Азербејџанска Советска Социјалистичка Република

(Пренасочено од АССР)

Азербејџанската Советска Социjалистичка Република, кратко: Азербејџанска ССР (азерски: Азәрбайҹан Совет Сосиалист Республикасы, кратко: Азәрбайҹан ССР) била една од соjузните републики на Советскиот Соjуз и се наоѓа во источниот дел на Кавказ, на бреговите на Каспиското Море. Во составот на СССР била од 30 декември 1922 година сè до 30 август 1991.

Азәрбайҹан Совет Сосиалист Республикасы
Знаме на Азербејџанска ССР
Знаме на Азербејџанска ССР
Грб на Азербејџанска ССР
Грб на Азербејџанска ССР
Девиза: Бүтүн өлкәләрин пролетарлары, бирләшин!
Главен град Баку
Образувана 28 април 1920
В составот на СССР од 30 декември 1922
до 30 август 1991
Површина
86 600 км2
9-та во СССР
Население
7 037 000 луѓе (1989)
6-та во СССР
Густина
81,3/км2
4-та во СССР

Азербејџанската ССР е образувана во 1920 година. Од 12 март 1922 до 5 декември 1936 била дел од Закавкаската Советска Федеративна Социјалистичка Република.

Во составот на Азербејџанската ССР се ноаѓале две автономни области:

На 9 ноември 1990 година таа била преименувана во „Азербејџанска Република“. Во составот на СССР била уште една година, до 1991, кога објавила независност.

Поврзано

уреди