Црква „Св. Никола“ - Амолјани

црква во Амолјани, Лариговско, Егејска Македонија

Свети Никола (грчки: Ἱερός Ναός Ἁγίου Νικολάου) — црква во селото Амолјани на истоимениот остров во Касандриско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Ерисовско-светогорско-ардамерската епархија на Цариградската патријаршија.

Свети Никола
Ἁγίου Νικολάου
Поглед на црквата
Карта
40°19′55″N 23°55′15″E / 40.33194° СГШ; 23.92083° ИГД / 40.33194; 23.92083
МестоАмолјани, Касандриско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Културнонаследна категоријаспоменик на културата
Архит. типеднокорабна базилика
Завршена1860
Управа
Архијерејско намесништвоЕрисовско-уранополско
ЕпархијаЕрисовско-светогорско-ардамерска

Црквата е изградена во 1860 г. Таа, заедно со сето подрачје на денешното село била метох на едне од светогорските манастири. Градбата претставува еднокорабна базилика. Има поголем број вредни икони од XIX век, дело на мајстори од Галачишката школа,[1] како и средновековните византиски икони на Иисус, Свети Никола, како и византиски икони донесени од грчките доселеници од Мала Азија во 1920-тите.[2][3]

Во 1995 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Ἱεροί Ναοί“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 6 јуни 2014.
  2. „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 7 јуни 2014.
  3. 3,0 3,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ35/35149/894/24-10-1995 - ΦΕΚ 959/Β/14-11-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2022-07-28. Занемарен непознатиот параметар |access= (се препорачува |access-date=) (help); Недостасува права црта во: |access= (help)