Алфард
Алфард /ˈælfɑrd/, [9] означена како Алфа Хидра ( α Hydrae, скратено Alpha Hya, α Hya ), е најсветлата ѕвезда во соѕвездието Водна Змија . Таа е единствена џиновска ѕвезда, поладна од Сонцето, но поголема и посветла. Оддалечена е околу 177 светлосни години .[10]
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Водна Змија |
Ректасцензија | 09ч 27м [1] | 35,2433с
Деклинација | −08° 39′ [1] | 30,969″
Прив. величина (V) | +2.00[2] |
Особености | |
Развојна фаза | Џиновска ѕвезда |
Спектрален тип | K3IIIa[3] |
U−B Боен показател | +1.73[4] |
B−V Боен показател | +1.45[3] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −4.3[5] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: −14.49[1] млс/г Дек.: 33.25[1] млс/г |
Паралакса (π) | 18.40 ± 0.78[1] млс |
Оддалеченост | 177 ± 8 сг (54 ± 2 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −1,743 ± 0,032[3] |
Податоци | |
Маса | 3,2 ± 0,32[3] M☉ |
Полупречник | 55,9 ± 2,4[6] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 1.77[6] |
Сјајност | 971+154 133[3] L☉ |
Сјајност (виизуелна, LV) | 426[3][б 1] L☉ |
Температура | 4.117 ± 18[3] K |
Вртење | 2,991 days[7] |
Вртежна брзина (v sin i) | 1.1[7] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Номенклатура
уредиα Hydrae ( латинизирано во Alpha Hydrae- Алфа Водна Змија ) е име според Бајеровото означување .
Традиционалното име Алфард доаѓа од арапскиот збор الفرد ( ал-фард ), што значи „поединец“, бидејќи нема други светли ѕвезди во нејзина близина. На Арапите им била позната и како „рбетот на змијата“. Во каталогот на ѕвезди во Календариумот на Ал Ачсаси Ал Муаккет, тој бил означен Сохеил ал Фард, што на латински бил преведен како Сохеил Солитарус, што значи светлиот осамен . [11] Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организирала Работна група за имиња на ѕвезди (WGSN) [12] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. Првиот билтен на WGSN од јули 2016 година [13] вклучуваше табела со првите две серии на имиња одобрени од WGSN; во кој бил вклучено и името Алфард за оваа ѕвезда. Согласно на тоа , името е сега внесено во Каталогот на имиња на ѕвезди на IAU. [14]
Европскиот астроном Тихо Брахе го нарекол Cor Hydræ, на латински за „срцето на Водната Змија“. [15]
На кинески ,星宿( Xīng Xiù ), што значи Ѕвезда, се однесува на астеризам кој се состои од Alphard, Тау1 Водна Змија, Тау2 Водна Змија, Јота Водна Змија, 26 Водна Змија, 27 Водна Змија, HD 82477 и HD 82428 . [16] Следствено, самиот Алфард е познат како 星宿( Xīng Xiù yī), „Првата ѕвезда од ѕвездите“. Во античка Кина било дел од астеризмот наречен „црвена птица“.[17]
Својства
уредиАлфард има три пати поголема маса од Сонцето . Неговата проценета старост е 420 милиони години и еволуирала далеку од главната низа за да стане џиновска ѕвезда со спектрална класификација од К3 и класа на сјајност III. Аголниот дијаметар е измерен со интерферометрија, по корекција за рабно затемнување, тој дава вредност од 9,58 ± 0,08 . Ако се претпостави растојание од 54,3 парсеци (177 светлосни години), [б 2] тогаш се добива физичка големина од 55,93 ± 2,41 .
Спектарот на Алфард покажува благ вишок на бариум, елемент кој вообичаено се произведува со s-процесот на нуклеосинтеза . Вообичаено, бариумската ѕвезда припаѓа на бинарен систем и аномалиите во изобилство се објаснуваат со пренос на маса од придружна бела џуџеста ѕвезда. [18]
Прецизните мерења на радијалната брзина покажале варијации во ѕвездените радијални брзини и профилите на спектралните линии . Осцилациите се повеќепериодични со периоди од неколку часа до неколку дена. Се претпоставувало дека краткорочните осцилации се резултат на ѕвездени пулсирања, слични на сончевите. Пронајдена е и корелација помеѓу варијациите во асиметријата на профилот на спектралната линија и радијалната брзина. Мулти-периодичните осцилации го прават HD 81797 (Алфард) предмет на интерес за астеросеизмолошките истражувања. [19]
Модерно наследство
уредиАлфард се појавува на знамето на Бразил, симболизирајќи ја државата Мато Гросо ду Сул . [20]
Моделот на Тојота-Алфард е наречен по оваа ѕвезда.
Ликот Рој Алфард од јапонската серија на лесни романи Re:Zero е именуван по оваа ѕвезда.
Белешки
уреди- ↑ Calculated using the absolute magnitude in the equation 104(4.83-Mabs), where Mabs is the absolute magnitude
- ↑ Calculated with parallax
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Perryman, M. A. C.; и др. (1997). „The Hipparcos Catalogue“. Astronomy & Astrophysics. 323: L49–L52. Bibcode:1997A&A...323L..49P.
- ↑ Piau, L.; и др. (February 2011). „Surface convection and red-giant radius measurements“. Astronomy and Astrophysics. 526: A100. arXiv:1010.3649. Bibcode:2011A&A...526A.100P. doi:10.1051/0004-6361/201014442. S2CID 118533297.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Rosas-Portilla, F.; Schröder, K.-P.; Jack, D. (2022-04-26). „On the physical nature of the Wilson-Bappu effect: revising the gravity and temperature dependence“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 513 (1): 906–924. arXiv:2203.16593. doi:10.1093/mnras/stac929. ISSN 0035-8711.
- ↑ Pfleiderer, J.; Mayer, U. (October 1971). „Near-ultraviolet surface photometry of the southern Milky Way“. Astronomical Journal. 76: 691–700. Bibcode:1971AJ.....76..691P. doi:10.1086/111186.
- ↑ Evans, D. S. (June 20–24, 1966). „The Revision of the General Catalogue of Radial Velocities“. Во Batten, Alan Henry; Heard, John Frederick (уред.). Determination of Radial Velocities and their Applications, Proceedings from IAU Symposium no. 30. University of Toronto: International Astronomical Union. Bibcode:1967IAUS...30...57E.
- ↑ 6,0 6,1 Piau, L.; Kervella, P.; Dib, S.; Hauschildt, P. (2011-02-01). „Surface convection and red-giant radius measurements“. Astronomy & Astrophysics (англиски). 526: A100. arXiv:1010.3649. Bibcode:2011A&A...526A.100P. doi:10.1051/0004-6361/201014442. ISSN 0004-6361.
- ↑ 7,0 7,1 Setiawan, J.; и др. (July 2004). „Precise radial velocity measurements of G and K giants. Multiple systems and variability trend along the Red Giant Branch“. Astronomy and Astrophysics. 421: 241–254. Bibcode:2004A&A...421..241S. doi:10.1051/0004-6361:20041042-1.
- ↑ „Alphard“. SIMBAD. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 2009-10-09.
- ↑ Kunitzsch, Paul; Smart, Tim (2006). A Dictionary of Modern star Names: A Short Guide to 254 Star Names and Their Derivations (2nd rev.. изд.). Cambridge, Massachusetts: Sky Pub. ISBN 978-1-931559-44-7.
- ↑ da Silva, L.; и др. (November 2006). „Basic physical parameters of a selected sample of evolved stars“. Astronomy and Astrophysics. 458 (2): 609–623. arXiv:astro-ph/0608160. Bibcode:2006A&A...458..609D. doi:10.1051/0004-6361:20065105. S2CID 9341088.
- ↑ Knobel, E. B. (June 1895). „Al Achsasi Al Mouakket, on a catalogue of stars in the Calendarium of Mohammad Al Achsasi Al Mouakket“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 55 (8): 429–438. Bibcode:1895MNRAS..55..429K. doi:10.1093/mnras/55.8.429.
- ↑ „IAU Working Group on Star Names (WGSN)“. Посетено на 22 May 2016.
- ↑ „Bulletin of the IAU Working Group on Star Names, No. 1“ (PDF). Посетено на 28 July 2016.
- ↑ „IAU Catalog of Star Names“. Посетено на 28 July 2016.
- ↑ Olcott, William Tyler (2004). Star Lore: Myths, Legends, and Facts. Courier Dover Publications. стр. 226. ISBN 0-486-43581-4.
- ↑ (на кинески) 中國星座神話, written by 陳久金.
- ↑ (на кинески) 香港太空館 - 研究資源 - 亮星中英對照表 Архивирано на 25 октомври 2008 г., Hong Kong Space Museum. Accessed on line November 23, 2010.
- ↑ Mennessier, M. O.; и др. (October 1997). „Barium Stars, Galactic Populations and Evolution“. Astronomy and Astrophysics. 326: 722–730. Bibcode:1997A&A...326..722M.
- ↑ Setiawan, J.; Roth, M.; Weise, P.; Dölinger, M. P. (2006). „Multi-periodic oscillations of HD 32887 and HD 81797“. Memorie della Societa Astronomica Italiana. 77: 510–514. arXiv:astro-ph/0505184. Bibcode:2006MmSAI..77..510S.
- ↑ „Astronomy of the Brazilian Flag“. FOTW Flags Of The World website. 1 January 2019. Посетено на 3 May 2019.