Диџеј Калид

американски диџеј, рапер и музички продуцент

Халид Мохамед Халид (англ. Khaled Mohammed Khaled; арапски: خالد محمد خالد; роден на 26 ноември 1975 год.),[3] професионално познат како Диџеј Калид (англ. DJ Khalid) ― американски диџеј, рапер и музички продуцент.

Диџеј Калид
Калид во 2022
Животописни податоци
Родено имеХалид Мохамед Халид
Познат(а) и како
  • Beat Novacane
  • Arab Attack
Роден(а)26 ноември 1975(1975-11-26)(49 г.)
Њу Орлеанс, Луизијана, САД
Жанрови
Занимања
  • Диџеј
  • музички продуцент
  • текстописец
Период на активност1998–денес
Издавачи
Мреж. местоdjkhaledofficial.com

Животопис

уреди

Халид Мохамед Халид бил роден на 26 ноември 1975 година, во Њу Орлеанс, Луизијана. Неговите родители биле палестински доселеници во САД.[4]

Во 1998 година, тој се преселил во Мајами и станал водител на радио-емисија во една од поголемите радио-станици во Мајами, 99 Jamz. Во 2003 година, на 99 Jamz започнал да води неделна радио-емисија под наслов The Takeover.[5][6][7] Тој, исто така, почнал да работи како музички продуцент за многу познати хип-хоп музичари, особено за членовите на Terror Squad.

Во 2006 година, Калид независно го издал неговиот прв албум, Listennn... the Album. Неговиот втор албум, We the Best (2007), го содржел хит-синглот „I'm So Hood“ (во соработка со: T-Pain, Trick Daddy, Рик Рос и Plies). Неговото следно издание, We Global (2008) се пласирал во топ-10 на Билборд 200.

Во 2008 година, Калид ги добил наградите за диџеј на годината од BET Hip Hop Awards и од Ozone Awards.[8][9] Тој бил назначен за претседател на издавачката куќа Def Jam South во февруари 2009 година.[10] Истиот месец, 50 Cent објавил видео под наслов „A Psychic Told Me“ во кое тој рекол дека ќе ѝ наштети на мајка му од Калид и покажал наводни снимки од нејзиното работното место и од нејзе. Калид, не сакајќи да му даде публицитет на 50 Cent, одбил да коментира и само рекол: „Нема да му дозволам да ме намами“.[11]

 
Диџеј Калид во 2011 година

Неговиот четврти студиски албум Victory бил објавен на 2 март 2010 година. На албумот гостувале: Дрејк, Лил Вејн, Рик Рос, Нас, Снуп Дог, Лудакрис, Нели и многу рапери. Синглот „All I Do Is Win“ со Лудакрис, Рик Рос, Снуп Дог и Т-Пејн бил сертифициран како двојно платинест сингл. Диџеј Калид на Твитер го објавил насловот на неговиот следен албум, We the Best Forever.[12] На 19 август, Калид потпишал договор со Cash Money Records и со Universal Motown; албумот подовна бил објавен од оваа издавачка куќа.

Неговиот петти студиски албум и прв албум издаден со голема издавачка куќа, We the Best Forever, бил издаден на 19 јули 2011 година. На албумот се наоѓала песната, „I'm on One“, во која настапуваат: Дрејк, Рик Рос и Лил Вејн, и која била објавена како сингл на 20 мај 2011 година. Песната се искачила на десетто место на Billboard Hot 100 и станала прва песна која се пласирала во топ-10 во САД за диџеј Калид и за Рик Рос.

Неговите следни албуми: Kiss the Ring (2012), Suffering from Success (2013) и I Changed a Lot (2015) имале умерен успех кај публиката и кај критиката.

На 25 јули 2013 година, Калид јавно ја ѝ предложил брак на Ники Минаж преку МТV. Тој притоа ѝ понудил дијамантски прстен од 10 карати од Rafaello & Co., вреден околу 500.000 долари.[13] На 29 јули 2013 година, во интервју за Funkmaster Flex, Минаж го одбила предлогот на Калид, велејќи: „Калид е мој брат и Калид не беше сериозен со тој проклет предлог. Ве молам заборавете го. Тој само се шегуваше.[14] Истиот ден, Флекс премиерно го извел новиот сингл на Калид, „I Wanna Be with You“, во кој учествувале Минаж, како и неговите чести соработници Фјучер и Рик Рос. Поради ова некои почнале да веруваат дека неговиот предлог за брак е „трик за публицитет“ за да го промовира на неговиот нов сингл.[15][16]

Кон крајот на 2015 година и на почетокот на 2016 година, многу видеа, на кои Калид детално го опишувал неговиот „клуч за успехот“, станале популарни на Snapchat. Поради ова тој станал „интернет феномен“, а некои сега го опишуваат како „жив мем“ или „мем во човечка форма“.[17][18][19] На 29 февруари 2016 година, Калид потпишал договор само за менаџмент со компанијата од Џеј-Зи, Roc Nation. На 12 април 2016 година, Диџеј Калид објавил дека потпишал договор за снимање со Epic Records. На 18 април, диџеј Калид ѝ се придружил на Бијонсе на нејзината светска турнеја The Formation.[20] Неговиот деветти студиски албум, Major Key (стилизиран како: Major 🔑) бил објавен на 29 јули 2016 година. Албумот бил поддржан од четири сонгла: "For Free", "I Got the Keys", "Holy Key" и "Do You Mind"; добил претежно позитивни оценки од критичарите и дебитирал на прво место на Билборд 200 и бил номиниран за Греми награда во категоријата „Најдобар рап-албум“

Неговиот десетти албум, Grateful (2017), станала негов втор последователен албум на прво место на американската топ-листа за албуми. На албумот му претходеле сингловите „I'm the One“ (со Џастин Бибер, Quavo, Chance the Rapper и Лил Вејн) и „Wild Thoughts“ (со Ријана и Брајсон Тилер), кои се искачија на прво и второ место на Billboard Hot 100, соодветно. Тој имал камео појавување во промотивниот материјал за Спајдермен: Враќање дома,[21] а подоцна се појавил и во Pitch Perfect 3 (2017). Истата година, објавил дека ќе ѝ се придружи на Деми Ловато како воведен изведувач на нивната турнеја „Tell Me You Love Me Tour“.[22]

Неговиот единаесетти албум Father of Asahd, насловен според неговиот постар син Асад, бил издаден на 17 мај 2019 година. Водечкиот сингл од албумот, „Top Off “, со Бијонсе, Џеј Зи и Фјучр, бил објавен на 2 март 2018 година.[23] На 27 јули 2018 година, Калид го објавил следниот сингл, насловен „No Brainer“, во кој настапуваат Џастин Бибер, Chance the Rapper и Quavo.[24] Во периодот од 17 мај од 20 мај 2019 година тој објавил неколку музички спотови за сингловите од албумот, меѓу кои била и песната „Higher“, со покојниот рапер Нипси Хасл и Џон Леџенд, за која Калид ја добил неговата прва Греми награда (во категоријата за „Најдобра рап-изведба“.[25][26]

Неговиот дванаесетти студиски албум под наслов Khaled Khaled, бил издаден на 30 април 2021 година и се искачил на прво место на Билборд 200. Овој успех бил повторен и од неговит следен албум God Did (2022) кој на 65-тото доделување на Греми наградите бил номиниран за најдобар рап албум. Истоимената песна од албумот, во соработка со со Рик Рос, Лил Вејн, Џеј Зи, Џон Леџенд и Фрајдеј била номинирана за „Песна на годината“ и „Најдобра рап-песна“.

Други потфати

уреди

Филм

уреди

Калид го позајмил гласот во анимираниот филм Spies in Disguise, објавен на 25 декември 2019 година.[27] Глумел и во Bad Boys for Life (2020) и во неговото продолжение Bad Boys: Ride or Die (2024).[28]

Литература

уреди

Во 2016 година, тој ја напишал книгата „Клучеви: мемоари“, која ги содржела неговите размислувања за успехот и во која ги пренел неговите животни приказни.[29] Книгата се нашла на списокот на најпродавани книги на Њујорк Тајмс.[30]

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • Listennn... the Album (2006)
  • We the Best (2007)
  • We Global (2008)
  • Victory (2010)
  • We the Best Forever (2011)
  • Kiss the Ring (2012)
  • Suffering from Success (2013)
  • I Changed a Lot (2015)
  • Major Key (2016)
  • Grateful (2017)
  • Father of Asahd (2019)
  • Khaled Khaled (2021)
  • God Did (2022)
  • Til Next Time (2024)

Наводи

уреди
  1. „Ranking The Songs On DJ Khaled's Latest Celebrity Dogpile“. May 3, 2021.
  2. „DJ Khaled Signs with Def Jam, Named Global Creative Consultant for Universal Music Group“. February 9, 2023. Архивирано од изворникот March 26, 2023. Посетено на June 7, 2023.
  3. Kellman, Andy. „DJ Khaled Biography“. allmusic. Архивирано од изворникот на June 28, 2016. Посетено на July 21, 2017.
  4. Peltz, Jonathan (August 13, 2014). „Larry King's Interview with DJ Khaled Was the Pinnacle of All Journalism“. Noisey. Vice. Архивирано од изворникот на August 16, 2014. Посетено на May 19, 2018.
  5. Korten, Tristram (November 5, 1998). „Faithful As I Wanna Be“. Miami New Times. Архивирано од изворникот на December 22, 2015. Посетено на December 13, 2008.
  6. „Jamz Jocks – Khaled“. wedr.com. WEDR. Архивирано од изворникот на November 17, 2015. Посетено на May 10, 2019.
  7. „10 Things We Learned reading "Dirty South" by Ben Westhoff“. HipHopDX. Cheri Media Group. May 6, 2011. Архивирано од изворникот на March 27, 2016. Посетено на July 27, 2015.
  8. „DJ of the Year“. BET. 2008. Архивирано од изворникот на October 14, 2008.
  9. Hale, Andreas (August 13, 2008). „2008 Ozone Awards Winners And Recap“. HipHopDX.com. Архивирано од изворникот на June 6, 2015. Посетено на December 14, 2008.
  10. „DJ Khaled Wants Hits – Not Beef – As President of Def Jam South“. Shaheem Reid. MTV Networks. February 19, 2009. Архивирано од изворникот на April 17, 2015. Посетено на May 25, 2009.
  11. Reid, Shaheem (February 13, 2009). „DID 50 CENT TAKE BEEF TOO FAR WITH THREAT TO DJ KHALED'S MOTHER?“. MTV Networks. Архивирано од изворникот на September 17, 2021. Посетено на September 17, 2021.
  12. „DJ Khaled Begins Working on New Album“. RapRadar.com. August 15, 2010. Архивирано од изворникот на October 9, 2011. Посетено на March 19, 2012.
  13. „DJ Khaled Proposes To Nicki Minaj with a 10 Karat Rock: Watch!“. MTV. Архивирано од изворникот на May 5, 2014. Посетено на July 26, 2013.
  14. „Nicki Minaj Responds To DJ Khaled's Proposal: 'He Was Kidding!'. XXL. July 30, 2013. Архивирано од изворникот на August 1, 2013. Посетено на July 30, 2013.
  15. „DJ Khaled Featuring Nicki Minaj, Rick Ross & Future "I Wanna Be With You". XXL. July 30, 2013. Архивирано од изворникот на February 6, 2016. Посетено на July 30, 2013.
  16. „Listen: DJ Khaled f/ Nicki Minaj, Rick Ross & Future "I Wanna Be With You". Complex. Архивирано од изворникот на August 1, 2013. Посетено на July 30, 2013.
  17. „DJ Khaled holds a major key to American prosperity“. Los Angeles Times (англиски). ISSN 0458-3035. Архивирано од изворникот на September 27, 2018. Посетено на May 10, 2019.
  18. „Bless up: How DJ Khaled became the year's most positive meme“. The Verge. December 22, 2015. Архивирано од изворникот на August 19, 2018. Посетено на February 17, 2016.
  19. „DJ Khaled Can Thank Snapchat for Increasing His Popularity – XXL“. XXL Mag. January 14, 2016. Архивирано од изворникот на February 8, 2019. Посетено на February 17, 2016.
  20. Platon, Adelle (April 18, 2016). „DJ Khaled Joins Beyonce's Formation Tour“. Billboard. Посетено на May 29, 2016.
  21. D'Alessandro, Anthony (July 9, 2017). 'Spider-Man: Homecoming' Still Swinging In As Sony's Second Best Domestic Opening Ever With $116M-$118M“. Deadline Hollywood. Архивирано од изворникот на July 10, 2017. Посетено на July 9, 2017.
  22. Празен навод (help)
  23. Goddard, Kevin (March 1, 2018). „DJ Khaled Announces New Album Title & "Top Off" Single Feat. Jay Z, Beyonce & Future“. HotNewHipHop. Архивирано од изворникот на March 2, 2018. Посетено на March 2, 2018.
  24. Празен навод (help)
  25. „DJ Khaled Grammy History“. The Recording Academy. May 19, 2020. Архивирано од изворникот на July 6, 2020. Посетено на July 16, 2020.
  26. „Watch DJ Khaled, Cardi B & 21 Savage's New "Wish Wish" Video“. Top40-charts.com. Архивирано од изворникот на July 29, 2020. Посетено на May 22, 2019.
  27. Wiseman, Andreas (October 29, 2018). „Ben Mendelsohn, Karen Gillan, Rashida Jones, DJ Khaled and Masi Oka Join Voice Cast Of Fox Animation 'Spies In Disguise'. Архивирано од изворникот на April 13, 2019. Посетено на October 29, 2018.
  28. Kroll, Justin (January 15, 2019). „DJ Khaled Joins 'Bad Boys' Sequel (EXCLUSIVE)“. Архивирано од изворникот на January 16, 2019. Посетено на January 15, 2019.
  29. Lilah, Rose (September 29, 2016). „DJ Khaled announces his philosophy for success in the Keys“. HNHH. Архивирано од изворникот на September 30, 2016. Посетено на September 29, 2016.
  30. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди