Парилско Седло

планински превој во Пиринска Македонија

Парилско Седло (бугарски: Парилска седловина) — планинско седло и превој во Пиринска Македонија, меѓу планините Славјанка (Алиботуш) на југ и Пирин на север. Сместен е на териториите на Општина Хаџидимово и Општина Свети Врач. На мало растојание на југ се протега границата со Драмско во Егејска Македонија.

Парилско Седло
Парилска седловина
Поглед на превојот
Надм. вис.1.174 м
ПатIII-1906
МестоОпштина Хаџидимово и Општина Свети Врач, Пиринска Македонија
Венецпомеѓу Пирин и Славјанка
Координати41°25′34″N 23°39′00″E / 41.4261° СГШ; 23.65° ИГД / 41.4261; 23.65
Парилско С. is located in Пиринска Македонија
Парилско С.
Парилско С.
Местоположба на Парилското Седло во Пиринска Македонија

Превојот е долг 10,6 км и се наоѓа на надморска висина од 1.174 м. Го поврзува јужниот дел на Неврокопската Котлина на исток со југоисточниот дел на Петричко-светиврачката Котлина на запад. Започнува од западниот крај на селото Парил на 817 м.н.в. и се насочуба кон југозапад, нагоре по долината на реката Чоковица (десна притока на Буровица). По 4,6 км стасува до седлото на 1.174 м.н.в. и почнува да се спушта на запад по долината на река Черешар (Голешовска Река). По 7 км завршува во североисточниот крај на селото Голешово на 756 м.н.в.

Седлото е кратко, широко и длабоко, со благи оградни падини. Има ерозивно потекло. Геолошката основа е сочинета претежно од гранити. Почвата е кафеава шумска. Обрасната е со букови шуми. Од неа на север, по билото на Јужен Пирин започнува туристичката патека која обележана со црвено и претставува дел од меѓународниот пешачки правец Е4. Јужно од неа, во планината Славјанка се наоѓа резерватот „Али Ботуш“.[1] На десетина минути источно ос седлото е планинарскиот дом „Славјанка“ — важно поаѓалиште за низа туристически патеки во околината.

Низ превојот и есдлото минува делница од 10,6 км на третокласниот Републички пат III-1906 (од 19. до 30,6. км) КопривленПарилКатунци. Патот по превојот е со доста лош каменлив пат и по него можат да одат само теренски возила. Зимно време не се одржува. Во времето на Отоманското Царство, патот бил главна комуникациска артерија, но денес има само локално значење.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Енциклопедия „Пирински край“, том II. Благоевград: Редакция „Енциклопедия“. 1999. стр. 99. ISBN 954-90006-2-1.

Надворешни врски

уреди