Автомобилски регистарски таблички во Шпанија
Форматот за регистарски таблички во Шпанија е во облик НННН ЛЛЛ. Овде „НННН“ е четирицифрен број (0000-9999), а „ЛЛЛ“ е бројач составен од три букви, кои се зголемуваат после бројот 9999. Самогласките A, E, I, O, U и Q (која лесно може да биде помешана со О) и шпанската буква Ñ не се користат. Овој систем овозможува 20 согласки: B, C, D, F, G, H, J, K, L, M, N, P, R, S, T, V, W, X, Y и Z да се користат за регистарски таблички. Овој формат дозволува максимални 80 милиони комбинации. Овој формат е претставен на 18 септември 2000. Друго за овој формат е тоа што не е претставена провинцијата каде е регистрирано возилото. Бројачот или три буквената ознака во декември 2010 започнала да ја користи буквата H (HBB). Табличката освен шемата на таблички на левата страна го содржи синото ЕУ-поле со 12 ѕвездички и авто ознаката за Шпанија (E-España).
Стари покраински броеви
уредиОзнака | Покраина | белешки |
---|---|---|
A | Аликанте | |
AB | Албасете | ALB се користел до 1926 |
AL | Алмерија | |
AV | Авила | |
B | Барселона | |
BA | Бадахос | |
BI | Билбао | |
BU | Бургос | |
C | А Коруња | |
CA | Кадис | |
CC | Касерес | CAC се користел до 1926 |
CE | Сеута (Шпанска енклава во Северна Африка) | од 1922 |
CO | Кордоба | |
CR | Сиудад Реал | |
CS | Кастељон | CAS се користел до 1926 |
CU | Куенка | |
FP | Фернандо По | |
GC | Лас Палмас | од 1926 |
GE | Жирона | |
GI | Жирона | од 1992 сменето со GE |
GR | Гранада | |
GU | Гвадалахара | |
H | Уелва | |
HU | Уеска | |
I | Ифни (Шпанска покраина во Мароко) | 1951–1961 |
IB | Балеарски Острови | од 1997 |
IF | Ифни | 1961–1969 сменето со I |
J | Хаен | |
L | Љеида | |
LE | Леон | |
LO | Логроњо | |
LR | Ла Риоха | |
LU | Луго | |
M | Мадрид | |
MA | Малага | |
ME | Шпанско Мароко | |
ML | Мелиља (Шпанска енклава во Мароко) | |
MU | Мурсија | |
NA | Навара | |
O | Овиедо (сега Астурија) | |
OU | Оуренсе | од 1998, пред тоа OR |
P | Паленсија | |
PA | Памплона | заменето со NA во 1918 |
PM | Палма де Мајорка | заменето со IB во 1997 |
PO | Понтеведра | |
RM | Рио Муни ("Шпанска Гвинеја") | 1961–1969, една од двете замени за TG |
S | Кантабрија | |
SA | Саламанка | |
SE | Севиља | |
SG | Сеговија | SEG се користел до 1926 |
SH | Шпанска Сахара | стара ознака беше АОЕ - Шпанска Источна Африка (Africa Occidental Española).Ознаката не се користи од 1976. |
SO | Сорија | |
SS | Сан Себастијан | |
T | Тарагона | |
TE | Шпанска територија | се користела за Канарските Острови, заменети со GC и TF во 1926 |
TE | Теруел | TER се користел до 1926 |
TF | Санта Крус де Тенерифе | од 1926, една од замените за ТЕ |
TG | Шпанска Гвинеја | TEG се користел до 1926, заменето со FP и RM во 1926. |
TO | Толедо | |
V | Валенсија | |
VA | Ваљадолид | |
VI | Виторија главен град на Алава | |
Z | Сарагоса | |
ZA | Самора |
Други броеви
уредиОвие таблици ја задржале старата шема.
- CME – Cos dels Mossos d'Esquadra – Автономна Каталонска полиција
- DGP – Dirección General de la Policía - полиција
- CNP – Cuerpo Nacional de Policía – Шпанска полиција
- E – Ertzaintza - Автономна баскиска полиција (буквата E на табличката е со специјален баскиски изглед.
- EA – Ejército del Aire – Шпански воздушни сили
- ET – Ejército de Tierra – Шпанска армија
- FN – Fuerzas Navales / Armada – Шпански поморски сили
- GSH – Gendarmería del Sahara –Шпанска колонијална полиција во Сахара
- PGC – Parque de la Guardia Civil – шпанска цивилна гарда (слична на француската жандармерија и италијанските карабинери)
- MF – Ministerio de Fomento – министерство за јавни работи
- MMA – Ministerio de Medio Ambiente – министерство за животна средина
- PME – Parque Móvil del Estado – владини возила
Дипломатски таблички
уредиДипломатските таблички во зависност од сопственикот се: CD – црвени, CC – зелени, TA – жолти, IO – сини. Првиот број е за кодот на државата или организацијата, буквите за типот на возилото.