WR 147ѕвезден систем во соѕвездието Лебед. Неговото растојание е околу 2.100 ± 200 светлосни години (630 ± 70 парсеци ) од Земјата. Ова ја става ѕвездата пред здружението OB познатo како Лебед OB2.[3] Системот е екстремно зацрвенет од меѓуѕвезденото згаснување - односно, прашината пред ѕвездата го расејува поголемиот дел од сината светлина што доаѓа од WR 147, што прави ѕвездата да биде црвена.

WR 147
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Лебед
Ректасцензија 20ч 36м &1000000000004363600000043,636с[1]
Деклинација +40° 21′ &1000000000000076900000007,69″[1]
Прив. величина (V) 13,86 + 16,02[2]
Особености
WR
Развојна фаза Волф-Рајеова ѕвезда
Спектрален тип WN8h[1]
B−V Боен показател +4,06
OB
Спектрален тип B0.5V[1]
B−V Боен показател +4,09
Астрометрија
Оддалеченост2.100 ± 200 сг
(630 ± 70[3] пс)
Апсолутна величина (MV)−7,22[4]
Податоци
WR 147S (WR)
Маса51[4] M
Полупречник29,8[4] R
Сјајност2.000.000[4] L
Температура39.800[4] K
WR 147N (OB)
Полупречник9,18 R
Сјајност50.000[5] L
Температура28.500[5] K
Други ознаки
IRAS 20349+4010, 1E 2034+40.1, 2E 4394, 2MASS J20364364+4021075
Наводи во бази
SIMBAD— WR 147
— WR 147N

Растојание

уреди

Растојанието до WR 147 со пресметки е утврдено дека изнесува 630 парсеци (pc) врз основа на инфрацрвена фотометрија. Згаснувањето во визуелниот опсег е пресметано и изнесува 11,5 величини и апсолутната ѕвездена величина се претпоставува дека е − 6.7.[3] Ова прави WR 147 да биде една од најблиските познати Волф-Рајеови ѕвезди, и покрај неговата слаба привидна величина.[2][4]

Подоцнежните пресметки со употреба на оптичка и ултравиолетова фотометрија дадоа малку пониска вредност за згаснувањето. Во комбинација со претпоставка за посјајна апсолутна величина, се добива модул за растојание од 10,6 што одговара на растојание од околу 1.200 парсеци. И покрај ова овој систем е сè уште еден од најблиските Волф-Рајеови системи до Сонцето.[4]

Систем

уреди

WR 147 се состои од две многу масивни ѕвезди, Волф-Рајеова, означена како WR 147S, и друга ѕвезда придружник, назначена како WR 147N, која е ѕвезда од главната низа од спектрален тип B (постои можност да биде и џин од спектрален тип О).[6]

WR 147 е визуелно разделен на две составници во 1990-ите,[5] првично во радиобранови бранови должини.[3] Врз основа на аголното растојание од околу 643 ± 157 mas,[5] се добива (т.е. минимално) растојание меѓу ѕвездите од околу 403 ± 45 ае, што е околу тринаесет пати поголемо од растојанието помеѓу Нептун и Сонцето.[7] Местоположбата на придружникот разгледувана во блиско инфрацрвена светлина е на малку поголемо растојание од примарната ѕвезда отколку што првично покажувал радиоизворот со ознака WR 147N, и од оваа причина ја добива ознаката WR 147NIR.[8]

Волф-Рајеовата ѕвезда во системот (WR 147S) има сјајност од 2.000.000 L, што ја прави една од најсјајните познати ѕвезди. Придружната ѕвезда од спектрален тип B е значително помала сјајност од само 50.000 L.

Орбиталните елементи на орбитата WR 147 се слабо познати, бидејќи двете составници се одделени доволно далеку што не е откриено орбитално движење . Не е познато и наклонетоста на орбитата на WR 147 на нашата линија на видување: бројни студии имаат дадено вредности кои се движат од 30 ° до 60 °.[5] Ограничување на вредноста на наклонот е важно бидејќи вистинската поделба на ѕвездите зависи од вредноста.[5]

Судирен ветер

уреди

Ѕвездениот ветер од овие две ѕвезди се судира и притоа се испушта рендгенско зрачење и радиобранови. Волф-Рајеовата ѕвезда губи маса со стапка од 2,4x10-5 M/год a придружник губи маса со стапка од 4x10-7 M/год.[5] Плазмата создадена при судирот ветриштата може да достигне температура од 2,7 keV или 31 милиони келвини .[7]

И покрај името, судирниот ветерен ударен бран всушност се разгледува како безсудирен, тоа се јони во ветрот кој во поголем дел од времето не се судираат.[1]

Рендгенски зраци

уреди

Во 2010 година, оддавањето на рендгенските зраци од WR 147 било утврдено дека потекнува од два извори: едениоте при судирот на ветеровите од двете ѕвезди, а другиот директно од Волф-Рајеовата ѕвезда, но причините за ова зрачење остануваат непознати.[1] Се претпоставува дека станува збор за уште една масивна ѕвезда која е во орбита околу Волф-Рајеовата ѕвезда и доколку е така, таа би имала орбитален период од 15 до 20 дена, при што вкупната маса на системот ќе биде 20 M, што пак дава растојание од околу 0,33 ае.[9]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Zhekov, S. A.; Park, S. (2010). "Chandra Observations of WR 147 Reveal a Double X-ray Source". The Astrophysical Journal Letters. 709 (2): L119–L123. arXiv:0912.3554. Bibcode:2010ApJ...709L.119Z. doi:10.1088/2041-8205/709/2/L119.
  2. 2,0 2,1 Niemela, Virpi S.; Shara, Michael M.; Wallace, Debra J.; Zurek, David R.; Moffat, Anthony F. J. (1998). "Hubble Space Telescope Detection of Optical Companions of WR 86, WR 146, and WR 147: Wind Collision Model Confirmed". The Astronomical Journal. 115 (5): 2047. Bibcode:1998AJ....115.2047N. doi:10.1086/300320.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Churchwell, E.; Bieging, J. H.; van der Hucht, K. A.; Williams, P. M.; Spoelstra, T. A. Th.; Abbott, D. C. (1992). "The Wolf-Rayet system WR 147 - A binary radio source with thermal and nonthermal components". Astrophysical Journal, Part 1. 393 (1): 329–340. Bibcode:1992ApJ...393..329C. doi:10.1086/171508.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 4,5 4,6 Hamann, W.-R.; Gräfener, G.; Liermann, A. (2006). "The Galactic WN stars. Spectral analyses with line-blanketed model atmospheres versus stellar evolution models with and without rotation". Astronomy and Astrophysics. 457 (3): 1015–1031. arXiv:astro-ph/0608078. Bibcode:2006A&A...457.1015H. doi:10.1051/0004-6361:20065052.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Reimer, A.; Reimer, O. (2009). "Parameter Constraints for High-Energy Models of Colliding Winds of Massive Stars: The Case WR 147". The Astrophysical Journal. 694 (2): 1139–1146. arXiv:0901.1297. Bibcode:2009ApJ...694.1139R. doi:10.1088/0004-637X/694/2/1139.
  6. Zhekov, S. A. (2007). "Colliding stellar wind models with non-equilibrium ionization: X-rays from WR 147". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 382 (2): 886–894. arXiv:0709.1686. Bibcode:2007MNRAS.382..886Z. doi:10.1111/j.1365-2966.2007.12450.x.
  7. 7,0 7,1 Skinner, S. L.; Zhekov, S. A.; Güdel, M.; Schmutz, W. (2007). "XMM-Newton X-ray observations of the Wolf-Rayet binary system WR 147". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 378 (4): 1491–1498. arXiv:0704.3235. Bibcode:2007MNRAS.378.1491S. doi:10.1111/j.1365-2966.2007.11892.x.
  8. Williams, P. M.; Dougherty, S. M.; Davis, R. J.; Van Der Hucht, K. A.; Bode, M. F.; Setia Gunawan, D. Y. A. (1997). "Radio and infrared structure of the colliding-wind Wolf-Rayet system WR147". Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 289: 10. Bibcode:1997MNRAS.289...10W. CiteSeerX 10.1.1.23.1193. doi:10.1093/mnras/289.1.10.
  9. Zhekov, S. A.; Park, S. (2010). "Chandra HETG Observations of the Colliding Stellar Wind System WR 147". The Astrophysical Journal. 721 (1): 518–529. arXiv:1007.4352. Bibcode:2010ApJ...721..518Z. doi:10.1088/0004-637X/721/1/518.