Гегиско наречје
наречје на албанскиот јазик
(Пренасочено од Гегски дијалект)
Гегиско наречје — едно од двете наречја или облици на албанскиот јазик. Другото е тоскисккото, врз кое се темели стандардниот албански. Гегиското наречје се зборува во северна Албанија, северозападна Македонија, источна Црна Гора, јужна Србија и во албанската дијаспора. Понекогаш се користи и во медиумите во Косово. Традиционално се смета дека се зборува северно од реката Шкумба.
Гегиски | |
---|---|
Застапен во | Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија (малку) |
Говорници | 3,4 мил[1] e17 |
Јазично семејство | индоевропско
|
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | aln |
Linguasphere | 55-AAA-aaa to 55-AAA-aag |
Карта на гегиските говори со зелени нијанси |
Говори
уреди- Јужногегиски говори
- јужногегиски говори: Драч, Елбасан,Тирана и делови од Западна Македонија[2]
- Северногегиски говори
- северозападни: Скадар, Вермош, Селце, Вукел, Лепуша, Тамара, Тузи, Улцин, Бар, Плав, Гусиње, Пеќ, Ѓаковица и Призрен
- источногегиски: делови од западна Македонија (Дебар-Тетово)
- северозападни: Скопје-Куманово, Качаник-Прешево
- северногегиски: Приштина-Митровица
Дијалектолошки разлики
уредистандарден албански | тоскиски | гегиски | македонски |
---|---|---|---|
Shqipëri | Shqipëri | Shqypní | Албанија |
një | një | nji / njâ | еден |
nëntë | nëntë | nândë | девет |
është | është | âsht / â | е |
bëj | bëj | bâj | прави |
emër | emër | êmën | име |
pjekuri | pjekuri | pjekuni | зрелост |
gjendje | gjëndje | gjêndje | состојба |
zog | zok | zog | птица |
mbret | mbret | mret/regj | крал |
për të punuar | për të punuar | me punue | работи |
rërë | rërë | rânë | песок |
qenë | qënë | kjênë / kânë | сум |
dëllinjë | enjë | bërshê | боровинка |
baltë | llum | lloq | кал |
cimbidh | mashë | danë | маша |
mundem | mundem | mûj | може |
vend | vënd | ven | место |
dhelpër | dhelpër | skile/dhelpën | лисица |
Наводи
уреди- ↑ Гегиски — Ethnologue (англиски)
- ↑ Hinrichs, Uwe; Buttner, Uwe (1999). Handbuch der Sudosteuropa-Linguistik. Otto Harrassowitz Verlag. стр. 285. ISBN 978-3-447-03939-0. Посетено на 5 April 2011.
- Martin Camaj (1984), Albanian grammar, Otto Harrassowitz Verlag
- Carlo Tagliavini (1942), Le parlate albanesi di tipo Ghego orientale: Dardania e Macedonia nord-occidentale,
Поврзано
уредиНадворешни врски
уредиВикимедииниот Инкубатор испробува Википедија на гегиско наречје |
- ISO документација Архивирано на 11 септември 2006 г.
- Албанска етимологија Архивирано на 29 јуни 2011 г.
- Гегиски дијалект
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |