Споменик на Бранителите (Скопје)

споменик во Скопје посветен на бранителите на Македонија во конфликтот од 2001 г.

Споменик на Бранителите — споменик во Скопје, посветен на загинатите припадници на Вооружените сили на Македонија во војната од 2001 година, кој свечено се открил на 23 октомври 2011 година.[1]

Споменик на Бранителите
Во лето
Во зима

Споменикот на Бранителите е изграден со одлука на општина Центар, а е идејното решение е на скулптурот Киро Мукаедов. Споменикот на Бранителите се наоѓа во Жена-парк пред Градскиот трговски центар и Собранието на Македонија, до Триумфалната капија.

На бронзената плоча на Споменикот испишани се имињата на сите убиени припадници на Вооружените сили на Македонија во војната 2001 година.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Откриен Споменикот на загинатите бранители на Македонија во 2001 година“. Дневник. 23 октомври 2011. Архивирано од изворникот на 2011-10-24. Посетено на 2012-02-08.