Јаворнички Водопад
Јаворнички Водопад (бугарски: Яворнишки водопад) — мал водопад на Јаворничка Река, десна притока на Струмица. Сместен е на 770 м.н.в. на планината Беласица[1] Лежи на 1,5 км јужно од село Јаворница во Петричко, Пиринска Македонија.[2]
Јаворнички Водопад | |
---|---|
Поглед на Јаворничкиот Водопад | |
Место | Беласица, Петричко, Пиринска Македонија |
Највисок слап | 6,5 м |
Река | Лешничка Река |
Од сретселото се оди до водопадот по обележана патека наречена „Пеперутките и цвеќињата на Беласица“ (Пеперудите и цветята на Беласица). По неа има четири информативни табли: „Животниот циклус кај пеперутките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица по отворените места“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во грмушките“, „Пеперутките и цвеќињата на Беласица во шумата“.[3] По излегувањето од селото се продолжува по козја патека. По крстопатот се продолжува напред и се пресекува поранешната ограда. Се продолжува по дрвено повче над реката и се оди напоредно на неа по каменлива патека. Малку пред тоа, меѓу чинарова шума се издига Јаворничкиот Водопад.[2][4][5]
Слики
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Николов, Иво (2013). „Фото пътеводител на българските водопади“. София: Бико Бългаария ЕООД. стр. 221. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Топалова-Жежиха, Латинка (2012). Туристически пътеводител на Беласица — България, Македония, Гърция. Българска фондация Биоразнообразие. стр. 101–102. ISBN 978-954-9959-57-4.
- ↑ изворно: „Жизненият цикъл при пеперудите“, „Пеперудите и цветята на Беласица по откритите места“, „Пеперудите и цветята на Беласица в храсталаците“, „Пеперудите и цветята на Беласица в гората“
- ↑ „Туристически маршрути“. Дирекция на природен парк „Беласица“. Архивирано од изворникот на 2015-04-14. Посетено на 7 април 2015.
- ↑ „Тематични маршрути“. Природен парк „Беласица“. Посетено на 7 април 2015.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Јаворнички Водопад на Ризницата ?
- Водопадите на Беласица (бугарски)
- Јаворнички Водопад — лесна прошетка низ убавата природа на Беласица (бугарски)