Ќамуран Шакиров
Ќамуран Шакиров (Велес, 1961 – Рашче, Општина Сарај, 21 август 2001) бил македонски бранител со ромско потекло, резервист во АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал во несреќен случај на стража кај скопското село Рашче на 21 август 2001 година.[1]
Ќамуран Шакиров | |
---|---|
1961 – † 21.08.2001 (40 г.) | |
Роден во: | Велес, СР Македонија |
Починал во: | Рашче, Македонија |
Служба во: | Македонија |
Чин: | Резервист во АРМ |
Битки/војни: | Војна во Македонија 2001 |
Одличја: | Медал за храброст |
Животопис
уредиЖивот, војната 2001 и сведоштва
уредиЌамуран Шакиров е роден во 1961 година во Велес и потекнува од ромско семејство. Кога започна воениот конфликт 2001 година беше дел од „Велешката бригада“, која во текот на седумте месеци воени операции беше распоредена на Матка, Рашче, Танушевци, Карпалак, Кучково, Слупчане и Ваксинце. Шакиров посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[2] Неговото име е испишано на бронзената плоча на споменикот на бранителите во центарот на Скопје. Шакиров е еден од шестемина велешки бранители кои го положија својот живот во територијалниот суверенитет и интегритет на Република Македонија.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Резервист што убил другар на стража ќе оди во затвор или во душевна болница?“. Дневник. 2002-10-10.
- ↑ „Медал за храброст за сите загинати припадници на вооружените сили на Република Македонија“. MKD.mk. 17 август 2012. Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-03-11.
- ↑ „Организацијата на резервни офицери одбележа 15 години од воениот конфликт во 2001 година“. MKD.mk. 27 април 2016.