Charli XCX

англиска пејачка и текстописец

Шарлот Ема Ајчисон (англ. Charlotte Emma Aitchison; родена на 2 август 1992 година), професионално позната како Charli XCX (транскрипција: Чарли Екс-си-екс) ― англиска пејачка и текстописец.

Charli XCX
Charli XCX во 2018
Роден(а)Шарлот Ема Ајчисон
2 август 1992(1992-08-02)(32 г.)
Кембриџ, Англија
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
Активен период2008–денес
ПартнерЏорџ Дејниел (2022–денес; свршени)

Музичка кариера
Жанрови
Издавачи
Страница
charlixcx.com

Стекнала популарност преку соработката со шведското дуо Icona Pop на песната „I Love It", која станала светски хит. Нејзиниот прв албум, True Romance (2013), добил позитивни оценки од критичарите, но слабо се продавал. Во 2014 година, придонела како пејачка во песната „Fancy" од австралиската раперка Иги Азејлија, која била меѓу најпродаваните синглови за таа година и била номинирана за две Греми-награди.

Нејзиниот петти студиски албум, Crash (2022), станал нејзин прв албум кој се искачил на прво место на Британската топ-листа за албуми. Во 2024 година, Charli XCX го издала нејзиниот шести студиски албум, Brat, кој бил високо оценет од критиката. Песната „Guess“ во соработка со Били Ајлиш станал прв нејзин сингл како главен изведувач кој се искачил на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија.

Покрај соло-кариерата како пејачка, Чарли XCX била котекстописец на песни за други музичари, вклучувајќи ги: „Beg for It“ од Иги Азалеа (2014), „Same Old Love“ од Селена Гомез (2015), „Tonight“ од Блонди (2017), дуетот на Шон Мендес и Камила Кабело „Señorita“ (2019) и соработката на Сигала и Рита Ора „You for Me“ (2021). Во 2024 година ја добила наградата „ASCAP Global Impact Award“ како признание за нејзиниот придонес во поп-музиката.[1]

Живот и кариера

уреди

Шарлот Ема Ајчисон е родена на 2 август 1992 година во Кембриџ. Нејзината мајка е од Уганда, но со индиско потекло, а татко ѝ е Шкотланѓанец.[2]

Таа често раскажувала за нејзините потешкотии на училиште, каде била „полуиндиско девојче“[3] кое било малтретирано и дискриминирано поради индиската физиономија.[4] Уште како мала покажала афинитет кон музиката, а најмногу ги сакала Спајс Грлс и Бритни Спирс. Почнала да пишува песни на 14-годишна возраст.[5][6]

2008–2013: Почетоци на кариерата

уреди

На 14-годишна возраст, Ејчисон ги убедила нејзините родители да ѝ позајмат пари за да го сними нејзиниот прв албум, 14.[7][8] На почетокот од 2008 година, на нејзината официјална страница на Myspace, почнала да објавува песни од албумот и многу други други демо-снимки. На 18-годишна возраст, Чарли се преселила во Лондон за да студира во школата за ликовни уметности „Слејд“ при Универзитетскиот колеџ во Лондон. Се откажала додека била втора година од студиите.[2]

Во 2010 година, Charli XCX потпишала договор со Asylum Records. Во интервју за Гардијан, Чарли XCX рекла дека се чуствувала изгубено: „Сè уште бев на училиште, штотуку излегов од чуднава рејв-сцена и навистина не бев сигурна што да направам со тоа. И кога потпишав ја мразев поп-музиката; Сакав да творам лоша рап-музика, не знаев што ми се допаѓа“.[9] Во мај и ноември 2011 година, ги издала сингловите „Stay Away“ и „Nuclear Seasons“, соодветно, и го привлекла вниманието од музичката веб-страница Pitchfork, каде што за двете песни ги добила признанијата за „Најдобра нова песна“.[10][11][12]

 
Charli XCX настапува на фестивалот Позитивус во 2013 година

Започнала да соработува со шведскиот продуцент Патрик Бергер, кому му напишала две песни; од едната произлегла песната „I Love It“, а од другата „You're the One“.[13] Charli XCX изјавила дека не издала „I Love It“ самата, бидејќи не одговарала на нејзиниот стил на музика.[14] Во 2012 година, шведското дуо Icona Pop ја снимило песната и ја објавила како сингл користејќи го нејзиниот глас. Песната станала меѓународен хит.[15][16] Во јуни, ја издала песната „You're the One“ како сингл од нејзиниот истоимен мини-албум, по кој следел и нејзиниот прв микс „Heartbreaks and Earthquakes“.[17][18][19]

Нејзиниот прв албум, <i id="mw4Q">True Romance</i>, бил објавен во април 2013 година. Се искачил на 85-то место на топ-листата за албуми во Обединетото Кралство,[20] на петто место на Билбордовата топ-листа „Нeatseekers“ и на 11-то место на австралиската топ-листа за албуми.[21] Албумот бил добро прифатен од музичките критичари, добил оценка од 76/100 на Metacritic што укажува на „претежно поволни критики“.[22]

2013–2015: Пробив на музичката сцена и албумот Sucker

уреди
 
Charli XCX на наградите од ARIA во 2014 година

Кон крајот на 2013 година, „SuperLove“ бил издаден како водечки сингл од тогаш ненасловениот втор студиски албум.[23] Додека го пишувала албумот, направила дополнителни сесии со фронтменот од Weezer, Риверс Куомо, со Ростам Батманглиј од Vampire Weekend, продукциското дуо Stargate, Џон Хил и една сесија со д-р Лук.

На почетокот од 2014 година Charli XCX била гостин-пејач на песната „Fancy" од австралиската раперка Иги Азалеа;[24] песната се искачила на врвот на американската топ-листа за синглови Billboard Hot 100, што бил прв таков успех и за двете пејачки.[25][26] Во овој период Charli XCX пишувала песни и за други музичари како: „Beg for It" од Иги Азалеја, „OctaHate" од Рајн Вивер, материјали за изведувачи како: Sky Ferreira, Neon Jungle, Ријана и Гвен Стефани.[27] Во август 2014 година била објавена песната „Break the Rules" како водечки сингл од нејзиниот нов албум, Sucker, кој пак бил објавен во декември. Дебитирал на 28-мо место американската топ-листа за албуми Billboard 200, со што Чарли за прв пат се пласирала на таа топ-листа.[28] Третиот сингл од албумот, „Doing It", бил во соработка со британската пејачка Рита Ора и бил објавен во февруари 2015 година.[29]

2015–2018: Експериментален период

уреди

На 23 февруари 2016 година било објавено дека Чарли основала експериментална поп издавачка куќа, Vroom Vroom Recordings, и дека на 26 февруари 2016 година ќе објави мини-албум под наслов Vroom Vroom. Исто така било најавено дека ќе биде домаќин на сопствена емисија под наслов The Candy Shop.[30] Vroom Vroom означил остра промена во тонот во споредба со нејзиниот претходен албум и добил поделени критики.[31][32]

 
Чарли XCX на Греми наградите во 2017 година

На 10 март 2017 година, Charli XCX го објавила микстејпот, Number 1 Angel, во кој гостувале само пејачки вклучувајќи ги: , Raye, Starrah, Uffie, Abra и Cupcakke.[33]

Следниот микс, Pop 2, бил објавен на 15 декември 2017 година, со соработки со: Карли Реј Џепсен, Туве Лу, Алма, Керолајн Полачек, Брук Кенди, Cupcakke, Пабло Витар, Доријан Електра, Ким Петрас, Џеј Парк и МØ.[34] Во мај 2018 година, Чарли XCX и Камила Кабељо почнале да настапуваат како воведни изведувачи на турнејата „Reputation“ од Тејлор Свифт.[35]

2018–2020: Албумите Charli and How I'm Feeling Now

уреди

На 5 октомври 2018 година, Charli XCX го издала синглот „1999“ како главен сингл од нејзиниот трет албум Charli; песната била соработка со австралискиот пејач Трој Сиван. Charli XCX придонела за албумот од , Forever Neverland, со песната „If It's Over“.[36]

Албумот Charli бил издаден на 13 септември 2019 година. Му претходеле сингловите: „1999“ со Трој Сиван, „Blame It on Your Love“ со Лизо[37] и „Gone“ со Christine and the Queens.[38][39] Првиот промотивен сингл, „Cross You Out“ со Скај Фереира бил издаден на 16 август,[40] по кој следувале: „Warm“ со Haim (30 август);[41] „February 2017“, со Клаиро и Јаеџи (6 септември); и „2099“ со Трој Сиван (10 септември).

Во сред пандемијата од КОВИД-19, Charli XCX најавила нов албум под наслов How I'm Feeling Now, кој бил објавен на 15 мај 2020 година.[42] На албумот му претходеле сингловите: „Forever", „Claws" и "I Finally Understand". Албумот бил напишан и снимен во период од шест недели за време на карантинот поради КОВИД-19. Преку нејзиниот профил на Инстаграм Чарли се советувала со обожавателите додека го правела албумот и официјално ги објавувала верзиите кои ќе добиеле најмногу гласови.[43] Според Metacritic, албумот заедно со Pop 2 се смета за најпознат проект на Charli XCX досега.[44]

2021–2023: Издавање на албумот Crash и придонеси за музика за филм

уреди
 
Charli XCX настапува на Primavera Sound во 2022

Петтиот студиски албум од Чарли XCX, Crash, бил издаден на 18 март 2022 година.[45] На албумот му претходеа четири сингла: „Good Ones“,[46] „New Shapes“ со Christine and the Queens и Керолајн Полачек, „Beg for You“ со Рина Савајама, „Baby “ и два промотивни сингла: „Every Rule“ и „Used to Know Me“, последниот издаден како петти сингл во април 2022 година. Песните од албумот содржеле елементи на поп-музиката од 80-тите и 90-тите, а меѓу другите, Чарли ја навела Џенет Џексон како музичко влијание за албумот.

По објавувањето на Crash, Charli XCX придонела за саундтракот од три филма, објавувајќи ги сингловите „Hot Girl“, од саундтракот за филмот Bodies Bodies Bodies од 2022 година и „Speed Drive“ од саундтракот за филмот „Барби“ од 2023 година.[47][48] Таа исто така била ко-композитор заедно со Лео Биренберг за филмот Bottoms од 2023 година.[49]

2024: Издавање на албумот Brat

уреди

„Von Dutch", водечки сингл од шестиот албум на Charli XCX, Brat, бил објавен на 29 февруари 2024.[50] На 10 мај бил објавен вториот сингл од албумот, „360".[51] Албумот бил објавен на 7 јуни 2024.[52] Албумот црпел влијание од англиската рејв-музичка сцена од 2000-тите, со поагресивен клубски звук за разлика од нејзиниот претходен албум. Brat бил дочекан со општо распространето признание од критичарите;[53] добил оценка од 95 на Metacritic, највисоко оценет албум за 2024 (до октомври), и со тоа станал меѓу 20-те највисоко оценети албуми на Metacritic на сите времиња.[54][55] Песната „Guess" прво била издадена на делукс изданието од Brat, насловено како Brat and It's the Same but There's Three More Songs So It's Not. Ремиксот на песната во соработка со Били Ајлиш дебитирал на врвот на UK Singles Chart.[56] Песната „Apple" била издадена како сингл од албумот[57] откако претходно станала вирална на ТикТок.[58] Charli XCX исто така била извршен продуцент за саундтракот од филмот <i id="mwAuk">Mother Mary</i> и за серијата Overcompensating.[59][60]

Дискографија

уреди
  • True Romance (2013)
  • Sucker (2014)
  • Charli (2019)
  • How I'm Feeling Now (2020)
  • Crash (2022)
  • Brat (2024)

Наводи

уреди
  1. Празен навод (help)
  2. 2,0 2,1 Dove, Rachel (15 February 2015). „Charli XCX interview: 'I realised that I just wanted to be a fing boss'. The Daily Telegraph. Архивирано од изворникот на 7 April 2017. Посетено на 11 April 2017.
  3. Празен навод (help)
  4. Празен навод (help)
  5. Goldstein, Jessica (6 October 2014). „Charli XCX on Britney Spears: "Have You Heard her Albums? They're So Intelligent". Cosmopolitan. Архивирано од изворникот на 27 August 2018. Посетено на 9 November 2018.
  6. Needham, Alex (27 July 2009). „Brit Pop Girls“. Interview. Архивирано од изворникот на 28 September 2013. Посетено на 18 April 2013.
  7. „Charli XCX and Dan off Bastille are on Madeon's 'Adventure' album  • Popjustice“. 19 January 2015. Архивирано од изворникот на 18 June 2019. Посетено на 22 January 2019.
  8. Subscribe. „It's Charli, baby: A comprehensive guide to Charli XCX“. DIY. Архивирано од изворникот на 12 December 2019. Посетено на 20 February 2020.
  9. Hutchinson, Kate (30 November 2013). „How Charli XCX grafted her way to the cusp of pop stardom“. The Guardian. London. Архивирано од изворникот на 6 October 2014. Посетено на 12 October 2014.
  10. „Listen to "Stay Away" by Charli XCX“. Pitchfork.com. Архивирано од изворникот на 11 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  11. „Listen to "Nuclear Seasons" by Charli XCX“. Pitchfork.com. Архивирано од изворникот на 11 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  12. „Pitchfork – The Best Songs of 2011“. Pitchfork. New York City: Condé Nast. 12 December 2011. Архивирано од изворникот на 10 October 2014. Посетено на 12 October 2014.
  13. Nostro, Lauren (6 March 2013). „Interview: Charli XCX Talks Debut Album, Internet Haters, and Writing Icona Pop's 'I Love It'. Complex. Архивирано од изворникот на 22 January 2014. Посетено на 27 December 2013.
  14. Savage, Mark (11 December 2013). „Charli XCX: Pop, punk and synaesthesia“. BBC News. Архивирано од изворникот на 16 December 2013. Посетено на 28 December 2013.
  15. „Official Singles Chart Top 100“. Officialcharts.com. Архивирано од изворникот на 23 January 2019. Посетено на 22 January 2019.
  16. Празен навод (help)
  17. „Download Charli XCX Heartbreaks And Earthquakes Mixtape“. Stereogum. 12 June 2012. Архивирано од изворникот на 11 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  18. „Download Charli XCX's Heartbreaks and Earthquakes Mixtape“. Thefader.com. Архивирано од изворникот на 11 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  19. „Charli XCX Takes on Drake/Jai Paul, Blood Diamonds, Blood Orange, More on New Mixtape“. Pitchfork.com. 12 June 2012. Архивирано од изворникот на 11 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  20. „Official UK Albums Top 100“. Official Charts Company. 27 April 2013. Архивирано од изворникот на 27 March 2013. Посетено на 27 April 2013.
  21. „Heatseekers Albums : May 04, 2013 | Billboard Chart Archive“. Los Angeles: Eldridge Industries. 4 May 2013. Архивирано од изворникот на 14 May 2013. Посетено на 21 May 2013.
  22. „True Romance – Charli XCX“. Metacritic. San Francisco, California: CBS Interactive. Архивирано од изворникот на 19 April 2013. Посетено на 21 April 2013.
  23. Празен навод (help)
  24. Peterson, Jacques (29 September 2012). „Listen To Iggy Azalea and Charli XCX's Cocky New Single, 'Fancy'. Popdust. Архивирано од изворникот на 9 April 2014. Посетено на 13 April 2014.
  25. „Chart Watch: Meet Iggy Azalea“. YAHOO. 29 May 2014. Архивирано од изворникот на 29 May 2014. Посетено на 29 May 2014.
  26. Lansky, Sam (4 March 2014). „Iggy Azalea and XCX's Homage to Clueless Will Have You Totally Buggin'. Time. New York City: Meredith Corporation. Архивирано од изворникот на 20 April 2014. Посетено на 20 April 2014.
  27. Garvey, Meaghan (24 November 2014). „Up Next: Rihanna, Gwen Stefani, Sky Ferreira, and More – Songs Written by Charli XCX“. Complex UK. New York City. Архивирано од изворникот на 16 July 2015. Посетено на 19 October 2018.
  28. Cantor, Brian (24 December 2014). „Charli XCX's "Sucker" Debuts with 29K First-Week Sales“. Headline Planet. Архивирано од изворникот на 13 November 2018. Посетено на 10 November 2018.
  29. „Official Singles Chart Top 100 – Official Charts Company“. Officialcharts.com. Архивирано од изворникот на 23 January 2019. Посетено на 22 January 2019.
  30. Monroe, Jazz (23 February 2016). „Charli XCX Launches New Label With Vroom Vroom EP, Shares SOPHIE-Produced Title Track, "Trophy". Pitchfork. Архивирано од изворникот на 24 February 2016. Посетено на 4 August 2024.
  31. Jacobs, Ethan (3 March 2016). „How Charli XCX's New EP 'Vroom Vroom' Cements Her Pop Star Status“. Inverse. Bustle Digital Group. Архивирано од изворникот на 10 March 2016. Посетено на 4 August 2024. Compared to Charli XCX's previous projects, which consist of straightforward pop songs with an enlivening push to put your middle finger up, the Vroom Vroom EP represents a critical branching out phase in the pop star's career.
  32. Jolley, Ben (29 June 2023). „PC Music: the story of the boundary-pushing label in 10 essential tracks“. NME. BandLab Technologies. Архивирано од изворникот на 29 June 2023. Посетено на 4 August 2024. Released on her own label, Vroom Vroom Recordings, the EP's experimental pop sound divided critics upon release but built a cult following.
  33. „Charli XCX unveils Number 1 Angel mixtape and new North American tour dates“. Vaunter. Архивирано од изворникот на 9 March 2017. Посетено на 8 March 2017.
  34. Herman, Tamar (11 December 2017). „Charli XCX Shares 'Unlock It' Feat. Kim Petras and Jay Park“. Billboard. Los Angeles: Eldridge Industries. Архивирано од изворникот на 30 December 2017. Посетено на 27 December 2017.
  35. Brockington, Ariana (1 March 2018). „Taylor Swift Taps Camila Cabello, Charli XCX as 'Reputation' Tour Opening Acts“. Los Angeles: Penske Media Corporation. Архивирано од изворникот на 3 May 2018. Посетено на 8 May 2018.
  36. „MØ Reveals Her 'Forever Neverland' Tracklist Featuring Charli XCX“. idolator. 7 September 2018. Посетено на 4 January 2019.[мртва врска][мртва врска]
  37. Roth, Madeline (15 May 2019), „CHARLI XCX AND LIZZO JOIN FORCES FOR YOUR NEW FAVE POP SONG, 'BLAME IT ON YOUR LOVE', MTV, Архивирано од изворникот на 19 May 2019, Посетено на 20 May 2019
  38. Moore, Sam (31 May 2019). „Watch Charli XCX and Christine and the Queens debut new collaboration 'Gone'. NME. Архивирано од изворникот на 31 May 2019. Посетено на 5 June 2019.
  39. „The 20 best songs of 2019“. Bbc.com. Архивирано од изворникот на 25 November 2023. Посетено на 25 November 2023.
  40. Gwee, Karen (16 August 2019). „Charli XCX releases 'Cross You Out' featuring Sky Ferreira“. NME. Архивирано од изворникот на 16 August 2019. Посетено на 17 August 2019.
  41. „Hear Charli XCX, Haim's Subdued New Song 'Warm'. 30 August 2019. Архивирано од изворникот на 7 May 2023. Посетено на 7 May 2023.
  42. Hilton, Robin; Powers, Ann; Sanders, Sam; Thompson, Stephen (15 May 2020). „New Music Friday: The Top 8 Albums Out On May 15“. NPR. Архивирано од изворникот на 15 May 2020. Посетено на 15 May 2020.
  43. Pollard, Alexandra (15 May 2020). „Charli XCX review, How I'm Feeling Now: A brash, adventurous lockdown album“. The Independent. Архивирано од изворникот на 18 May 2020. Посетено на 15 May 2020.
  44. „Charli XCX“. Metacritic. Архивирано од изворникот на 20 May 2019. Посетено на 18 May 2020.
  45. Bloom, Madison; Monroe, Jazz (4 November 2021). „Charli XCX Announces Crash Album and Tour, Enlists Christine and the Queens and Caroline Polachek for New Song“. Pitchfork (англиски). Condé Nast. Архивирано од изворникот на 24 February 2022. Посетено на 4 November 2021.
  46. Krol, Charlotte (2 August 2021). „Charli XCX announces new single 'Good Ones' arriving next month“. NME. Архивирано од изворникот на 3 August 2021. Посетено на 2 August 2021.
  47. Carr, Mary Kate (27 July 2022). „Charli XCX drops new track "Hot Girl" from Bodies Bodies Bodies“. The A.V. Club (англиски). Архивирано од изворникот на 7 August 2023. Посетено на 7 August 2023.
  48. Dunworth, Liberty (30 June 2023). „Charli XCX shares new single 'Speed Drive', taken from the 'Barbie' soundtrack“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на 31 July 2023. Посетено на 6 August 2023.
  49. „Leo Birenberg & Charli XCX Scoring Emma Seligman's 'Bottoms'. FilmMusicReporter. 10 March 2023. Архивирано од изворникот на 31 March 2023. Посетено на 11 March 2023.
  50. Major, Michael. „Charli XCX to Drop New Single on Thursday: Get a First Look at 'Von Dutch'. BroadwayWorld.com (англиски). Архивирано од изворникот на 26 February 2024. Посетено на 26 February 2024.
  51. „Charli XCX Shares New Song "360": Listen“. Stereogum (англиски). 10 May 2024. Посетено на 11 August 2024.
  52. Strauss, Matthew (28 February 2024). „Charli XCX Announces New Album Brat“. Pitchfork. Архивирано од изворникот на 28 February 2024. Посетено на 28 February 2024.
  53. Snapes, Laura (6 June 2024). „Charli xcx: Brat review – insecurity-obliterating anthems by pop's most human superstar“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 8 June 2024.
  54. „Brat by Charli XCX Reviews and Tracks - Metacritic“. Metacritic. 8 June 2024. Архивирано од изворникот на 7 June 2024. Посетено на 8 June 2024.
  55. „Best Music and Albums of All Time - Metacritic“. Metacritic. 8 June 2024. Посетено на 8 June 2024.
  56. Griffiths, George (9 August 2024). „Charli xcx and Billie Eilish debut at Number 1 with Guess remix“. Official Charts (англиски). Посетено на 3 August 2024.
  57. „CHARLI XCX "Apple" | (Radio Date: 2 August 2024)“. 2 August 2024. Архивирано од изворникот на 2 August 2024. Посетено на 11 August 2024.
  58. Demopoulos, Alaina (28 July 2024). „I invented the Apple dance! The woman behind Brat summer's viral choreography“. The Guardian (англиски). ISSN 0261-3077. Посетено на 11 August 2024.
  59. Ray, Chandreyee (1 April 2024). "I wouldn't have a career without the LGBTQ+ community": Charli XCX on using her voice for advocacy and confrontation“. Vogue Singapore (англиски). Архивирано од изворникот на 1 April 2024. Посетено на 1 April 2024.
  60. „Prime Video Orders Benito Skinner's Overcompensating to Series From A24“. Amazon Studios (англиски). Архивирано од изворникот на 1 April 2024. Посетено на 1 April 2024.

Надворешни врски

уреди