The Scorpion (понекогаш именувана само како Scorpion) е третиот и последен сингл на Мегадет од албумот The System Has Failed. Песната била издадена во 2005 г.[2] а нејзин автор е фронтменот Дејв Мастејн. За разлика од претходните два објавени синглови, „Die Dead Enough“ и „Of Mice and Men“, оваа песна не била поткрепена со видео запис, па така не успеала да се рангира на табелите во САД.[3] За време на турнејата Blackmail the Universe, која почнала во октомври 2004 г. и траела две години, „The Scorpion“ била задолжителен дел од репертоарот на Мегадет. Оттогаш па наваму, оваа песна ниту еднаш не била изведена во живо.[4]

„The Scorpion“
Сингл од Мегадет
од албумот The System Has Failed
Издаден 2005 г.
Формат ЦД сингл, дигитално спуштање
Снимен 2004 г.
Жанр Хеви метал
Должина 4:00[1]
Издавачка куќа Сануктари
Композитор Дејв Мастејн
Продуцент Џеф Болдинг и Дејв Мастејн
Хронологија на синглови на Мегадет
Of Mice and Men
(2004)
The Scorpion
(2005)
Gears of War
(2006)

Заднина

уреди

Оваа песна беше избрана за трет сингл од албумот, но не беше снимен музички запис по тој повод. За дополнителна афирмација, беше изведувана за време на промотивната турнеја за албумот The System Has Failed. Со време, песната била испуштена од стандардната сет список на Мегадет, впрочем како и поголем дел од песните на тој албум. И покрај зачестеното присуство на концертите на групата, „The Scorpion“ била првата песна на Мегадет што не се рангирала на листата најдобри рок нумери во САД по повеќе од една деценија, по песната „Skin o' My Teeth“ од 1993 г. Ова беше прва од редот синглови на Мегадет што нема да се појават на таа табела, сè до песната „The Right to Go Insane“ од 2010.[5] Сепак, оваа нумера не била целосно игнорирана од бендот, бидејќи според песната бил крстен делот од мрежното место на Мегадет, во кој тие одговараат на прашања од обожавателите. Омотот од синглот бил ставен како позадина на тоа поле.[2][6]

Интерпретација на текстот

уреди

На едно прашање од нивни обожавател (кој мислел дека песната била напишана за кратките љубовни врски),[7] од бендот откриле дека песната била всушност заснована на една басна од Езоп, во која се говори за човековата склоност кон нанесување зло на блиските. Приказната за скорпијата и жабата била музички обработена во оваа композиција. Се смета дека басната за скорпијата и жабата потекнува од западноафриканските племиња, уште од античко време.[8]

Дејството во басната започнува со молба од скорпијата до жабата, во која скорпијата барала да биде пренесена до другата страна на реката. Жабата не сакала да ја исполни молбата, бидејќи се плашела да не добие отровен убод. Скорпијата ѝ одговорила дека ако ја убоде, тогаш и двете би се удавиле. Слушајќи го ова, жабата се согласила. Но, на средина од реката, скорпијата ја боцнала жабата, запечатувајќи ја нивната трагична судбина. Кога била запрашана зошто го сторила тоа, таа одговорила: „Јас сум скорпија. Таква ми е природата.“[9][10] Според еден друг раскажувач, последните зборови на скорпијата биле: „Подобро и јас да загинам отколку да дозволам непријателот да живее.“

Рефренот е најдобар пример за тоа како приказната е вплетена во песната: „Пред да ти се искачам на грбот, ќе ветам дека нема да те боцнам“ се однесува на делот кога скорпијата се качува на жабата и кажува дека нема да ѝ наштети.[11] Во стихот „Ќе ти го кажам она што сакаш да го слушнеш, но нема да се заколнам“ се искажани лагите на скорпијата, а во следниот стих „Ќе се однесувам како кон куче додека ти го вбризгувам отровот“ дознаваме дека скорпијата имала нечесни намери.[12] Крајот на рефренот е објаснувањето на скорпијата зошто ја убила жабата со зборовите „Се преправаше дека не знаеш оти сум скорпија“.

Список на песни

уреди
  1. „The Scorpion“ (радио верзија) – 3:59
  2. „The Scorpion“ (студиска верзија) – 6:00

Музички персонал

уреди

Наводи

уреди
  1. повеќе (2005). „The Scorpion“. eil.com. Посетено на 9 ноември 2010.
  2. 2,0 2,1 повеќе (2005). „The Scorpion“. rateyourmusic.com. Посетено на 9 ноември 2010.
  3. „Мегадет > Табели & награди > Билборд синглови“. Allmusic. Macrovision. Посетено на јануари 5, 2009.
  4. Blackmail the Universe (репертоар)“. Setlistfm.com. Посетено на 9 ноември 2010.
  5. Hot Mainstream Rock Tracks (16 септември 2010). „The Right to Go Insane charts at 34“. Посетено на 30 април 2010.
  6. The Scorpion (2010). „The Scorpion“. Архивирано од изворникот на 2012-12-28. Посетено на 9 ноември 2010.
  7. The Scorpion (16 јануари 2005). „What is The Scorpion about?“. Архивирано од изворникот на 2013-05-30. Посетено на 9 ноември 2010.
  8. „The Farmer and the Viper“. Hausa tales and traditions: an English translation of 'Tatsuniyoyi no Hausa'. стр. 416. Посетено на 1 август 2010.
  9. „The Scorpion and the Fox“. 2010. Посетено на 21 мај 2010.
  10. „better we should both perish“. 2010. Посетено на 21 мај 2010.
  11. „The Scorpion Lyrics“. Elyrics.net. 2004. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 9 ноември 2010.
  12. „The Scorpion Lyrics“. Oldielyrics.com. 2004. Посетено на 9 ноември 2010.

Надворешни врски

уреди

Поврзано

уреди