Назнака за дигитални објекти

(Пренасочено од Digital object identifier)

Назнака за дигитални објекти (DOI, од англиски: digital object identifier) — низа од знаци што служат за единствено препознавање на електронски документи и други објекти. Метаподатоците за објектот се складираат во прилог на DOI-називот и местото (да речеме URL) кајшто може да се најде објектот. DOI на документот е постојано, додека местото и другите податоци можат да се менуваат. Упатувањето на еден документ преку DOI provides постабилна врска отколку преку URL-адреса, бидејќи ако се промени URL-адресата, објектот и понатаму е може да се пронајде, а издавачот само треба да го поднови тој податок.[1][2][3]

Лого на идентификатор на дигитален објект.

Меѓутоа, за разлика од URL-адресите, системот DOI не е отворен за секого. Право на негово користење имаат само организации кои ги задоволуваат договорните барања и сакаат да платат за да можат да доделуваат DOI-назнаки.[4] Системот DOI се применува преку сојуз од регистарски агенции чиишто активности ги усогласува Меѓународната задолжбина за DOI (International DOI Foundation),[5] која е творец на системот и раководи со него. Системот DOI наоѓа прназивна во низа издавачки активности од 2000 г. Наваму. До крајот на 2009 г. издадени се околу 43 милиони DOI-називи од страна на 4.000 организации.[6]

DOI-називи

уреди

DOI-називот има облик на низа од знаци поделена на два дела: претставка и наставка. Претставката го означува регистраторот на називот, а наставката ја бира самиот регистратор и го претставува поединечниот објект со тоа DOI. Во овие низи се допуштени речиси сите важечки уникодни знаци, кои се толкуваат подеднакво без оглед на тоа дали се внесени со мали или големи букви.

На прназивр, кај DOI-називот 10.1000/182 претставката гласи 10.1000, а наставката е 182. Делот „10.“ го означува регистарот,[7], а знаците 1000 во претставката го означуваат регистраторот. Во овој случај, регистратор е самата Меѓународна задолжбина за DOI, а наставката (назнака на објектот) е 182, со што се препознава поединечен објект (во случајов, прирачникот на DOI). Наводите што користат DOI-називи треба да се печатат со doi:10.1000/182. Ако наводот е хипертекстуална врска, се препорачува да се врската да се вметне како URL со конкатенација на „http://dx.doi.org/“ во DOI-називот, испуштајќи ја претставката „doi:“. На пр. DOI-називот doi:10.1000/182 се става во врска како http://dx.doi.org/10.1000/182. Оваа URL ја дава адресата на опслужувач со HTTP-застапник кој ќе го пренасочи мрежниот пристап кон исправното мрежно место на артиклот во врската.[4][8]

DOI-називита можат да означуваат творечки дела (текстови, слики, аудио и видео сниимки, програми) како во електронски, така и во физички облик, претстави и апстрактни дела[9] како дозволи, странки во исплата или достава при деловно работење итн. Објектите може да бидат опишани во различен степен на детализација: DOI-називита можат да означуваат списание, поединечен број на списанието, поединечна статија, или пак извесна табела во статијата. Изборот го прави доделувачот, но степенот мора да се наведе во метаподатоците на тоа DOI-назив, користејќи податочен речник од содржинскиот модел indecs.

Прназивна

уреди

Моментално системот DOI наоѓа најголема прназивна кај:

  • доследни наводи и академски материјали (стручни статии, книги итн.) преку CrossRef, a група од околу 3.000 издавачи;
  • научни податочни збирки преку DataCite, група водечки истражувачки библиотеки, добавувачи на технички информации, и центри за научни податоци;
  • Службените изданија на Европската Унија објавени преку Издавачката служба на ЕУ.

Во издавачката служба на Организацијата за економска соработка и развојSourceOECD“ секоја табела и графикон во издание на организацијата е прикажана со DOI-назив што води до Excel-податотека со податоци за табелата или графиконот. Се планира и понатамошен развој на ваквите можнсоти.[10]

DOI се има проширено и во неанглиските говорни подрачја – со Европската регистарска агенција mEDRA, и кинеската регистарска агенција Wanfang Data. Задолжбината планира понатамошно ширење и во други сектори.

Можности и предности

уреди

Системот DOI е предвиден на овозможи облик на доследно препознавање, каде секое DOI-назив означува еден единствен објект на недвосмислен и постојан начин. Покрај ова, системот здружува метаподатоци со објектите, давајќи им на корисниците релевантни информации за објектите и нивниот заемен однос. Како дел од метаподатоците се вклучени и мрежни дејства што им овозможуваат на DOI-називита упатување кон мрежни места кајшто се сместени објектите што ги опишуваат. Ова системот DOI го постигнува во соработка со системот Handle и содржинскиот модел indecs со друштвена инфраструктура.

Системот Handle води сметка DOI-називот на еден објект да не се заснова на какви било променливи атрибути на објектот како физичко место на чување и сопственост, атрибутите да се шифрирани во метаподатоците наместо во самото DOI-назив, и да нема два објекта со исто DOI-назив. Бидејќи DOI-називита се кратки низи од знаци, тие се читливи за корисниците, можат да се прекопираат во текст, и да влезат во одредбите на URI. Механизмот за упатување на DOI-називи работи позадински, така што корисниците можат да комуницираат со него како со секоја друга служба. Изработен е со отворени архитектури, incorporates trust mechanisms, и предвиден е да работи непоколебливо и флексибилно за да може да се прилагоди на потребите на новите прназивни на системот. Упатната функција на DOI-називот може да се користи со OpenURL за да се избере најсоодветното место на пристап до објектот, во зависност од тоа каде се наоѓа корисникот што побарува.[11] Меѓутоа, и покрај оваа способност, библиотекарите се незадоволни од системот бидејќи ги упатува корисниците на места што наплаќаат за документите, додека истите се нудат бесплатно на други места.[12] Содржинскиот модел indecs му служи на системот DOI за да здружува метаподатоци со објекти. Сите DOI-називи имаат мало заедничко јадро од метаподатоци на кое потоа му се додаваат други податоци, кои може да бидат јавни или со ограничен пристап. Регистраторите можат да ги менуваат податоците во DOI-називита во секое време со измена на информациите за некое издание или кога ќе се промени URL-адресата.

Меѓународната задолжбина за DOI (IDF) врши надзор и контрола на спроведувањето на овие технологии и работата на системот преку својата техничка и друштвена инфраструктура. Друштвената инфраструктура од здружени независни регистарски агенции што нудат DOI се темели на онаа кај постоечките успешни назнаки како GS1 и ISBN.

Поврзано

уреди
  • UUID („Универзално единствена назнака“)
  • Постојана врска (Permalink)
  • PURL („Доследен универзален ресурсен пронаоѓач“)

Белешки и наводи

уреди
  1. Witten, Ian H., David Bainbridge and David M. Nichols (2010). How to Build a Digital Library (2. изд.). Amsterdam; Boston: Morgan Kaufmann. стр. 352–253. ISBN 978-0-12-374857-7.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Langston, Marc; Tyler, James (2004). „Linking to journal articles in an online teaching environment: The persistent link, DOI, and OpenURL“. The Internet and Higher Education. 7 (1): 51–58. doi:10.1016/j.iheduc.2003 ноември 004 (неактивно 2024-12-01) Проверете ја вредноста |doi= (help).
  3. „How the 'Digital Object Identifier' works“. BusinessWeek. 23 јули 2001. Посетено на 20 април 2010. Под претпоставка дека издавачите совесно си ги одржуваат базите, овие централизирани наводи, за разлика од сегашните врски, никогаш нема да застарат или да се прекинат.
  4. 4,0 4,1 Davidson, Lloyd A.; Douglas, Kimberly (1998). „Digital Object Identifiers: Promise and problems for scholarly publishing“. Journal of Electronic Publishing. 4 (2). doi:10.3998/3336451.0004.203.
  5. „Welcome to the DOI System“. Doi.org. 28 јуни 2010. Посетено на 7 август 2010.
  6. „DOI System Factsheet“. Doi.org. 15 декември 2009. Посетено на 2 февруари 2010.
  7. Другите регистри се означуваат со други низи на почетокот од претставката. Се користат и DOI-називи што почнуваат со „100.“, како во следниов навод навод: Hammond, Joseph L., Jr.; Brown, James E.; Liu, Shyan-Shiang S. (мај 1975), Development of a Transmission Error Model and an Error Control Model, doi:100.2/ADA013939 (неактивно 2024-11-30) Проверете ја вредноста |doi= (help), Архивирано од изворникот на 2011-04-29, Посетено на 2011-03-03.
  8. Powell, Andy (јуни 1998). „Resolving DOI Based URNs Using Squid: An Experimental System at UKOLN“. D-Lib Magazine. doi:10.1045/june98-powell. ISSN 1082-9873.
  9. „Frequently asked questions about системот DOI: 2. What can be identified by a DOI-назив?“. International DOI Foundation. подновено на 17 февруари 2010. Посетено на 23 април 2010. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  10. „OECD Publishing White Paper“. doi:10.1787/603233448430. Отсутно или празно |url= (help); |access-date= бара |url= (help)
  11. DeRisi, Susanne; Kennison, Rebecca; Twyman, Nick (2003). „Editorial: The what and whys of DOIs“. PLOS Biology. 1 (2): e57. doi:10.1371/journal.pbio.0000057. PMC 261894. PMID 14624257.
  12. Franklin, Jack (2003). „Open access to scientific and technical information: the state of the art“. Во Grüttemeier, Herbert; Mahon, Barry (уред.). Open access to scientific and technical information: state of the art and future trends. IOS Press. стр. 74. ISBN 9781586033774.

Надворешни врски

уреди