Black Eyed Peas
Black Eyed Peas (познати и како The Black Eyed Peas) ― американска музичка група основана во Лос Анџелес во 1995 година. Во состав на групата се раперите: will.i.am (Вилијам Адамс), apl.de.ap (Алан Пинеда Линдо) и Taboo (Џајм Гомез), а при врвот на популарноста во 2000-тите[5] член на групата била и Ферги (Стејси Ен Фергусон) која во 2002 година дошла како замена за пејачката Ким Хил. На почетокот била алтернативна хип-хоп група, а подоцна се свртиле кон покомерцијална поп-рап музика.
Black Eyed Peas | |
---|---|
Black Eyed Peas настапуваат со Џеј Реј Соул во O2 Apollo во Манчестер, ноември 2018 година. Од лево: apl.de.ap, Џеј Реј Соул, Taboo и will.i.am. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи | |
Мреж. место | blackeyedpeas.com |
Членови | |
Поранешни членови | |
|
The Black Eyed Peas продале околу 80 милиони музички записи, со што се вбројуваат меѓу групите од најголема продажба на сите времиња.[6]
Историја
уреди1988–1994: Почетоци
уредиВилијам Адамс и Алан Пинеда Линдо се запознале во 1988 година во Лос Анџелес и основале хип-хоп денс и музичка група под името Tribal Nation. На групата ѝ се приклучиле неколку нивни пријатели. Во 1992 година, раперот Eazy-E ја гледал изведбата на групата и им понудил договор со Ruthless Records, при што го сменил името на групата во Atban Klann. Нивниот прв албумски проект, Grass Roots, бил прекинат кон крајот на 1993 година и не бил објавен.
1995–2001: Први албуми
уредиВо 1995 година, откако Eazy-E, основачот на Ruthless Records, починал од ХИВ/СИДА, групата го променила името во Black Eyed Pods и го додала Taboo (Хаиме Луиз Гомес) како трет член. Вил 1Х го променил неговото уметничко име во will.i.am.[7] На групата ѝ се приклучила и Ким Хил, пејачка која пеела на неколку песни од групата. Подоцна го смениле „Pods“ во „Peas“.[8] Откако потпишале со Interscope Records, во 1998 година, Black Eyed Peas го издале нивниот прв албум, Behind the Front, кој добил позитивни критики, но немал комерцијален успех. Нивниот втор албум, Bridging the Gap (2000), исто така добил добри критики, но не успеал да ги донесе на врвот на музичките топ-листи. Хил ја напуштила групата додека се продуцирал албумот, но сепак била вклучена на албумот за песните „Hot“ и „Tell Your Mama Come“, како и во спотот за „Weekends“.
2002–2005: Доаѓањето на Ферги и издавање на Elephunk
уредиВо 2002 година, Стејси Фергусон била избрана за пејачка на групата.[9] Групата се пробила на музичката сцена со нивниот нов албум, Elephunk, во кој се забележувала промената на музичкиот стил кон поп-музика за да привлече масовна публика.
Водечки сингл на албумот Elephunk била песната „Where Is the Love?“ со Џастин Тимберлејк, која станала прв голем хит на Black Eyed Peas. Песната станала светски хит и се нашла на врвот на топ-листите во неколку земји, вклучително и седум недели на прво место во Обединетото Кралство, каде што станала најпродаван сингл за 2003 година. Во интервју за TalkofFame.com, Табу рекол дека разделбата на Џастин Тимберлејк со Бритни Спирс влијаела на снимањето на „Where Is the Love?“.[10] Албумот исто така ги вклучувал и хитовите: "Shut Up", "Hey Mama" и "Let's Get It Started", кој во 2005 година освоил Греми награда за најдобра рап-изведба од дуо или група, а исто така бил номиниран за запис на годината и за најдобра рап-песна.
2004–2008: Издавање на албумот Monkey Business
уредиВо 2005 година, Black Eyed Peas го издале албумот Monkey Business, кој исто така постигнал огромен успех. Хитовите „Don't Phunk with My Heart", „My Humps" и „Pump It" станале меѓународни хитови. За „Don't Phunk with My Heart" групата освоила уште едно Греми за најдобра рап изведба од дуо или група. Албумот Monkey Business дебитирал на второ место на американската Билборд 200 топ-листа за албуми и подоцна бил сертифициран за тројно платинест од RIAA. Последниот објавен сингл од албумот, „Pump It", позајмил голем дел од верзијата на Дик Дејл на песната „Misirlou".
Во септември 2005 година, на iTunes Originals Black Eyed Peas објавиле плејлиста со нивни најголеми хитови. Есента 2005 година, Блек Ајд Пис биле предгрупа на турнејата од Гвен Стефани.
The Black Eyed Peas глумеле во серија веб-реклами за Snickers, наречени Instant Def. На 21 март 2006 година, Black Eyed Peas на iTunes објавиле ремикс-албум под наслов Renegotiations: The Remixes. Во март 2006 година, Black Eyed Peas повторно биле на турнеја како насловна група за 6-тата годишна турнеја на Honda Civic со помошните групи Flipsyde и Pussycat Dolls. Во 2006 година, биле на турнеја со Pussycat Dolls.[11]
На 31 декември 2006 година, турнејата на Black Eyed Peas завршила со концерт на плажата Ипанема во Рио де Жанеиро пред повеќе од 1 милион посетители, што бил нивен најголем концерт дотогаш.
2009–2014: Промена на стилот и пауза
уредиНа 3 јуни 2009 година Black Eyed Peas го издадоа албумот The E.N.D. (The Energy Never Dies), кој го означил нивниот премин кон електронска музика.[12] Албумот дебитирал на прво место на Билборд 200 и поминал 38 недели во топ-10 на топ-листата.
„Boom Boom Pow“ бил прв сингл од групата кој стигнал до прво место на американската топ-листа за синглови, каде се задржал дванаесет последователни недели. Исто така, се искачил на прво место во Австралија, Канада и Велика Британија. На 21 мај, Black Eyed Peas го објавиле синглот „I Gotta Feeling“ (во продукција на Дејвид Гета) како официјален втор сингл од албумот. Синглот дебитирал на трето место, а потоа отишол на прво место на топ-листата за синглови во Велика Британија. Дебитирал на второ место на Billboard Hot 100 зад „Boom Boom Pow“ и подоцна го надминал, заземајќи го првото место.[13]
На 30 јули 2009 година, Билборд објавил дека Black Eyed Peas поставиле рекорд за најдолго последователно останување на прво место од дуо или група во историјата на Billboard Hot 100.[14] „Meet Me Halfway“ бил издаден како трет сингл од албумот во септември 2009 година.
Групата настапила на доделувањето на Греми-наградите на 31 јануари 2010 година каде што освоиле три награди од шест номинации: најдобар поп вокален албум за The E.N.D, најдобра поп вокална изведба од група за „I Gotta Feeling“ и најдобро кратко видео за „Boom Boom Pow“.
На 27 јули 2010 година, Black Eyed Peas објавиле ремикс албум: The END Summer 2010 Canadian Invasion Tour: Remix Collection. Бил објавен на iTunes само во Канада, за време на канадскиот дел од светската турнеја E.N.D.
Нивниот шести студиски албум, The Beginning, бил издаден на 26 ноември 2010 година и добил мешани критики.[15] Водечкиот сингл од албумот „The Time (Dirty Bit)“,[16] бил објавен на 20 октомври 2010 година преку профилот на Twitter на will.i.am. „Just Can't Get Enough“, вториот сингл од The Beginning бил објавен на 18 февруари 2011 година. Музичкото видео било објавено на 16 март 2011 година, а било снимено во Токио, една недела пред земјотресот и цунамито. Трет сингл од албумот бил „Don't Stop the Party“ и бил објавен на 10 мај 2011 година.
На 6 февруари 2011 година, Black Eyed Peas настапиле на полувремето Super Bowl XLV.
На 6 јули 2011 година, за време на концерт во Стафордшир, членовите на Black Eyed Peas објавиле дека ќе направат неодредена пауза по завршувањето на нивната тековна турнеја. За време на паузата тие се насочила на нивните соло кариери. Will.i.am издал неколку успешни соло-проекти и соработувал со познати пејачи како Бритни Спирс и Џастин Бибер. Ферги исто така се фокусирала на нејзината соло кариера и во 2017 година го издала вториот соло-албум Double Dutchess.
2015–2018: Заминување на Ферги, доаѓање на Џеј Реј Соул и албумот Masters of the Sun
уредиВо интервју за Capital Breakfast, will.i.am рекол дека Peas ќе се состават повторно во 2015 година за 20-годишнината од основањето на групата.[17] The Peas премиерно ја претставиле новата песна насловена „Awesome“, која била вклучена во рекламите за НБА плејофот во 2015 година. Во песната не била вклучена Ферги, а луѓето се прашувале дали таа ќе биде дел од претстојниот албум. На 20-годишнината од основањето, Peas премиерно ја претставиле новата песна насловена „Yesterday“[18] а во песната не учествувала Ферги.
На 31 август 2016 година, Black Eyed Peas објавиле нова верзија од нивната песна од 2003 година „Where Is the Love?“. За песната, под наслов „#WHERESTHELOVE“ како изведувач бил наведен „The Black Eyed Peas featuring The World“. Во песната, како и во придружното видео учествувале сите четири членови на групата, will.i.am, Fergie, apl.de.ap и Taboo,[19] и многу други популарни музичари како Џастин Тимберлејк, Диџеј Калид и Џеси Џеј.[20] Последниот настап во живо на Ферги со групата бил во 2015 година.[21]
На 3 јуни 2017 година, групата настапила на свеченото отворање на финалето на Лигата на шампионите на УЕФА на стадионот Милениум во Кардиф. Настапот, кој вклучувал пиротехнички дисплеј, траел долго и го одложил почетокот на второто полувреме за неколку минути.[22] Следниот ден, тие настапиле на One Love Manchester, добротворен концерт организиран од Аријана Гранде.[23] На 4 јуни 2017 година, во статија на Билборд се шпекулирало дека Ферги си заминува од групата. Will.i.am прво го отфрлил ова тврдење, а групата објавила дека таа паузира од групата за да се посвети на нејзиниот втор соло-албум Double Dutchess и дека останатите членови работат на графичкиот роман Господари на сонцето.[24] На 9 јануари 2018 година, Black Eyed Peas го објавиле нивниот прв сингл без Ферги, насловен како „Street Livin'“. На 18 февруари 2018 година, will.i.am, во интервју за Дејли Стар официјално го потврдил заминувањето на Ферги и исто така потврдил дека таа нема да се појави на седмиот студиски албум на групата.[25] Следниот ден, поранешната финалистка од првата сезона од <i id="mwAZk">„Глас на Филипините“</i>, Џесика Рејносо (под уметничкото име „Џеј Реј Соул“) ѝ се придружила на групата како пејачка и „полуофицијален“ член.[26] Нивниот седми студиски албум, Masters of the Sun Vol. 1, бил издаден на 26 октомври 2018 година. Со овој албум групата се вратила кон нивните хип-хоп корени и содржел соработки со Нас и Слик Рик.
2019–денес: издавање на албумите Translation и Elevation
уредиВо 2019 година, групата потпишала договор со нивната нова издавачка куќа, Epic Records. [27] На 11 октомври 2019 година, групата ја објавила песната „Ritmo (Bad Boys for Life)“, преземена од саундтракот за Лоши момци засекогаш (2020).
На 10 април 2020 година, групата го објавила синглот „Mamacita“, во кој Џеј Реј Соул пее заедно со раперот Озуна. Албумот Translation бил издаден на 19 јуни 2020 година.[28] Во албумот била вклучена и песната „Ritmo“ и содржел латино-звук и соработки со изведувачи како Шакира, Џеј Балвин, Малума и Тајга, меѓу другите.
На 27 октомври 2022 година, преку нивните платформи на социјалните медиуми, групата го најавила деветтиот студиски албум, насловен Elevation, кој бил објавен на 11 ноември 2022 година [29]
Членови
уредиСегашни
- will.i.am – пејач, клавијатури, пијано, синтисајзер, бас (1995–2011; 2015–сега)
- apl.de.ap – пејач, тапани (1995–2011; 2015–сега)
- Табу – пејач, диџеј, гитара (1995–2011; 2015–сега)
За турнеи
- Џеј Реј Соул – пејачка (2018–сега)
Поранешни
- Ким Хил – пејачка (1995–2000)
- Ферги – пејачка (2002–2011; 2015–2018)
Дискографија
уредиСтудиски албуми
уреди- Behind the Front (1998)
- Bridging the Gap (2000)
- Elephunk (2003)
- Monkey Business (2005)
- The E.N.D. (2009)
- The Beginning (2010)
- Masters of the Sun Vol. 1 (2018)
- Translation (2020)
- Elevation (2022)
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Kellman, Andy. „The Black Eyed Peas“. AllMusic.
- ↑ 2,0 2,1 „Black Eyed Peas - The E.N.D. Review“. IGN. June 9, 2009. Посетено на August 1, 2020.
- ↑ „Black Eyed Peas speak about current hiatus“. NME. November 28, 2011. Посетено на July 8, 2020.
- ↑ Endelman, Michael (May 23, 2005). „Black Eyed Peas Carry on with 'Monkey Business'“. Entertainment Weekly. Посетено на July 2, 2020.
- ↑ Shaw, Gabbi (October 10, 2020). „The most popular band the year you were born“. Insider. Посетено на June 8, 2022.
- ↑ „Black Eyed Peas to perform at Romania's 2018 Untold festival“. Romania-Insider.com. June 26, 2018. Посетено на June 20, 2019.
- ↑ Lowers, Erin (November 25, 2018). „The Black Eyed Peas' Journey from Conscious to the Charts“. Exclaim!. Посетено на January 30, 2022.
- ↑ Kellman, Andy. „The Black Eyed Peas“. Allmusic. Посетено на January 4, 2011.
- ↑ Murphy, Keith (June 24, 2011). „Full Clip: Will.i.am Runs Down His Catalogue Ft. The Black Eyed Peas, Fergie, Nas, Game, Usher & MJ“. Vibe. Посетено на August 19, 2022.
- ↑ Archived at Ghostarchive and the Albert Lawrence (May 6, 2009), Taboo of the Black Eyed Peas Talks Justin Timberlake Rap Session & Boom Boom Pow, Архивирано од изворникот на 2019-02-25, Посетено на July 18, 2018CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link): Albert Lawrence (May 6, 2009), Taboo of the Black Eyed Peas Talks Justin Timberlake Rap Session & Boom Boom Pow, Посетено на July 18, 2018
- ↑ „HondaCivicTour.com“. Посетено на April 27, 2007.
- ↑ „Black Eyed Peas Album Nears 'The E.N.D.'“. Billboard.com. October 9, 2008.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „MusicSearch Blog – Black Eyed Peas Reveal New Album Details!“. BlackEyedPeas.com. June 10, 2010. Посетено на September 10, 2010.[мртва врска]
- ↑ „MusicSearch Blog – Black Eyed Peas reveal new single "The Time (Dirty Bit)" [AUDIO]“. MusicSearch. October 21, 2010. Посетено на October 21, 2010.[мртва врска]
- ↑ „Black Eyed Peas confirm new music in 2015 for 20th anniversary“. Digital Spy. January 5, 2015.
- ↑ „Video: The Black Eyed Peas – 'Yesterday'“. Rap-Up.
- ↑ „#WHERESTHELOVE (feat. The World) – Single by The Black Eyed Peas on Apple Music“. iTunes. August 31, 2016. Посетено на September 7, 2016.
- ↑ Празен навод (help)
- ↑ „Black Eyed Peas join David Guetta onstage at Coachella“. PopCrush. April 13, 2015.
- ↑ Gibson, Sean (June 3, 2017). „Fans not happy as Champions League final kick-off delayed after 'awful' Black Eyed Peas performance“. The Telegraph (англиски). ISSN 0307-1235. Архивирано од изворникот на January 10, 2022. Посетено на February 3, 2021.
- ↑ Black Eyed Peas and Ariana Grande - Where Is The Love (One Love Manchester) (англиски), June 4, 2017, Посетено на August 7, 2022
- ↑ Fresh, Mikey (June 2, 2017). „Fergie Takes A Break From Black Eyed Peas To Focus On Solo Career“. Vibe. Billboard-Hollywood Reporter Media Group. Посетено на June 3, 2017.
- ↑ „Will.i.am says Fergie out of Black Eyed Peas; could Nicole Scherzinger be the new member?“. Philippine Daily Inquirer. February 21, 2018. Посетено на January 6, 2021.
- ↑ Malone, Chris. „Black Eyed Peas Go Global With 'Translation' Album“. Forbes (англиски). Посетено на February 3, 2021.
- ↑ Zemler, Emily (October 11, 2019). „Black Eyed Peas Team Up With J Balvin in 'RITMO (Bad Boys for Life)' Video“. rollingstone.com. Penske Business Media LLC. Посетено на January 4, 2020.
- ↑ Wass, Mike (June 11, 2020). „Black Eyed Peas' New LP Features Shakira, Maluma & Becky G“. Idolator. Архивирано од изворникот на 2023-09-07. Посетено на June 12, 2020.
- ↑ Chris Malone Méndez (November 11, 2022). „Black Eyed Peas Release Their Ninth Album 'Elevation'“. Forbes.