Јанис Рагузис (грчки: Γιάννης Ραγκούσης; р. 11 декември 1965 во Атина) — грчки економист и политичар, и поранешен Министер за инфраструктура, транспорт и врски од партијата на ПАСОК.

Јанис Рагузис
Γιάννης Ραγκούσης


Пратеник
Министер за инфраструктура, транспорт и врски
На должноста
17 јуни 2011 – 11 ноември 2011
Претседател Каролос Папуљас
Премиер Јоргос Папандреу
Претходник Димитрис Репас
Наследник Макис Воридис
Министер за внатрешни работи
На должноста
7 октомври 2009 – 17 јуни 2011
Претседател Каролос Папуљас
Премиер Јоргос Папандреу
Претходник Прокопис Павлопулос
Наследник Харис Кастанидис
Лични податоци
Роден(а) 11 декември 1965(1965-12-11)(58 г.)
Атина, Грција
Националност Грк
Партија ПАСОК
Сопружник Катерина
Деца 3
Живеалиште Парос, Грција
Установа Универзитет Аристотел
Универзитет Сасекс
Професија економист , политичар
Вероисповед Грчка Православна црква

Јанис Рагузис дипломирал на Одделот за финансиски студии на Аристотеловиот универзитет во Солун. Тој завршил студии со магистерска диплома во на Универзитетот во Сасекс, Велика Британија. Јанис Рагузис течно зборува англиски јазик.

Рагузис бил член на Ректорскиот совет, познат како FEAPTH. од 1986 година до 1989 година. Од 1991 до 1993 година бил секретар на младите сили на ПАСОК, како и член на Централниот Совет на Народна студентска унија на Грција (EFEE).

Јанис Рагузис бил член на Централниот комитет на Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК), од 1994 до 1996 година. Во 2003 година тој бил избран за градоначалник на Парос, Грција, на која функција се задржил до 2007 година.[1].

Тој првпат бил избран како член на Грчкиот парламент од страна на ПАСОК во 2007 година и 2009 година. Од 15 август 2007 тој станал портпарол на партијата.

По изборите од 7 октомври 2009 година, премиерот на Грција, Јоргос Папандреу го назначил Јанис за министер за внатрешни работи, функција што со која тој раководел до реконструкција на владата од 17 јуни 2011 година, кога бил назначен за министер за инфраструктура, транспорт и врски.

Наводи

уреди
  1. „Paros local government website“. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2011-06-18.