Лак[1][2] — вид ловечко или воено оружје што исфрла стрели користејќи ја својата еластичност. Се користи за лов и спорт, а низ историјата се користел и за војување.

Реконструкција на изгледот на хунски лак
Современ лак рикрв

Вештината на користење на лак се нарекува стрелаштво. Покрај праќката, лакот е едно од првите оружја наменети за употреба на далечина.

Многу различни дизајни на лакови може да се најдат во различни култури и низ различни периоди. Обичните лакови се направени од цврсто дрво (англиски долг лак), дрво плочесто дрво (јапонски и сијамски) и композитни лакови (Блискиот Исток, Индија и Монголија).

Историја

уреди

Се смета дека лакот настанал во доцниот палеолит и раното камено време. Во Европа, се појавил на територијата на денешна Германија и датира од доцниот палеолитски период на хамбуршка култура (9000-8000 пр.н.е.). Стрелите се правеле од борово дрво, биле долги 15-20 см и со камен врв.

Првата употреба на лакови за воени цели е опишана во индиските епови.

Историја на изработка

уреди

Најстарите лакови, кои сега се познати, се пронајдени во мочуриштата на југот на островот Зеланд во Данска. Таму во 1940-тите биле пронајдени два лака. Изработени се од брестово дрво, ракофатот е рамен и имаат облик на латинската буква d (), а се долги 1,5 m. Ваквите лакови се користеле до бронзеното време.

Американските Индијанци користеле прави лакови направени од американски орев .

Развој

уреди

Воениот лак стана главно оружје на античките армии на Египет и Сирија, кои исфрлале стрели од воени кочии, што било многу ефикасно во битките. Римјаните и Грците не нашле соодветно да го користат ова оружје, но развиле различни борбени тактики и засилен оклоп што ја намалувал ефикасноста на стрелите. Таа превласт траела до доаѓањето на сцената на народите од Источна Азија, кои имале стрелци на коњи и многу подобри композитни лакови, по што станале доминантни народи во тоа време.

Во Англија, долгиот лак се појавил во средниот век, кој, со својот подолг дострел и поголема продорна моќ, бил со висок квалитет. Меѓутоа, биле потребни многу години обука за добро да се ракува со овој лак.

Подоцна, беше развиен посебен вид лак наречен самострел. Негов недостаток бил што имал многу бавно полнење, додека негови предности биле полесното ракување и фактот што по само неколку недели обука, војникот-стрелец бил целосно подготвен за борба. Исто така, имал поголема продорна моќ од кој било лак од тоа време, што било многу важно во тоа време.

Воениот лак почнува полека да исчезнува од воената сцена со појавата на барутот и мускетите.

Најпознати корисници на воен лак секако се Робин Худ и Вилијам Тел.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди