Орел (род)

(Пренасочено од Aquila)
Орел
Златен орел
(Aquila chrysaetos)
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Јастребовидни
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Глувчари (спорно)
Род: Орел
Brisson, 1760
Видови

погл. во текстот

Синоними

Hieraaetus Kaup, 1844
и погл. во текстот

Орелот (науч. Aquila) е род на птици, потесно наречени вистински орли. Честопати се соединува со орлите-глувчари, морските орли и другите крупни членови на семејството јастреби (Accipitridae), но во последно време изучувањата укажуваат дека помалку се разликуваат како посебни од повитките членови на потсемејството јастреби (Accipitrinae) отколку што се мислело пред тоа.

Орлите не сочинуваат природна група, туку се назив за секоја граблива птица со доволни димензии за да лови покрупни ’рбетници (околу или над 50 см).

Видови

уреди

Родот орел припаѓа на крајно огрнаичена група на „типични“ орли, во која спаѓаат родовите јастребови орли (Hieraaetus), цуцулест орел (Lophaetus), црн орел (Ictinaetus) и изумрениот род Harpagornis — сите парафилетски во однос на орлите од Aquila. Тука изгледа припааѓат и некои, ако не и сите, видови од јастребовите орли, кои се во своја група поради помалите димензии. Целата група „типични орли“ има потреба од темелна преработка, па затоа наведените видови се провизорни.

Најпроблематични се јастребовите орли (Hieraeetus). Познато е дека типскиот вид, малиот орел, е многу близок на некои од родот орел. Други јастребови орли може да се доволно различни за да треба да влеат во свои родови, но не можат да го имаат називот Hieraaetus бидејќи е помлад синоним на Aquila as малиот орел (бидејќи таму е сместен малиот орел).

Видовите означени со „мк“ се присутни во Македонија.[1]

Фосилни наоди

уреди

Досега се опишани разни фосилни таксони на орли.[3][4] Многу од нив се сместени во други родови, но некои му припаѓаат на овој:

  • Aquila bullockensis (среден миоцен)
  • ?Aquila delphinensis (среден /доцен миоцен, Грив Сен Албан, France)
  • ?Aquila pennatoides (среден /доцен миоцен, Грив Сен Албан, France)
  • Aquila sp. (доцен Miocene – доцен плиоцен, Ј Европа)[4]
  • Aquila sp. (ран плиоцен, Флорида)
  • Aquila bivia (доцен плиоцен, јужни САД)
  • Aquila sp. (среден плеистоцен, Кастилјоне, Корзика)[5]
  • ?Aquila fossilis (среден/доцен плеистоцен, Монте Реале, Сардинија)
  • ?Aquila sp. (доцен квартар, Мадагаскар)[6]

It is not clear whether "Hieraaetus" edwardsi (среден -? доцен миоцен, ЈЗ Европа) припаѓа на Aquila или јастребовите орли (ако второспоменатите се навистина посебни). Првичниот назив "Aquila" minuta Milne-Edwards, 1871 е зафатен од помладиот синоним на малиот орелAquila minuta Brehm, 1831.

Отстранети од родот орел (Aquila) се следниве:

  • "Aquila" gervaisii — сега во Palaeohierax
  • "Aquila" borrasi, "A." sodalis — сега во блатни орли (Buteogallus). B. borrasi долго време стоел во Titanohierax.
  • "Aquila" pliogryps — now in Spizaetus
  • "Aquila" corroyi, "A." depredator, "A." hypogaea и "A." prisca — сега во Aquilavus
  • "Aquila" ferox, "A." lydekkeri — праутки, сега во Minerva.

"Aquila" danana (доцен миоцен/ран плиоцен, Луп Форк, САД), понекогаш се става во Geranoaetus или Buteo има нејасно сродство.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Некритички список на птиците во Македонија — Методија Велевски, Македонско еколошко друштво, 10 септември 2012
  2. Helbig, A.J., Kocum, A., Seibold, I. & Braun, M.J. „A multi-gene phylogeny of aquiline eagles (Aves: Accipitriformes) reveals extensive paraphyly at the genus level“ (PDF). Science Direct, Journal of Molecular Phylogenetics and Evolution. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-08-13. Посетено на 1 април 2013.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  3. Brodkorb, Pierce (1964). „Catalogue of Fossil Birds: Part 2 (Anseriformes through Galliformes)“. Bulletin of the Florida State Museum. 8 (3): 195–335. Архивирано од изворникот на 2008-02-23. Посетено на 2013-06-17.
  4. 4,0 4,1 Mlíkovský, Jirí (2002): Cenozoic Birds of the World, Part 1: Europe Архивирано на 20 мај 2011 г.. Ninox Press, Prague, p. 194.
  5. Salotti, Michelle; Bellot-Gourlet, Ludovic; Courtois, Jean-Yves; Dubois, Jean-Noël; Louchart, Antoine; Mourer-Chauviré, Cécile; Oberlin, Christine; Pereira, Elisabeth; Poupeau, Gérard & Tramoni, Pascal (2000). „The end of the Late Pleistocene and the Early Holocene in Corsica: New paleontological and archaeological data from Castiglione deposit (Oletta, Haute-Corse)“. Quaternaire. 11 (3): 219–230. doi:10.3406/quate.2000.1671.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  6. Madagascar and other Islands. Human Settlers Invade Paradise. Endangered Species Handbook. консултирано на 17 април 2013