Молец

(Пренасочено од Молци)
Молец
Вид на австралиски молец, Opodiphthera eucalypti
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Членконоги
Класа: Инсекти
Ред: Пеперуги

Молецот е инсект сроден со пеперутката, од истиот биолошки ред на опнокрилци (lepidoptera). Разликите меѓу молците и пеперугите се во обликот и составот на антените, поврзувањето на крилата за телото, изгледот на куклата, боите на крилата, но најзначајни особини по кои ги разликуваме се:

  • Времето на активност - молците се главно активни ноќе, и
  • Структурата на телото - молците имаат поздепасто и влакнесто тело и здебелени крилца.

Економски штети од молецот

уреди
 
Ларвите на домашниот молец (Tineola bisselliella) јадат волна.

Молците, односно нивните гасеници се големи земјоделски штетници во многу делови од светот. Гасениците на губарот (Lymantria dispar) предизвикуваат големи штети на шумите во северниот дел на САД.

Во Македонија најчести штетници од семејството молци се:

Тие главно ги напаѓаат шумите, и зависно од климатските услови, можат да се рашират и на површини од десетици илјади хектари.[1] ЈП Македонски шуми е задолжено за следење на штетниците и за дезинсекција.

Молците се обично поотпорни на пестицидите од комарците и мувите.

Иако се обвинети дека јадат облека, најголемиот дел од возрасните молци воопшто не јадат. Дури, некои видови немаат ни уста. Кога јадат, молците обично се хранат со нектар. Само ларвите од еден вид молци (Tineola bisselliella) јадат волна.

Молецот како домашно животно

уреди

Некои молци се одгледуваат, најпознати од овие се свилените буби (Bombyx mori). Тие се одгледуваат заради свилата од која ја формираат куклата (чаурата). Индустријата на свила произведува вкупно околу 130 милиони килограми сирова свила, вредна околу 250 милиони УСД годишно.[2]

Постојат и други молци од кои се добива свилата, на пример неколку видови на Saturniidae, потоа Antheraea pernyi и јапонскиот свилен молец (Antheraea yamamai).

Природни непријатели

уреди

Ноќните инсектојади често се хранат со молци: некои видови на лилјаци, бувови и птици. Исто така, и некои видови на гуштери, мачки, кучиња, глодачи па дури и мечки е забележано дека јадат молци. Ларвите на молците се исто така жрва на овие грабливци, како и на паразити од родот (ichneumonidae).

Молецот како тема во популарната култура

уреди
  • „Кога мама беше молец“ (When Mama Was a Moth) - песна на шкотската рок-група „Кокто Твинс“ (Cocteau Twins) од 1983 година.[3]

Наводи

уреди
  1. „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство: Информација за здравствената состојба на Шумите во РМ во 2006. година“. Архивирано од изворникот на 2008-11-16. Посетено на 2008-09-08.
  2. „Silk Worm Farming (англ.)“. Архивирано од изворникот на 2008-06-19. Посетено на 2008-09-08.
  3. Discogs, Cocteau Twins ‎– Head Over Heels (пристапено на 9.5.2020)