Јастребовидни
Јастребовидни (науч. Accipitriformes) — предложен и делумно прифатен ред што ги опфаќа највеќето грабливи птици што ловат дење: јастребите, орлите, мршојадците и разни други птици (вкупно 225 вида). Долго време во минатото, овие птици се вбројувале во соколите, во состав на редот соколовидни (Falconiformes),[1][2][3][4] но неодамнешните испитувања на ДНК укажуваат на тоа дека соколите не се во блиско сродство со јастребовидните, туку се поблиски на папагаловидните и врапчевидните.[5] Оваа одвојување денес е усвоено од Меѓународниот орнитолошки конгрес (IOC)[6], како и комисиите за класификација на јужноамериканските и северноамериканските птици (SACC и NACC),[7][8] на Американскиот сојуз на орнитолозите,[9]
Јастребовидни Период: еоцен-денес, | |
---|---|
Црвеноопашест јастреб (Buteo jamaicensis) | |
Научна класификација [ у ] | |
Класа: | Птици |
Поткласа: | Нови птици |
Ред: | Јастребовидни |
Фамилии | |
јастреби (Accipitridae) |
Согласно класификациите на NACC и IOC, во редот влегуваат и американските мршојадци.[10][7] SACC ги става овие мршојадци во свој ред.[8] Оваа дилема постои уште од 1990-тите години. Статијава се води по класификацијата на првоспоменатите два органа.
Особености
уредиЗа јастребовидните се знае дека постојат уште од средниот еоцен (од можниот базален род Masillaraptor од Меселската Јама)[11] и обично имаат остри свиени клунови со месести кожурки на основата, во кои се сместени ноздрите. Крилјата им се долги и прилично широки, погодни за едрење по воздухот.
Имаат силни нозе и стапала, опремени со канџи и спротивставена задна канџа. Речиси сите членови на редот се месојадни. Пленот го ловат денски или на самрак и имаат остар вид. Живеат многу долго и имаат ниски стапки на размножување.
Пилињата имаат долга предлетна фаза, а по првиот лет остануваат во гнездото уште 3–8 недели. Полова зрелост достигнуваат дури по 1 до 3 години, како возрасни единки. Половите значително се разликуваат: женката понекогаш е преку двапати потешка од мажјакот. Овој полов диморфизам е доведен до крајност кај птицојадите како вистинскиот јастреб (Accipiter), а речиси не постои кај мршојадците. Птиците од овој ред по правило се моногамни, што значи дека до смена доаѓа само ако едниот умре.
Јастребовидните се едни од најразнообразните редови на птици по големина. Разликите се јасно воочливи ако се споредат малите јастереби со најголемите мршојадци, и нешто поголемиот андски кондор (веројатно најголемата летечка птица на светот), ако не се бројат американските мршојадци.
Таксономија
уредиРед јастребовидни (Accipitriformes)
Наводи
уреди- ↑ Voous 1973.
- ↑ Cramp 1980, стр. 3, 277.
- ↑ Ferguson-Lees & Christie 2001, стр. 69.
- ↑ Christidis & Boles 2008, стр. 50–51.
- ↑ Hackett et al 2008.
- ↑ Gill & Donsker.
- ↑ 7,0 7,1 Chesser и др. 2010.
- ↑ 8,0 8,1 Remsen et al.
- ↑ но не и ставањето на соколите веднаш до папагаловидните и врапчевидните
- ↑ Hackett и др. 2008.
- ↑ http://taylorandfrancis.metapress.com/index/P18941434J1VMU05.pdf[мртва врска]
Користена литература
уреди- doi: 10.1525/auk.2010.127.3.726
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - Christidis, Les; Boles, Walter E. (2008). Systematics and Taxonomy of Australian Birds. CSIRO Publishing. ISBN 978-0-643-06511-6. Посетено на 14 јануари 2010.
- Cramp, Stanley (1980). Handbook of the Birds of Europe, the Middle East and North Africa: The Birds of the Western Palearctic – Hawks to Bustards. Oxford University Press. стр. 3, 277. ISBN 0-19-857505-X.
- Ferguson-Lees, James; Christie, David A. (2001). Raptors of the World. Illustrated by Kim Franklin, David Mead, and Philip Burton. Houghton Mifflin. ISBN 978-0-618-12762-7. Посетено на 26 мај 2011.
- Gill, Frank; Donsker, D. „IOC World Bird List (version 2.4)“. Worldbirdnames.org. Архивирано од изворникот 2010-03-24. Посетено на 12 март 2010.
- doi: 10.1126/science.1157704
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно - Remsen, J. V., Jr.; Cadena, C. D.; Jaramillo, A.; Nores, M. „A classification of the bird species of South America (section "ACCIPITRIDAE (HAWKS) 3" note 1)“. Version 11 December 2008. American Ornithologists' Union. Посетено на 26 мај 2010. Укажано повеќе од еден
|author2=
и|last2=
(help) - doi: 10.1111/j.1474-919X.1973.tb02004.x
Овој навод ќе се дополни автоматски во текот на следните неколку минути. Можете да го прескокнете редот или да го проширите рачно