Малкучетинести црви

(Пренасочено од Oligochaeta)
  1. a0b0ff"
  1. a0b0ff"
Малкучетинести црви
Обичен дождовен црв (Lumbricus terrestris)
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Прстенести црви
Класа: Појасни црви
Поткласа: Малкучетинести црви
colspan=2 style="text-align: center; background-color:
  1. a0b0ff" | Редови

Haplotaxida
Lumbriculida
Moniligastrida

Малкучетинестите црви или олигохети (научOligochaeta) е втората најголема група на прстенести црви со околу 3.100 видови. Живеат во морски, слатководни и копнени живеалишта. Генерално, тие имаат позаоблен напречен пресек, поредуцирана глава и се помалку разновидни по форма отколку многучетинестите. Тие се хермафродити и поседуваат појасче (Clitellum) како возрасни единки, орган кој личи на појас од кожа обвиткан околу животното. Појасчето, по кое и целата класа каде спаѓаат малкучетинестите го добила своето име (класа појасни црви), има важна улога при половото размножување. Малкучетинестите можат да се размножуваат и бесполово со делба. Неколку видови се паразити, но повеќето се слободноживеачки. Еден вид, Cirrodrilus pierantoni, е без хети и поседува постериорна пијавка. Неговиот фаринкс има дорзални и вентрални хитински вилици. Тој е коменсалист на ракови.

Анатомија

уреди

Нервниот систем на малкучетинестите црви се состои од церебрална ганглија (т.н. мозок) која се наоѓа во простомиумот, поврзана за вентрално нервно стебло и подголточната ганглија со посебен сет од нерви наречени циркумфарингеални конективи. Вентралниот нерв е опколен со фиброзен слој. Нервното стебло се состои од два вида на нервни врвки - нормални нерви и џиновски нерви. Џиновските нерви се важни само кога животното треба да реагира брзо. Вентралното нервно стебло се протега долж телото на животното и се разгранува на секундарни нерви во секој сегмент. Кај поактивните форми, секој сегмент има своја мала ганглија, но кај поседентарните форми тие отсуствуваат.

Крвниот систем е од затворен тип, што значи дека се состои од крвни садови низ кои циркулира крв. Постојат два главни надолжни крвни садови - еден дорзален и еден вентрален. Овие садови имаат кружни мускули околу нив кои ритмично се контрахираат, така што и помагаат на крвта при движењето. Тие исто така содржат и клапи кои и овозможуваат на крвта да тече само во еден правец. Крвта тече од главата кон задниот дел во вентралниот сад и назад, од задниот дел кон главата во дорзалниот сад. Во секој сегмент има неколку странични садови кои се разгрануваат од главните садови. Во првите неколку сегменти тие се трансформирани во странични срца. Крвта на дождовните црви (и анелидите) содржат хемоглобин, што ја прави крвта црвена.

Гасна размена

уреди

Гасната размена најчесто се случува преку целата телесна површина. Повеќето водни малкучетинести немаат потреба од посебни респираторни органи поради тоа што се многу мали. Бидејќи гасната размена е далеку поголема во присуство на влага, копнените форми секретираат целомска течност од дорзалните пори, мукус од епидермалните мукусни жлезди, како и екскрети од метанефридиите.

Екскрецијата на метаболичките производи се остварува преку дејството на метанефридиите. Тие се долги извиткани цевчиња кои поседуваат многу цилии кои ја обложуваат нивната внатрешна површина. Кај Lumbricus тие се подолги и посложени отколку кај многучетинестите, и цевката е поделена на три различни делови, при што највнатрешниот дел е поширок отколку нормалните нефридии. Крвта и целомската течност влегуваат во метанефридиите, каде хранливите материи, водата и солите се отстрануваат низ нефридиопората. Повеќето телесни сегменти, со исклучок на првите три и последниот, имаат сопствен пар на метанефридии. Нефридиите служат и како органи за осморегулација. Кај видовите кои живеат во слатка вода или средини со различна соленост, нефридиите се подолги за да им помогнат при поголемиот осмотски потенцијал меѓу телесните течности и течноста од околината во која живеат.

 
Копулација на дождовни црви.

Малкучетинестите црви се хермафродити, со одделни тестиси и овариуми. Половите органи и цевчињата кои водат до и од нив се наоѓаат во предниот дел на животното, обично меѓу 7 и 15 сегмент. Распоредот на репродуктивните органи, како и отворите на одводните цевчиња, се многу важни во класификацијата на малкучетинестите. Кај Lumbricuscus terrestris, чест црв во Европа, тестисите се наоѓаат во 10 и 11 сегмент, а семените везикули се во сегментите 9, 11 и 12, додека vas deferens се отвора на 15 сегмент. Овариумите се наоѓаат во 13 сегмент, а овидуктот се отвора на 14 сегмент. Половите органи и нивните одводи се парни, по еден на секоја страна од телото. Спермата се движи од отворот на vas deferens до клителумот (кој се наоѓа на сегментите 32-36), заедно со семените бразди.

Копулацијата се случува во топли и влажни ноќи. Црвите лежат споени со страните, при што главата од едната единка е залепена со задниот (опашест) дел од другата единка. На ваков начин клителумските сегменти на секое животно се спротивни на сегментите кои ги содржат половите органи на другата единка. Појасчето (клителум) секретира мукусна цевка која го обвива црвот од пред првиот репродуктивен сегмент до клителумските сегменти (сегментите 8 до 36 кај L. terrestris). Спермата која се добива од партнерот се складира во спермотекни отвори (на 9 сегмент кај L. terrestris), по што дождовните црви се разделуваат.

Секој црв сега секретира нова мукусна цевка која е збогатена со албумини. Јајце-клетките (во 5 до 16 кај L. terrestris) се полагаат во оваа цевка заедно со дел од спермата. Потоа црвот се повлекува од мукусната цевка која станува кокон. Оплодувањето се случува во коконот. Тој се остава под земјата или е прицврстен за растенија под водата. Кај L. terrestris, само една јајце-клетка го преживува јувенилниот стадиум и успева да излезе од коконот, но кај други видови преживуваат повеќе јајце-клетки. Деталите во размножувањето варираат од вид до вид.

Улога во животната средина

уреди

Дождовните црви се многу важни за конструкцијата, плодноста и одржувањето на почвата. Затоа, Аристотел ги опишал како цревата на земјата. Повеќе педолози биле еднакво фасцинирани од работата на малкучетинестите во почвата. Чарлс Дарвин рекол: Се сомневам дека други животни одиграле толку важен дел во историјата на светот како овие нискоорганизирани животни.