Рејчел Агата Кин [2] (англ. Rachel Agatha Keen; родена на 24 октомври 1997 во Лондон), професионално позната како Raye (стилизирано со сите големи букви: RAYE) ― британска пејачка и текстописец.[3] Станала позната откако пеела во песните „By Your Side“ со Џонас Блу, „You Don't Know Me“ со Џекс Џонс, „Secrets“ со Regard и „Bed“ со Џоел Кори и Дејвид Гета. Сите тие песни добиле платинест сертификат од BPI.

Raye
Raye на настап во 2023
Животописни податоци
Родено имеРејчел Агата Кин
Роден(а)24 октомври 1997(1997-10-24)(27 г.)
Тутинг, Лондон, Англија
Жанрови
Занимања
  • Пејач
  • текстописец
  • музички продуцент
Инструменти
  • Вокал
  • пијано
Период на активност2014–денес
Издавачи
Соработници
Мреж. местоrayeofficial.com

Во јули 2021 година, Raye ја напуштила нејзината издавачка куќа Polydor Records и станала независен уметник. Во февруари 2023 година, го издала својот прв студиски албум My 21st Century Blues, и добила позитивни критика. Пред објавување на албумот ја објавила хит песната „Escapism“, која се искачила на прво место на UK Singles Chart и станала нејзина прва песна која се нашла на Billboard Hot 100.

Освен музика за себе, Raye пишувала песни и за други пејачи, како за Бијонсе, Little Mix, Давид Гета, Џон Леџенд и Ели Гулдинг. Во 2019 година, ја освоила BMI наградата, како признание за нејзината извонредна уметност, креативна визија и влијание врз иднината на музиката.[4] Четири пати била номинирана за Британските музички награди, два пати за Ајвор Новело и била во потесен избор за Sound of... од БиБиСи во 2017 година, каде завршила на трето место.

Живот и кариера

уреди

Рејчел Кин е родена во Тутинг, Лондон,[5] од мајка Швајцарка и татко Англичанец, по потекло од Јоркшир. Како дете присуствувала и пеела евангелски песни во црквата во која татко ѝ бил музички директор, а мајка ѝ пеела во хорот. [6] Подоцна, се преселила во Кројдон, каде посетувала средно училиште и го посетувала училиштето БРИТ. [7] Кин, во студиски сесии за време на викендите во своите тинејџерски години учела како професионално да пишува песни.[8]

Во декември 2014 година, на 17-годишна возраст, Raye го објавила својот дебитантски EP Welcome to the Winter. [9] Raye ги објавиla песните „Flowers“ и „Alien“ во февруари и април 2015 година, соодветно, во вториот со лондонскиот рапер Авелино.[10] [11]

Во август 2016 година, Raye го издала својот втор EP, Second.[12] Raye пеела во песната на Џонас Блу „By Your Side“ која била објавена во октомври 2016 година и се искачила на 15-то место на UK Singles Chart. Таа, исто така, се појавила на синглот на Џекс Џонс „You Don't Know Me“ во декември 2016 година. Песната, ко-напишана од самата Raye, се искачиla на третото место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и е сертифицирана како двојно платинеста од страна на BPI.

Во февруари 2018 година, Raye ја издала песната насловена како „Cigarette“ (со Мејбел и Стефлон Дон). Песната се искачила на 41-то место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство. Во мај 2018 година, Raye го објавила својот трет EP насловен како Side Tape.[13] Во октомври 2018 година, Raye ја започнала својата турнеја, и посетила низа градови низ ОК и Ирска.[14]

Raye соработуваla со Дејвид Гета за синглот „Stay (Don't Go Away)“, кој бил објавен во мај 2019 година и се искачил на 41-то место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Било објавено дека Raye е ко-текстописец на песната „Bigger“ од американската пејачка Бијонсе, која била вклучена на саундтрак албумот The Lion King: The Gift, објавен во јули 2019 година.

Нејзината соработката со диџејот Regard во песната под наслов „Secrets“ била објавена во април 2020 година.[15] Песната се искачила на шестото место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство и на прво место на денс листата во Велика Британија.[16] [17] Песната, исто така, се нашла меѓу првите десет во Ирска и Шкотска, како и на американската листа за денс/електронски песни од Билборд. „Secrets“ се нашла на топ листите во многу други земји како Холандија, Франција и Германија.

Во ноември 2020 година, Raye го издала својот прв мини-албум Euphoric Sad Songs, во кој биле вклучени и некои претходни песни „Love Me Again“, „Please Don't Touch“, „Secrets“ и „Natalie Don't“ како и новите песни „Love of Your Life“ и „Regardless“ (со Rudimental). [18] Последната песна се нашла на топ 40 во Обединетото Кралство, како и на листата за денс/електронски песни во САД.[19] [20]

Во јуни 2021, Raye открила дека нејзината издавачка куќа, Polydor Records, неколку години го одложувала нејзиниот деби албум, [21] и во јули 2021 година, објавила дека се разделила со Polydor и дека ќе работи како независен уметник.

Во јуни 2022 година, Raye ја издала песната „Hard Out Here“, нејзина прва песна како независен уметник.[22] Втората песна, „Black Mascara“, била објавена во август 2022 година [23] по која во октомври 2022 година следувале песните „Escapism“ (со 070 Shake) и „The Thrill is Gone“. [24] Сите тие песни се нашле на деби студискиот албум на Raye, My 21st Century Blues, кој бил објавен во февруари 2023 година. Песната „Escapism“ се пласирала во првите десет на UK Singles Chart, а во првата недела од 2023 година се искачила на прво место. [25] Во Соединетите Американски Држави, „Escapism“ станала прва песна на Raye што се најде на топ-листата на Billboard Hot 100. [26]

Уметност

уреди

Raye во детството била под влијание на R&B, нео-соул,[27] и инди рок групи како Alt-J и Bombay Bicycle Club.[28] Рекла дека се восхитува на Лејди Гага, [29] The Weeknd, [30] Френк Оушн, [31] и Лорин Хил. [32] Ја инспирирале и џез-уметници како Џил Скот, [33] Ела Фицџералд и Нина Симон.[34]

Дискографија

уреди
  • My 21st Century Blues (2023)

Наводи

уреди
  1. Martin, Liam. „Raye Biography“. AllMusic. Архивирано од изворникот 11 December 2020. Посетено на 26 January 2021.
  2. Levine, Nick (5 July 2022). „RAYE: "I became a 'rent-a-verse'. People knew my songs, but they didn't know me". NME. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  3. Krol, Charlotte (2023-02-01). „RAYE speaks out on past "dangerous" drug use“. NME (англиски). Архивирано од изворникот на 8 February 2023. Посетено на 2023-02-08.
  4. „Noel Gallagher and World's Top Songwriters Honored at 2019 BMI London Awards“. BMI.com (англиски). 2019-10-21. Архивирано од изворникот на 22 October 2019. Посетено на 2023-02-08.
  5. „RAYE“. Simonjonespr.com. Архивирано од изворникот на 28 May 2016. Посетено на 12 January 2023.
  6. „Raye: 'My drug use got pretty deep and really dangerous'. BBC News (англиски). 2023-02-01. Архивирано од изворникот на 7 February 2023. Посетено на 2023-02-08.
  7. Savage, Mark (4 January 2017). „BBC Sound of 2017: Raye interview“. BBC News. Архивирано од изворникот на 24 March 2022. Посетено на 18 July 2020.
  8. Cliff, Aimee. „RAYE is going to be a star on her own terms“. The Fader. Архивирано од изворникот на 13 January 2023. Посетено на 13 January 2023.
  9. „Raye (3) - Welcome To The Winter“. Discogs.com. Архивирано од изворникот на 29 December 2019. Посетено на 18 July 2020.
  10. „Raye (3) - Flowers“. Discogs.com. Архивирано од изворникот на 29 December 2019. Посетено на 18 July 2020.
  11. „Raye (3) - Alien“. Discogs.com. Архивирано од изворникот на 29 December 2019. Посетено на 18 July 2020.
  12. „Second - EP by RAYE“. Music.apple.com. Архивирано од изворникот на 24 March 2022. Посетено на 18 July 2020.
  13. „Side Tape - EP by RAYE“. Music.apple.com (англиски). Архивирано од изворникот на 24 March 2022. Посетено на 2020-07-12.
  14. „RAYE ANNOUNCES DEBUT UK HEADLINE TOUR FOR AUTUMN 2018“. Gigs and Tours (англиски). Архивирано од изворникот на 4 December 2022. Посетено на 2018-07-18.
  15. „Secrets - Single by Regard & RAYE“. Music.apple.com. Архивирано од изворникот на 4 December 2021. Посетено на 18 July 2020.
  16. „Official Singles Chart Top 100 | Official Charts Company“. Officialcharts.com (англиски). Архивирано од изворникот на 4 July 2020. Посетено на 2020-06-12.
  17. „Official Dance Singles Chart Top 40 | Official Charts Company“. Officialcharts.com (англиски). Архивирано од изворникот на 5 July 2020. Посетено на 2020-06-12.
  18. Savage, Mark (2020-07-15). „How updating Dolly Parton helped Raye find her voice“. BBC News (англиски). Архивирано од изворникот на 17 July 2020. Посетено на 2020-07-16.
  19. „Raye Shares New Disco Anthem "Love of Your Life". The Line of Best Fit. 6 November 2020. Архивирано од изворникот на 25 November 2021. Посетено на 19 March 2021.
  20. „Raye Releases The Stunning Video To "Love of Your Life". Press Party. 12 November 2020. Архивирано од изворникот на 18 November 2020. Посетено на 19 March 2021.
  21. 'Tears and pain' as Polydor holds Raye debut album“. BBC News (англиски). 2021-06-30. Архивирано од изворникот на 24 March 2022. Посетено на 2021-06-30.
  22. Magnocavallo, Fabio (2022-07-01). „RAYE - Hard Out Here“. EUPHORIA. (англиски). Архивирано од изворникот на 26 August 2022. Посетено на 2022-08-26.
  23. „RAYE unveils new single "Black Mascara". The Line of Best Fit (англиски). Архивирано од изворникот на 26 August 2022. Посетено на 2022-08-26.
  24. „RAYE delivers new tracks "Escapism." featuring 070 Shake and "The Thrill Is Gone.". The Line of Best Fit (англиски). Архивирано од изворникот на 13 October 2022. Посетено на 2022-10-13.
  25. „RAYE celebrates her first-ever Top 10 single as a solo artist with Escapism.: "It's such a blessing". Official Charts Company (англиски). 2022-12-02. Архивирано од изворникот на 5 December 2022. Посетено на 2022-12-02.
  26. Празен навод (help)
  27. Mezzi, Cecilia. „Dance-Pop Singer RAYE on Gospel Inspirations, New Releases and Ending Girl Hate“. Phoenix Magazine. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  28. „Raye of Light: Raye“. Notion. 12 April 2019. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  29. 'RAYE Shares Exclusive BTS Look at 'Hard Out Here'. Paper magazine. 1 July 2022. Архивирано од изворникот на 3 March 2023. Посетено на 11 February 2023.
  30. O'Shea, Clare (26 August 2022). „Nine Songs: Raye“. The Line of Best Fit. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  31. 'Frank Ocean taught me how to turn emotions into poetic madness' - Raye“. BBC Radio 1Xtra. 23 September 2016. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  32. „FROM THE VAULT:RAYE“. TMRW Magazine. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  33. „You Don't Know Me: Raye Is Re-Defining The Pop Game“. Clash. 31 May 2017. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.
  34. Beaumont-Thomas, Ben (12 June 2020). „Raye's lockdown listening: 'Nina Simone tears your skin and burns your eardrums'. The Guardian. Архивирано од изворникот на 12 January 2023. Посетено на 12 January 2023.

Надворешни врски

уреди