Die Dead Enough
Die Dead Enough — промотивен сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed. Издаден бил во 2004 г. и е во целосно авторство на Дејв Мастејн.[2] Песната била напишана во Сан Диего, летото 2003 г. Die Dead Enough првично била наменета како музика за филмот Пила,[3] но не се најде во конечниот избор од неразјаснети причини.[4] Оваа песна е една од омилените на Дејв Мастејн од споменатиот албум.[5]
„Die Dead Enough“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот The System Has Failed | |||||
Издаден | август 2004 г.[1] | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 2004 г. | ||||
Жанр | Хеви метал | ||||
Должина | 4:18 | ||||
Издавачка куќа | Сануктари | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Џеф Болдинг и Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Првиот сингл од албумот The System Has Failed (2004) | |
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Видео запис
уредиНа спотот кој бил снимен за промоција на синглот, се појавил само Дејв Мастејн, бидејќи во тоа време тој бил единствениот член на бендот.[6] Крис Поланд, Џими Слоас и Вини Колајута биле само сесиски музичари. Оваа постава на бендот била само привремена, бидејќи Мастејн подоцна ги повикал Глен Дровер, Шон Дровер и Џејмс Мекдонаф, кои воедно активно биле вклучени во изработка на видео материјалот за следниот сингл „Of Mice and Men“. Спотот првпат бил прикажан на телевизија на 11 септември 2004 г. на музичкиот канал MTV.[7]
Список на песни
уреди- „Die Dead Enough“ — 4:18
Музички персонал
уреди- Дејв Мастејн — вокал, водечка гитара и солажи
- Крис Поланд — ритам гитара
- Џими Ли Слоас — бас гитара
- Вини Колајута — тапани
Пласман на табелите
уредиГодина | Табела | Позиција |
---|---|---|
2004 | Рок нумери (САД)[8] | 21 |
Наводи
уреди- ↑ „Die Dead Enough“ достапен за дигитално спуштање[мртва врска] Blabbermouth.net
- ↑ „Megadeth – 44 The System Has Failed“. Lastfm. Посетено на 9 ноември 2010.
- ↑ „Blabbermouth.net“. Roadrun.com. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 14 август 2011.
- ↑ „Blabbermouth.net“. Roadrunnerrecords.com. Архивирано од изворникот на 2008-09-21. Посетено на 14 август 2011.
- ↑ Интервју со Дејв Мастејн (2004)
- ↑ „Megadeth - Die Dead Enough“. YouTube. 27 април 2009. Посетено на 14 август 2011.
- ↑ „Die Dead Enough“ ќе биде прикажан на ТВ[мртва врска] Blabbermouth.net
- ↑ „Мегадет > Табели & награди > Билборд синглови“. Allmusic. Macrovision. Посетено на 5 јануари 2009.