18. На |first= му недостасува |last= (help)
  2. Конечен извештај на Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР за локалните избори 2013.
  3. „8.878 кандидати за градоначалници и за советници“[мртва врска], Алфа ТВ, 24.03.2013.
  4. „СДСМ оди на локални избори, за парламентарните ќе се разговара“. Архивирано од изворникот на 2013-03-04. Посетено на 2013-03-18.

Надворешни врски

уреди