Of Mice and Men
Of Mice and Men е вториот сингл на Мегадет од нивниот десетти студиски албум The System Has Failed.[1] Песната била издадена во дигитален формат кон крајот на 2004 г. Текстот и музиката се во комплетно авторство на Дејв Мастејн, кој за песната изјавил дека е негова автобиографска.[2]
„Of Mice and Men“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот The System Has Failed | |||||
Издаден | 2004 г. | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 2004 г. | ||||
Жанр | Хеви метал | ||||
Должина | 4:05 | ||||
Издавачка куќа | Сануктари | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Џеф Болдинг и Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
Заднина
уредиПесната била напишана во 2003 г. додека Мастејн се опоравувал од тешката повреда на раката. Имал намера да издаде соло албум, но поради неподмирените обврски кон тогашната негова издавачка куќа, се решил да објави студиски проект под името Мегадет.[3] За време на студиските снимања имал намера да ја обнови поставата на бендот од ерата на Rust in Peace, па така имал неколку телефонски разговори со дел од поранешните членови. Тогаш повторно искрснале старите меѓусебни недоразбирања, па така Мастејн заработил и судска тужба од страна на Дејвид Елефсон поради неправично користење на името Мегадет.
Марти Фридмен имал успешна музичка кариера во Јапонија, па не му се исплатело да се враќа во САД само за неколку студиски снимања.[4] Единствено Ник Менза прифатил да се врати во групата, додека Колајута и Слоас биле најмени само за потребите на албумот. Сесиите со Крис Поланд биле додатно направени.
Видео запис
уредиЗа разлика од спотот за песната „Die Dead Enough“, овој пат Мегадет се појавиле со оформена постава. На овој запис, бендот настапува во замрачени простории полни со метал обожаватели, што на некој начин го отсликува мрачното расположение на песната. Повремено се појавуваат кадри од животот на Мастејн, и тоа од различни периоди на неговата младост. Во нив зборува за неговите почетоци во хеви метал музиката и за сите непријатни искушенија кои ги доживеал низ годините.
Список на песни
уреди- „Of Mice and Men“ – 4:05
Музички персонал
уреди- Дејв Мастејн - вокал, водечка гитара и солажи
Музичари за време на студиските сесии
уредиМузичари од видео записот
уредиПласман на табелите
уредиГодина | Табела | Позиција |
---|---|---|
2004 | Рок нумери (САД)[5] | 39 |
Наводи
уреди- ↑ „Мегадет – The System Has Failed“. Lastfm. Посетено на 9 ноември 2011.
- ↑ Интервју со Мастејн по повод издавањето на повратничкиот албум на Мегадет Архивирано на 16 ноември 2011 г. rockpages.gr
- ↑ Интервју со Дејв Мастејн (2004)
- ↑ Позадината и околностите под кои бил издаден албумот The System Has Failed Архивирано на 16 ноември 2011 г. rockpages.gr
- ↑ „Мегадет > Табели & награди > Билборд синглови“. Allmusic. Macrovision. Посетено на 1 јануари 2009.