Албански јазик
Албански јазик (ендоним: shqip [ʃcip] ⓘ) е јазик што го говорат приближно околу 6 милиони луѓе, првенствено во Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Македонија, но исто така и во некои други балкански држави, како и од емигрантски групи во Калабрија, Италија. Јазикот е еден, посебен огранок на Индоевропското јазично семејство. Во минатото за овој јазик во македонската терминологија се користел терминот арнаутски јазик. Во речниците на Ѓорѓија Пулевски, јазикот се нарекува арбански.
Албански | |
---|---|
Shqip | |
Изговор | /ʃcip/ |
Застапен во | Албанија, Косово, Македонија, Грција, Црна Гора, САД, Италија, Германија, Британија, Турција, Швајцарија, Канада и други земји. |
Подрачје | Југоисточна Европа |
Говорници | 6 000 000[1] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Албанска латиница |
Статус | |
Службен во | Албанија Косово |
Признаен како малцински во | Македонија Србија Црна Гора Италија |
Регулативен орган | официјално од Албанската академија на науките |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | sq |
ISO 639-2 | alb (B) sqi (T) |
ISO 639-3 | Разни: sqi — Албански aln — Гег aae — Арбареша aat — Арванитика als — Тоск |
Сегашна распространетост на албанскиот јазик во Европа: региони каде албанскиот јазик го зборуваат мнозинството од населението региони каде албанскиот јазик го зборуваат значителен дел од малцинството од населението |
Денешниот албански јазик како стандардна форма го има дијалектот на Тоските, наспроти дијалектот на Гегите кој и покрај стандардизацијата сѐ уште масовно го користат во Косово и делови од Македонија. Впрочем, сѐ уште постои несогласување околу стандардизацијата на албанскиот јазик, а некои бараат повторна стандардизација во која би биле вклучени повеќе елементи од гегскиот дијалект. Постои и залагање во Косово да се земе како стандардна форма гегскиот дијалект со што албанскиот јазик би станал еден јазик со два официјални дијалекти. Инаку, лексичкиот фонд е главно латински, италијански, романски, грчки, македонски, српски и турски.
Историја
уредиЗа точното потекло на албанскиот јазик сè уште се расправа, но тој често се поврзува со античкиот илирски јазик поради географски и историски причини. Најстариот сочуван писмен запис на албански јазик - Словото за крштевање (Formula e pagëzimit) датира од 15 век. Тоа е една реченица во едно писмо на латински јазик од католичкиот надбискуп Павел Ангел од 1462 год. Дополнително, најстарата книга на албански јазик е еден католички молитвеник Мешари (Мисал), издадена од Ѓон Бузуку во 1555 година. Оваа книга е значајна пресвртница во албанската литература и дава вредни сознанија за јазикот и неговата употреба во тој период. Сепак, самиот јазик е многу постар, со корени од раните индоевропски миграции на Балканот.
Во 1908 година, Битолскиот конгрес одиграл клучна улога во стандардизирањето на албанската азбука, усвојувајќи изменета верзија на латинското писмо.
Дијалекти
уредиПостојат два диференцијални дијалекти на албанскиот: тоскански дијалект и гегски дијалект. Спорот со дијалектите и нивниот службен стгатус и денес не е разрешен во албанската научна и општествена јавност. Имено, денес службено и официјално се тврди дека албанскиот јазик е синтеза на двата дијалекти, што е насилно наметната теза од Енвер Хоџа и неговата политика. Денешниот албански јазик се заснова на тосканскиот дијалект и не е прифатливо за населението што користат гегски дијалект. Гегите и денес пишуваат и творат на гегски дијалект, но поради тоа и денес се прогонувани и казнувани таквите активисти. Поради тоа едонство за албанскиот јазик речиси и не постои, раздорот е голем. Во 1965 година од печат излезе книгата „Предавство“ напишана на гегски дијалект и албанците од северна Албанија побараа таа верзија на албанскиот јазик и тој дијалект да бидат официјализирани и албанскиот јазик да се заснова на тој дијалект[2] .
Разликите помеѓу двата дијалекти со огромни, дури и поголеми отколку некои словенски јазици како на пример словенечки јазик и српски јазик. Од вкупното албанско население на Балканот, околу две третини или мнозинство од албанците зборуваат на гегски дијалект. Тој дијалект е лексички побогат, почист и има поголеми изразни можности благодарејќи на влијанието на соседните македонски јазик и српски јазик[2].
Граматика
уредиИменки
уреди- Член
Членот во албанскиот јазик е постпозитивен, односно се става на крајот од именката, исто како во македонскиот јазик. Албанскиот има само определен член и се користат следниве наставки:
- -u за именки од машки род кои завршуваат на k, g и h, а за сите други -i.
- mal - mali (планина - планината), ujk - ujku (волк - волкот)
- -а или -ja за именки од женски род. Ако именката завршува на o или e, тогаш се користи членот -ja.
- verturë - vetura (автомобил - автомобилот), pallto - palltoja (палто - палтото)
- за именките од среден род (малку на број) се користи членот -t.
За разлика од македонскиот, албанскиот има само еден член и членот се користи и за лични имиња и топоними (Shkup - Shkupi, итн).
Броеви
уреди
|
Фонетика
уредиA | B | C | Ç | D | DH | E | Ë | F | G | GJ | H | I | J | K | L | LL | M | N | NJ | O | P | Q | R | RR | S | SH | T | TH | U | V | X | XH | Y | Z | ZH |
a | b | c | ç | d | dh | e | ë | f | g | gj | h | i | j | k | l | ll | m | n | nj | o | p | q | r | rr | s | sh | t | th | u | v | x | xh | y | z | zh |
а | б | ц | ч | д | нема | е | ' | ф | г | ѓ | х | и | ј | к | љ | л | м | н | њ | о | п | ќ | нема | р | с | ш | т | нема | у | в | ѕ | џ | нема | з | ж |
a | b | ʦ | ʧ | d | ð | ɛ | ə | f | g | ɟ | h | i | j | k | l | ɫ | m | n | ɲ | ɔ | p | c | ɾ | r | s | ʃ | t | θ | u | v | ʣ | ʤ | y | z | ʒ |
Примери
уредиАлбански јазик
| |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Të gjithë njerëzit lindin të lirë dhe të barabartë në dinjitet dhe në të drejta. Ata kanë arsye dhe ndërgjegje dhe duhet të sillen ndaj njëri tjetrit me frymë vëllazërimi. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
- да- po
- не- jo
- здраво- tungjatjeta
- Јас зборувам...- Unë flas...
- македонски- maqedonisht
- албански- shqip
- Јас не разбирам...- Unë nuk kuptoj...
- и- dhe
- но- apo
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Гег 2 779 246 + тоск 2 980 000 + арбереш 80 000 + арванитика 150 000 = 5 989 246. (Ethnologue, 2005)
Gordon, Raymond G., Jr. (ed.), 2005. Ethnologue: Languages of the World, Fifteenth edition. Dallas, Tex.: SIL International. Онлајн верзија: http://www.ethnologue.com/. - ↑ 2,0 2,1 „Интервју со ПРОФ. Д-Р КАПЛАН РЕСУЛИ- БУРОВИЌ“. Архивирано од изворникот на 2009-02-10. Посетено на 2008-10-20.
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на албански јазик |