Форум (магазин)
Неделниот магазин Форум, во Република Македонија е бренд кој од 1997 година е препознатлив по својот квалитет и кредибилитет. Во 2007 година, Форум влегува во состав на групација Сеaвус и ја продолжува својата успешна приказна. Во ново руво, со нови сопственици и уредници, Форум се претставува како еден од водечките македонски политички магазини.
Вид | Приватна |
---|---|
Дејност | Списанија |
Основано | 1997 |
Седиште | Скопје, Македонија |
Клучни личности | Бојан Неделковски, Директор |
Производи | Вести |
Мреж. место | www.forum.com.mk |
Влијанието на магазинот се мери не само според завидниот тираж, туку и според одгласите кои секојдневно доаѓаат во Редакцијата и наоѓаат свое место во секое ново издание на Форум.
Форум е поделен на автономни, а сепак обединети целини. Почнувајќи со политичката карикатура, како единствен, во Македонија, графички коментар, сосема ослободен од меѓите на зборот. Просторот посветен на политиката доминира, но сепак е во хармонија се делот осмислен како култура и живот. Помеѓу е рубриката свет со сите свои турбуленции видена од дописниците во Москва и Вашингтон, соседството, од нашите растрчани соработници. Но, тука е и она најважното - парите, бизнисот, економијата.
Форум е повеќе од хроника, многу повеќе од дневен записничар. Форум во чекор со светските трендови додава уште два нови медиума, порталот www.forum.com.mk и месечникот на англиски јазик Free Time Guide Macedonia.
Порталот www.forum.com.mk со својата свежина, продорност и оригиналност е постојано во нагорна линија на посетеноста. Порталот го нуди истиот квалитет на содржините како и магазинот, ги следи светските стандарди и најновите трендови.
Free Time Guide Macedonia е месечен магазин на англиски јазик, посветен на богатството на Македонија, нејзините убавини, обичаи и луѓето. Неговата главна цел е да ги претстави убавините на Македонија и да ја пренесе ведрината на нејзината душа, но и да понуди нешто ново и несекојдневно на секој странец во Република Македонија.