Крис Поланд
Крис Поланд (англиски: Chris Poland) е поранешен водечки гитарист на хеви метал бендот Мегадет. Кариерата ја започнал како џез инструменталист, но по препорака на Гар Семјуелсон се приклучил во Мегадет. Со групата ги снимил албумите Killing Is My Business... and Business Is Good! и Peace Sells... but Who's Buying?.[1]
Крис Поланд | |
---|---|
фотографија на Крис Поланд | |
Животописни податоци | |
Родено име | Кристофер Поланд |
Роден(а) | 1 декември 1957 Њујорк, САД |
Жанрови | треш метал, инструментален рок, џез, прогресивен метал |
Занимања | Музичар, композитор |
Инструменти | гитара, бас гитара |
Период на активност | 1983–денес |
Издавачи | Комбат, Енигма |
Соработници | Мегадет, The Circle Jerks, Damn the Machine, Mumbo's Brain, OHM, Dave Reffett |
Мреж. место | chrispoland.com |
По ова, тој бил набркан од страна на фронтменот Дејв Мастејн поради прекумерна употреба на наркотици и дрога. Како што тврди самиот Мастејн, Поланд продавал дел од опремата на бендот како би дошол до пари да купи повеќе опојни дроги. На следниот студиски албум So Far, So Good... So What! се наоѓа песната „Liar“ (во превод: лажго), во чиј текст се упатени низа навреди и погрдни зборови на адреса на Поланд.[2]
По повеќегодишната пауза, Поланд за кратко се враќа во Мегадет, само за потребите на албумот The System Has Failed. По неколкунеделните студиски сесии, Поланд се посветил на соло кариерата, и до ден денес има издадено неколку свои самостојни албуми.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Официјална страница Архивирано на 5 април 2012 г.
- 2006 Интервју со Крис Поланд - со Брајан Д. Холанд Архивирано на 22 август 2006 г.