Амхерст (колеџ)

колеџ во Масачусетс, САД
(Пренасочено од Амхерст Колеџ)

Амхерст Колеџ (јас/ˈæмərst//ˈæmərst/ AM-ərst) е приватен хуманитарнонаучен колеџ којшто се наоѓа во Амхерст, Масачусетс, САД. Амхертскиот Колеџ е трета најстара високообразовна установа во Масачусетс.[3]  Факултетот има исто име со гратчето каде што е сместен, којшто пак го носи името на Лордот Јеф Амхерст. Првично Амхерсткиот Колеџ бил само за машки, сè до 1975. Амхерст е дел од лигата на колеџи попозната како Малата Бршленова Лига.

Амхертски Колеџ
Податотека:Amherst College Seal.svg
Гесло„Terras Irradient“ (Латински)
На македонски
Да ги осветлиме земјите
ВидПриватен
хуманитарнонаучен колеџ
Основан1821
Верска припадност
Нема верски афилијации
Доделени средства
$2.032 билиони (2016)
ПретседателКаролин Мартин
Додипломци1,795 (Есен 2015)[1]
МестоАмхерст, Масачусетс, САД
БоиЉиљакова и бела[2]
         
СпортовиNCAA Division IIINESCAC
amherst.edu
Џонсон Параклисот - сег. Џонсон Сала
Двориштето на Бруцоши

Амхерст е исклучиво додипломска образовна установа каде што студирале 1,795 студентите во есента 2015.[4] Студентите можат да изберат предмети од 38-те сосредоточени програми на знање при отворен курикулум.[5] Тоа значи дека студентите не мора да исполнат барања за дистрибуција на области, и да учат т.н. суштински предмети, до таа степен што тие дури и можат да создадат свои интердисциплинарни звања.[6]  Бруцошите може да запишат напредни предмети, а тие што завршуваат да земат воведни предмети.  

Амхерст ги охрабрува сите посветени и заангажирани средношколци да аплицираат, небитно од нивната финансиска состојба, нудејќи дарежлива материјална поддршка. Во апликацијата не се зема в'обѕир можноста на студентот и неговото семејство финански да си допушти едно такво образование, туку пред сè неговата подготвеност, академски и сеопфатно, за ригорозниот образовен процес. Амхерст е еден од малкуте Американски високообразовни установи кои не ја земаат в'обѕир финанската позадина на студентот за домашни но и замеѓунардони студенти исто така, и нудат целосна покриеност на трошоците за студирање[7]. Заради тоа, таму се запишани некои од најдобрите ученици од САД, но и од светот. Студентите на Амхерст се одликуваат со академска екселенција, посветеност кон екстракурикуларните активности, како и дух за позитивни промени.  

За класот од 2020, Амхерст примил 8,397 апликации, прифатил 1,149, или 13.7% стапка на прифатеност.[8] За меѓународните студенти, стапката на прифатеност е околу 5% за класот од 2020.  

Амхерст е рангиран како втор најдобар хуманитарнонаучен колеџ во земјата од страна на U.S. News & World Report,[9] и 12 од сите американски колеџи и универзитети според Forbes[10] во нивната едиција од 2016г.  

Галeрија

уреди

Алумни

уреди

Иако споредбено мал факултето, Амхерст има доста познати и обзнаени студенти кои студирале таму, вклучувајќи лореати на Нобеловата награда, Крафорд Наградата и Ласкер Наградата. Тука спаѓаат и лауреатите на МекАртур Стипендистите, победниците на Пулциеровата Награда, Националениот Медал за Наука и Националната Награда за Книга. Постојат и студенти кои се здобиле со награди од Филската Академија на САД, и Тони, Греми и Еми Наградите. Во Амхерст се школувале и Претседатели на САД, сегашниот Принц на Монако, два премиера и еден Министер за Надворешни Работи на Грција, четвртиот Претседател на Кенија, еден судија во Врховниот Суд [ ]во САД, тројца претавници во Домот на Претставници, еден американски Поетски Лореат, и пронаоѓачот на банкта за крв; тука спаѓаат и голем број на водачи во областа на науката, религијата, политиката, Мировниот Корпус на САД, медицината, правото, образованието, комуникациите, и на бизнисот, и признати глумци, архитекти, уметници, астронаути, инженери, активистите за човекови права, пронаоѓачи, музичари, филантрописти и писатели.

Список на попознати алумни

уреди

Студенти

уреди

Попознати професори

уреди
  • Роберт Фрост (1874-1963), американски поет
  • Вилиам Таубман, добитник на Пулциеровата Награда во 2004
  • Жан-Шарл Дармон, критичар, француска книжевност
 
Салата Фајерведер
 
Бибилиотека Фрост, која го носи името по Роберт Фрост, поет и поранешен професор на факултетот

Наводи

уреди
  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име CommonDataSet.
  2. „Suppliers and Other Useful Contacts - Amherst College“. Amherst College. Архивирано од изворникот на 2015-01-11. Посетено на 26 September 2014.
  3. „Oldest Colleges in Massachusetts“. College Prowler. Архивирано од изворникот на 2012-06-22. Посетено на June 22, 2012.
  4. „Carnegie Classifications - Amherst College“. Carnegie Foundation for the Advancement of Teaching. Посетено на July 24, 2010.
  5. „Areas of Study“. Amherst College. Посетено на August 8, 2010.
  6. "Areas of Study", amherst.edu.
  7. https://en.wikipedia.org/wiki/Need-blind_admission#U.S._institutions_that_are_need-blind_and_meet_full_demonstrated_need_for_both_U.S._and_international_students
  8. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-04-11. Посетено на 2021-08-10.
  9. „National Liberal Arts Colleges Rankings“. U.S. News & World Report. Посетено на January 9, 2016.
  10. „America's Top Colleges“. Forbes. July 5, 2016.
 
Кирби Меморијаниот Театар