Затворен тип на крвоток
(Пренасочено од Затворен тип на циркулаторен систем)
Затворениот тип на циркулаторен систем се состои од меѓусебно поврзани крвни садови. Во најпроста форма, тој е претставен со дорзален (грбен) и вентрален (стомачен) крвен сад, кои меѓусебе се поврзани со напречни ситни садови. Улогата на срце овде ја има дорзалниот крвен сад, кој се контрахира исто како како кај прстенестите црви. Кај цицачите, затворениот циркулаторен систем е претставен со срце и крвни садови (артерии и вени).