Алнилам
Алнилам или Епсилон Орион (ε Ori / ε Orionis) е голема сина ѕвезда од соѕвездието Орион. Нејзината ознака е `46 Orionis`.
Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Орион |
Ректасцензија | 05ч 36м 12.8с |
Деклинација | −01° 12′ 06.9″ |
Прив. величина (V) | 1.70 |
Особености | |
Спектрален тип | B0 Iab |
U−B Боен показател | −1.03 |
B−V Боен показател | −0.19 |
Променлив тип | Alp Cyg |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | 25.9 км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: 1.49 млс/г Дек.: −1.06 млс/г |
Паралакса (π) | 2.43 ± 0.91 млс |
Оддалеченост | приб. 1.300 сг (приб. 400 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −6.4 |
Податоци | |
Маса | 40 M☉ |
Полупречник | 26 R☉ |
Сјајност | 375,000 L☉ |
Температура | 25,000 K |
Металичност | ? |
Вртење | ~87 km/s |
Старост | 4 × 106 години |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Оваа ѕвезда е 30 ѕвезда по сјајност на небото (четврта по сјајност во Орион) и како син суперџин е една од најпознатите светлосни ѕвезди воопшто. Заедно со Минтака (Делта Орион) и Алнитак (Зета Орион), го образуваат појасот на Орион познат по различни имиња во древните култури. Алнилам е средната ѕвезда.
Таа е една од 57-те ѕвезди што се користат за небесна навигација. За средните латитуди, Алнилам е највисоката точка на небото на полноќ на 15 декември.
Релативно едноставниот спектар на Алнилам е корисен за проучување на меѓуѕвездениот простор. Во текот на наредните милион години, оваа ѕвезда може да се претвори во црвен суперџин и да експлодира како супернова. Опколена е со молекуларен облак NGC 1990.
Низ историјата
уредиИмето Алнилам доаѓа од арапското النظام an-niżām, со значење „ѓердан од бисери“. Други називи за оваа ѕвезда се Алнихан и Алнитам,[1] но се сметаат за погрешна транслитерација.
Орионов Појас
уредиТрите ѕвезди од појасот Орион се познати по различни имиња низ разните култури. Постојат повеќе арапски термини за нив: Al Nijād 'Појас', Al Nasak 'Линија', Al Alkāt 'Златно Зрно'. Во кинеската митологија овие три ѕвезди биле познати како `Легнат Мост`.[1]
Овие три ѕвезди наводно влијаеле врз изградбата на Пирамидите во Гиза.