Сашо Ордановски
Сашо Ордановски (р. 11 јули 1964 во Скопје) — македонски новинар и политички аналитичар. Завршил студии по новинарство на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Со новинарство почнал да се занимава во почетокот на 1980–тите, а првиот новинарски текст го објавил 1984 во „Млад борец“.[1] По згаснување на „Млад борец“ во раните 1990-ти, Ордановски преминал во неделникот „Пулс“. Во својата професионална кариера бил директор и главен уредник на МТВ (1994–1996),[2] главен уредник на списанието „Форум“ (1997–2007),[3] како и директор на телевизијата Алсат М (2008–2011).[4] Одредено време бил и претседател на невладината организација „Транспарентност Македонија".[5] Има направено интервјуа со повеќе светски политичари, меѓу кои и американскиот претседател Бил Клинтон. Бил еден од продуцентите на холивудскиот филм „Миротворец“ од 1997 со Џорџ Клуни и Никол Кидман во главните улоги. Од 2018 до 2019 година работел во 1ТВ како водител и уредник. Во период (2019-2022) бил главен и одговорен уредник на емисијата "Утрински брифинг" и Слободен печат. Од 2023 година, заедно со својот колега новинарот "Борјан Јовановски" се уредници на емисијата "Политиканти".мк која се емитува на "Слободна ТВ".
Сашо Ордановски | |
---|---|
Роден(а) | 11 јули 1964 Скопје, СР Македонија |
Националност | Македонец |
Државјанство | Македонија |
Занимање | Новинар, политички аналитичар |
Страница civilmedia.mk slobodenpecat.mk |
Наводи
уреди- ↑ „Трибина „Студентските медиуми"“. Култура. 26 март 2013. Посетено на 14 октомври 2013.
- ↑ Македонска енциклопедија (втор том), МАНУ, Скопје, 2009, стр. 1081
- ↑ „Сашо Ордановски нов директор на Транспарентност Македонија“. ИдиВиди. 14 септември 2006. Посетено на 14 октомври 2013.
- ↑ „Канал 5 остана без главен и одговорен уредник“. Кајгана. 3 јули 2008. Посетено на 14 октомври 2013.
- ↑ „Сашо Ордановски нов претседател на „Транспарентност Македонија"“. Утрински Весник. 16 октомври 2006. Посетено на 14 октомври 2013.