Административна поделба на Молдавија

(Пренасочено од Реони во Молдавија)

Молдавија е поделена на 37 административни единици,[1]од кои 32 се реони (молдавски: raioane и 5 се општини (municipii).

Карта на административните единици во Молдавија

Земјата има вкупно 982 месности (localități) со свои градоначалници и совети. Од нив, 5 се општини, 60 се градови и 917 се села со подрачна самоуправа. Останатите 699 села се премали за да имаат своја управа, па затоа административно влегуваат во состав на градовите (вкупно 40) или подрачните управи (вкупно 659). Молдавија има вкупно 1.681 населени места.

Реони

уреди
Реон молдавски Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Нас.
места
Нови Анени Anenii Noi Нови Анени 892 83.100 93,2 45
Бесарабјаска Basarabeasca Бесарабјаска 295 29.200 99,0 10
Бричени Briceni Бричени 814 75.300 92,5 39
Глодени Glodeni Глодени 754 61.900 82,1 35
Дондушени Donduşeni Дондушени 645 45.100 70,0 30
Дрокија Drochia Дрокија 1.000 90.100 90,1 40
Дубасари Dubăsari Дубасари 309 35.200 113,9 15
Единец Edineţ Единец 933 82.900 88,9 49
Јаловени Ialoveni Јаловени 783 99.100 126,5 34
Калараш Călăraşi Калараш 753 78.800 104,6 54
Кантемир Cantemir Кантемир 870 62.800 72,2 51
Каушени Căuşeni Каушени 1.163 92.300 79,3 48
Кахул Cahul Кахул 1.546 124.800 80,7 56
Кимишлија Cimişlia Чимишлија 923 61.700 66,8 39
Криулени Criuleni Криулени 688 73.100 106,2 43
Леова Leova Леова 775 53.800 69,4 39
Ниспорени Nisporeni Ниспорени 630 66.800 106,0 39
Окница Ocniţa Окница 597 56.100 94,0 33
Орхеј Orhei Орхеј 1.228 125.900 102,5 75
Резина Rezina Резина 621 52.600 84,7 41
Ришкани Rîşcani Ришкани 936 70.000 74,8 55
Синџереј Sîngerei Синџереј 1.033 93.400 90,4 70
Сорока Soroca Сорока 1.043 100.400 96,3 68
Страшени Străşeni Страшени 730 91.300 125,1 39
Теленешт Teleneşti Теленешт 849 74.200 87,4 54
Траклија Taraclia Траклија 674 44.200 65,6 26
Унгени Ungheni Унгени 1.083 117.400 108,4 74
Фалешт Făleşti Фалешт 1.073 92.600 86,3 76
Флорешт Floreşti Флорешт 1.108 90.000 81,2 74
Хинчешт Hînceşti Хинчешт 1.484 122.000 82,2 63
Шолданешт Şoldăneşti Шолданешт 598 43.300 72,4 33
Штефан Вода Ştefan-Vodă Штефан Вода 998 71.900 72,0 26

Општини

уреди
Општина Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Нас.
места
Белци Bălți Белци 78 148.900 1909,0 3
Бендер Bender Бендер 97 101.000 1041,2 2
Кишинев Chișinău Кишинев 635 789.500 1243,3 35

Автономни територии

уреди
Автономија Админ. центар Површина
(км²)
Население
(2011)
Густина
(жит/км²)
Нас.
места
Гагаузија Găgăuzia Комрат 1.832 160.700 87,7 35
Приднестровие Transnistria Тираспол 4.163 518.700 124,6 147

Белешки

уреди

Подрачја што не се под молдавска власт:

  • Приднестровие е правно дел од Молдавија, но во практика е под управа на отцепената приднестровска влада. Исклучок се градот Дубасари и шест општини кои се наоѓаат на подрачјето на Приднестровие (т.е. од таа страна на реката Днестар), но се под управа на Молдавија.
  • Бендер (самиот град и општината Протјагајловка), како и три општини од Каушенскиот реон се под фактичка власт на приднестровската влада.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди