Царски орел
Царски орел | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордови |
Класа: | Птици |
Ред: | Соколовидни (или Јастребовидни) |
Семејство: | Јастреби |
Род: | Орел |
Вид: | Царски орел |
Научен назив | |
Aquila heliaca Savigny, 1809 | |
Распространетост на Aquila heliaca:
гнездење
презимување
| |
Синоними | |
Aquila heliacea heliacea |
Царскиот орел (науч. Aquila heliaca) — импозантна граблива птица која некогаш била широко распространета низ Европа и Азија, но сега е на работ од исчезнување. Оваа птица била избрана за симбол на Австроунгарското царство, но тоа не ѝ помогнало да ја избедне судбината на речиси целосно изумирање во Европа. Благодарение на интензивните програми за заштита, сега има 120-130 двојки царски орли во Словачка и Унгарија; и 80-100 двојки во Македонија и Бугарија.
Опис
уредиЦарскиот орел има должина од 72 до 90cm, распонот на крилата е 1.8-2.16m и тежина од 2.45 до 4.55kg. Женките се околу енда четвртина поголеми од мажјаците. Оваа птица наликува на златниот орел, но има значително помалку бело на „рамената“ и е малку поголема.
Живеалиште
уредиОмилено живеалиште на царскиот орел е отворена земја опколена со малку шума. За разлика од многу други видови орли, тие генерално не живеат на планини, големи шуми или во степи. Повеќето од нив се селат во зима во североисточниот дел на Африка, и во јужна и источна Азија.
Размножување
уредиЦарскиот орел гради гнездо во осамено дрво кое не е опкружено со други дрвја, или на работ од шумата крај реки, плитки долови, близу до полјани, често во непосредна близина на села, патишта и ниви. Во минатото гнездел и во овошни градини. Гнездата се наоѓаат на надморска височина од 25 до 1230 метри. Царскиот орел е моногамен и силно приврзан кон територијата на гнездење, и во исто гнездо може да престојуваат и по многу години. Додворувањето започнува уште во февруари, а најинтензивно е во март. Се состои од издигање на птицата во воздух и нагло спуштање надолу со свиени крилја до определена точка и брзо издигнување по инерција. Гнездото го прават двата родитела, на дрво, на височина од 7 до 26 метра од земјата. Го градат од суви гранки и е големо од 120 до 220 см. Двојките често имаат повеќе гнезда, но користат само едно. Гнездото на една двојка е оддалечено до 5 км на гнездото од друга. Во втората половина на март или почетокот на април женката снесува 2 јајца, поретко 1 или 3. Тие се овални, бели, испрскани со ретки жолто-кафени точки. Двата родитела ги лежат, а инкубациониот период трае 43 дена. Младенчињата го напуштаат гнездото 60-77 дена по испилувањето. Еден период тие се враќаат да преноќат во гнездото или се во близина, а родителите продолжуваат да ги хранат. Птиците остануваат во местото на гнездење до втората половина на септември или до крајот на октомври. Возрасните птици се постојани, а младенчињата скитаат, но се знае точно каде.
Исхрана
уредиЦарскиот орел лови на отворен простор - пасишта, ниви и голи ридови. Најпрво птицата ја набљудува, понекогаш и со часови, ловната територија, а кога ќе го забележи пленот го напаѓа со низок и брз лет. Се хранат со птици и цицачи, и тоа со над 100 различни вида. Понекогаш го крадат пленот од други птици и јадат мрши.
Наводи
уреди- ↑ BirdLife International (2012). „Aquila heliaca“. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.