Ѓорѓи Мраков
Ѓорѓи Мраков (Пателе, Леринско, Егејска Македонија, 13 јули 1938 — Мелбурн, Австралија, 10 февруари 2017) — долгогодишен македонски активист во Австралија и носител на највисокото семакедонско признание почесната титула Македонски сенатор.[1]
Ѓорѓи Мраков | ||
Роден | 13 јули 1938 Пателе, Леринско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 10 февруари 2017 Мелбурн, Австралија | |
Занимање | активист |
Животопис
уредиМраков е роден на 13 јули 1938 година во село Пателе, [леринско], во Егејскиот дел на Македонија. Тој бил еден од петте деца, Иљо, Ѓорѓи, Ники, Вангелица и Менка, во семејството на Ѓена и Спасе Мракови. По прогонот од Егејскиот дел на Македонија во 1949 година, за време на Граѓанската војан во Грција, со мајка му и двете сестри заминале во Сомбор во селото Крушево и Ѓаково. По три месеци престој се вратиле во селото Браилово, па во Буф и во Бело Поле, Прилепско. Татко му пребегал во Ниш, а мајка му Ѓена и двете сестри Вангелица и Менка останале со него. Брат му Иљо и сестра му Ники биле партизани, учесници во ДАГ, се бореле против грчките монархофашисти, во таа војна и загинале. Се вратил во Д’мбени, но како 18 годишно момче, 1956/1958 година грчките власти го ставиле во затвор, бил под истрага и набљудување. Кога го пуштиле повторно дошол во Битола и тука останал. Основно и средно образование завршил во Битола. Во Битола биле закопани и неговите родители. Во 1963 година во Битола се оженил со Софија и таму му се родила ќерката Цвета. Заминале во Мелбурн, Австралија во 1964 година, каде му се родил и синот Јани. Во Мелбурн работел во повеќе металски работилници, отворил и свој авто-сервис. Од доаѓањето во Австралија започнал со активна работа во македонските организации. Бил член во организацијата Демократско Ослободување на Македонија (ДОМ) од 1969 година, а подоцна во Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ). Бил член на МПЦО „Свети Ѓорѓи“ во Епинг, како и во Егејскиот совет, а од 1994 година бил и член во Светскиот Македонски Конгрес. Светскиот Македонски Конгрес во 2016 година му го доделил највисокото семакедонско признание, почесната титула Македонски сенатор за живот и дело во македонските работи и Македонската заедница во Австралија. Починал во Мелбурн на 10 февруари 2017 година, а почива во македонските православни гробиштата во Витлси (Whittlesea).