Албанска академија на науките

академија на науките

Албанска академија на науките (албански: Akademia e Shkencave e Shqipërisë) — најважна научна установа во Албанија, основана во 1972 година.[1] Установата ги вклучува најистакнатите научници, исто така наречени „академици“, кои се вклучени во истражувачки центри и други органи во и надвор од Албанија. Академијата има 28 члена,[2] 11 придружни члена[3] и 26 почесни члена[3]

Албанска академија на науките
Akademia e Shkencave e Shqipërisë
Лого на академијата
КратенкаASH
Основана1972
Виднационална академија
Целнаука, академија
СедиштеТирана, Албанија
Членство28 членови, 11 придружни членови, 26 почесни членови
ПретседателМузафер Коркути
Главно телоПретседателство на Академијата
Мреж. местоakad.gov.al/ash/

Академијата е составена од два дела:

  • Општествени науки и албанологија
  • Природни и технички науки

Исто така ги вклучува следниве единици:

  • Проекти на технолошки и иновативен развој,
  • Оддел за странски и јавни односи,
  • Библиотека[4]
  • Издаваштво

Албанската академија на науките ја поседува најголемата академска библиотека во земјата. Основана во 1975 година со само 10.000 единици, вклучувала 8.120.000 единици до 1986 година.[5]

Во 2008 година, четири истражувачки институтит (Институт за историја, Институт за археологија, Институт за лингвистика и книжевноста и Институт за фолклор) станале самостојни и го создале Центарот за албански студии.[6]

Наводи

уреди
  1. The World of Learning 2004 By Michael Salzman, Europa Publications ISBN 1-85743-182-0 Page 42 ([1])
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2012-03-02. Посетено на 2016-03-30.
  3. 3,0 3,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-31. Посетено на 2016-03-30.
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-02-16. Посетено на 2016-03-30.
  5. World Encyclopedia of Library and Information Services By Robert Wedgeworth Third Edition ISBN 0-8389-0609-5 Page 41 ([2])
  6. Marenglen Verli (2014-12-28), „Milosao“, Histori për botimin e historisë, Gazeta Shqiptare, стр. 16, OCLC 777718670

Надворешни врски

уреди

41°19′34″N 19°49′23″E / 41.3261° СГШ; 19.823° ИГД / 41.3261; 19.823