Агалуш
Агалуш — село во Егејска Македонија, Република Грција. Во селото според пописот од 2011 година има 47 жители.
Агалуш Αγαλαίοι | |
---|---|
Координати: 40°02′N 21°37′E / 40.033° СГШ; 21.617° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 677 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 47 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51 100 |
Повик. бр. | +30 24620 |
Рег. таб. | ΡΝ |
Географија и местоположба
уредиСелото е со местоположба на околу 30 км југоисточно од градот Гребен.
Историја
уредиПод владение на Османлиското Царство
уредиКон крајот на ХІХ век Агалуш заедно со соседното село Венци е центар на истоимената нахија Венци во Кожанската каза во Османлиското Царство. Во близина на селото се наоѓала кулата на агите, од којшто се управувал големиот турски чифлик, кој опфаќал уште 24 сеча.[2]
Во овој период Агалуш е мешано муслиманско-христијанско гркојазично село. Според статистиката на Васил К’нчов пред 1900 година во Агалуш живеееле 90 валахади (гркојазични муслимани) и 91 Грк христијанин.[3] Според записите на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Агалуш имало 90 Грци.[4]
Според грчкиот конзулат во Еласона пред 1904 година во Αγαλαίοι има 100 валахади и 40 Грци христијани.[5] Грчката атинска статистика од 1910 година во селото има 70 муслимани и 109 православни Грци.[6]
Грчка окупација
уредиЗа време на Првата Балканската војна во 1912 година во селото влегуваат грчките војски и за време на Втората балканска војна во 1913 година Агалуш останува во Грција.
Според сведочењата од 1920 година Агалуш било населено само од валахади од 31 семејство и 85 жители.[7]
Во средината на 1920-те години според Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција и на негово место се населени Понтски грци кои пребегнале од Грција. Во 1928 година селото е претставено бегалско со 31 семејство и 81 жител.[8]
Стопанство
уредиНаселението во селото се занимава со земјоделство и сточарство.
Демографија
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 125 | 125 | 140 | 100 | 123 | 93 | 72 | 47 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ Портал на поранешната Општина Венци[мртва врска]
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 280.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 212-213.
- ↑ Σπανός, Κώςτας. "Η απογραφή του Σαντζακίου των Σερβίων", in: "Ελιμειακά", 48-49, 2001.
- ↑ Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος. Η Μακεδονία : εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι,1910, σ. 112.
- ↑ „Сайт за село Мирсина“. Архивирано од изворникот на 2010-06-28. Посетено на 2016-02-23.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.