Ѓурѓулешт
Ѓурѓулешт молдавски: Giurgiulești) — село и општина во реонот Кахул, јужна Молдавија и граничен премин на молдавско-романската граница. Оддалечено е 10 км од градот Галац.
Ѓурѓулешт Giurgiulești | |
---|---|
општина и село | |
Пристаништето Ѓурѓулешт | |
Местоположба на Ѓурѓулешт во Молдавија | |
Координати: 45°29′N 28°12′E / 45.483° СГШ; 28.200° ИГД | |
Земја | Молдавија |
Реон | Кахул |
Население (2004) | |
• Вкупно | 3.074 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Географија
уредиМесноста е најјужната точка во Молдавија, на местото каде реката Прут се влева во Дунав, на границата со Романија и Украина. Општината се состои исклучиво од селото Ѓурѓулешт.
Стопанство
уредиЃурѓулешт е единственото молдавско пристаниште на Дунав. Во 2006 г. е изграден нафтено складиште.
На 25 км од Ѓурѓулешт се наоѓа и местото на идниот аеродром кој ќе ја опслужува Долнодунавската метрополитенска област.
Демографија
уредиСелото има население од 3.074 жители. Според пописот од 2004 г. Ѓурѓулешт има 2.995 жители, од кои 2.936 (98%) се Молдавци/Романци и 59 (2%) останати (15 Украинци, 15 Гагаузи, 10 Руси итн.).[1]
Во 1930 г. селото броело 1.944 жители, од кои 1.914 (98,5%) биле Романци, а 30 (1.5%) од други народности (4 Руси, 6 Гагаузи, 8 Бугари, 9 Роми, 2 Грци и 1 Унгарец). месноста Рени од реонот Исмаил.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Попис 2004 - Демографски, национални, јазични и културни особености — Национална статистичка служба на Молдавија
- "Giurgiuleşti, Republica Moldova" Архивирано на 10 март 2007 г. — Jurnalul Naţional, 14 октомври 2006
Надворешни врски
уреди„Ѓурѓулешт“ на Ризницата ? |