Јасен
Јасен | |
---|---|
Бел (обичен) јасен (Fraxinus excelsior) | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Астериди |
Ред: | Усноцветовидни |
Семејство: | Маслинки |
Род: | Јасен L.[1] |
Видови | |
во текстот. |
Јасен (науч. Fraxinus) — род на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae). Опфаќа 45-65 вида на средни до големи дрва кои се претежно листопадни, со неколку суптропски зимзелени видови. Листовите се спротивно поставени и непарно перести, но и прости кај неколку вида. Семето се содржи во плодови кои се крилести оревчиња.
Во Република Македонија, како автохтони се застапени белиот или обичен јасен (F. excelsior), полскиот јасен (F. angustifolia) и црниот јасен (F. ornus).[2]
Некои видови
уреди- западен Палеарктик (Европа, северна Африка и југозападна Азија)
- Fraxinus angustifolia Vahl – полски јасен, теснолисен јасен
- Fraxinus angustifolia subsp. oxycarpa – кавкаски јасен
- Fraxinus dimorpha
- Fraxinus excelsior L. – бел јасен, обичен јасен, горски јасен
- Fraxinus holotricha Koehne
- Fraxinus ornus L. – црн јасен
- Fraxinus syriaca
- Fraxinus pallisiae Wilmott – Палисов јасен
- источен Палеарктик (средна и источна Азија)
- Fraxinus apertisquamifera
- Fraxinus baroniana
- Fraxinus bungeana DC. – Бунгеов јасен
- Fraxinus chinensis Roxb. – кинески јасен
- Fraxinus chiisanensis
- Fraxinus floribunda Wall. – хималајски јасен
- Fraxinus griffithiiC.B.Clarke – Грифитов јасен
- Fraxinus hubeiensis Ch'u & Shang & Su – хубејски јасен
- Fraxinus japonica – јапонски јасен
- Fraxinus lanuginosa
- Fraxinus longicuspis
- Fraxinus malacophylla
- Fraxinus mandschurica Rupr. – манџурски јасен
- Fraxinus mariesii – Мариин јасен
- Fraxinus micrantha Lingelsh.
- Fraxinus paxiana Lingelsh.
- Fraxinus platypoda
- Fraxinus raibocarpa Regel
- Fraxinus sieboldiana Blume – јапонски цветен јасен
- Fraxinus sogdiana Bge
- Fraxinus spaethiana Lingelsh. – Спетов јасен
- Fraxinus trifoliata
- Fraxinus xanthoxyloides (G.Don) Wall. ex DC. – авганистански јасен[3][4]
- западна и југозападна Северна Америка
- Fraxinus anomala Torr. ex S.Watson – еднолисен јасен
- Fraxinus berlandieriana DC. – мексикански јасен
- Fraxinus cuspidata Torr. – мирислив јасен
- Fraxinus dipetala Hook. & Arn. – калифорниски јасен
- Fraxinus dubia
- Fraxinus gooddingii – Годингов јасен
- Fraxinus greggii A.Gray – Грегов јасен
- Fraxinus latifolia Benth. – орегонски јасен
- Fraxinus lowellii – Ловелов јасен
- Fraxinus papillosa Lingelsh. – чивавански јасен
- Fraxinus purpusii
- Fraxinus rufescens
- Fraxinus texensis (A.Gray) Sarg. – тексашки јасен
- Fraxinus uhdei (Wenz.) Lingelsh. – шамелски јасен
- Fraxinus velutina Torr. – кадифен јасен
- источна Северна Америка
- Fraxinus americana L. – американски јасен
- Fraxinus caroliniana Mill. – каролински јасен
- Fraxinus nigra Marshall – црн американски јасен
- Fraxinus pennsylvanica Marshall зелен јасен
- Fraxinus profunda (Bush) Bush – јасен тиквар
- Fraxinus quadrangulata Michx. – син јасен
Екологија
уредиЈасеновите лисја се храна за гасеницитее на некои видови пеперуги и молци.
Употреба
уредиЈасеновото дрво е тврдо и густо (над 710 кг/м3 кај обичниот јасен[5] и 670 кг/м3 (±20%) кај американскиот[6]), со значајна жилавост и голема цврстина, но сепак свитливо. Поради тоа се користи за изработка на лакови, рачки на алат, безбол-палки и други видови прачки што бараат голема сила и издржливост.
Честопати јасеновото дрво се користи за изработка на електрични гитари, тапани и куќна столарија, и се добива фурнир за канцелариски мебел. Од него не се изработуваат предмети што стојат на отворено бидејќи срцевината не издржува контакт со земја,[5] и гние во рок од пет години.
Во столарството, јасеновото дрво се смета за мошне погодно поради пријатниот конечен изглед, лесна обработка со струк и згодно за шајки, завртки и лепила.[6] Во минатото, каросеристите правеле трупови за кочии и автомобили, кои биле предвидени да се свиткуваат за амортизација. Од истата причина, јасенот бил многу важен за изработка на авиони во раните години на воздухопловството.
Јасенот е мошне ценет и како огревно дрво, ќумур и како дрвен материјал за чадење. Од внатрешната кора на синиот јасен (F. quadrangulata) порано се добивала сина боја.
Наречено по дрвото
уреди„Јасен“ на Ризницата ? |
„Јасен“ на Викивидовите ? |
- Јасен (резерват) — природен резерват именуван по дрвото
- Јасеново - село во Велешко
- Јасеновац — село во Хрватска, место на познатиот логор
- „Селото зад седумте јасени“ (1952) — роман од Славко Јаневски
Наводи
уреди- ↑ „Јасен (Fraxinus L.)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. 3 април 2006. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
- ↑ Јасен“, „Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 636.
- ↑ „Записи за видови од родот Јасен (Fraxinus)“. GRIN. Министерство за земјоделство на САД. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
- ↑ „Јасен (Fraxinus L.)“. Извештаи на ITIS. Обединет таксономски информативен систем. Посетено на 22 февруари 2010. (англиски)
- ↑ 5,0 5,1 „Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.
- ↑ 6,0 6,1 „White Ash“. Niche Timbers. Посетено на 22 февруари 2010.