Орел-змијар
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Соколовидни
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Орли-змијари
Род: Орел-змијар
Вид: Орел-змијар
Научен назив
Circaetus gallicus
(Gmelin, 1788)

     Лето     Постојан жител     Зима
Кратките прсти на орелот змијар

Орелот=змијар (науч. Circaetus gallicus), познат и како краткопрст орел е средно голема птица грабливка од семејството соколовидни која вклучува многу други денски грабливки како соколите, орлите, јастребите и мршојадците.

Оваа птица се среќава и во Македонија.

Распространетост уреди

Овој вид птици се од Стариот Свет кој се раширил низ Средоземјето, Русија и Блискиот Исток, како и на делови од Азија, претежно во Индија, како и уште подалеку, на неколку индонезиски острови.

Оние кои живеат на северниот крај на Средоземјето и во други делови на Европа се селат главно во потсахарска Африка, северно од екваторот, напуштајќи го живеалиштето во септември-октомври, а се враќаат во април-мај.

Орелот-змијар што живее на Блискиот и Далечниот Исток се постојани жители, односно не се птици преселници. Во Европа најбројни се во Шпанија кај што се честа појава, но на другите место е реткост да се видат. Во Британија, на пример, за првпат е регистрирана во октомври 1999 година.

Живеалиште уреди

Орелот-змијар живее на отворено, кај обработливите рамнини, сувите каменести листопадни грмушести области и подножја, како и во полупустински области. Тие бараат дрва за вгездување.

Опис уреди

Возрасните единки се долги 62-67 см со распон на крилјата од по 170-185 см и тежат 1,2 - 2,3 кг.[1] Се препознаваат по долната доминантна бела страна, а горните делови се сивкасто-кафени. Брадата, вратот и горниот дел се окер, земјено кафена боја. Дополнителни показатели дека се работи за орел-змијар се и заоблената глава како на був, светложолтите очи и светло поткрило.

Орелот-змијар е вистински летач кој поминува повеќе време во лет од повеќето други членови од неговиот род. Сакаат да летаат над падини, врвови и свлечишта и ловат најчесто од положба над 550 м. Кога се на отворен терен често лебдат како соколи. Литањето се одвива при полн распон на крилата.

Поведение уреди

Исхрана уреди

Нивниот плен се претежно влекачи, главно змии, но исто така и по некој гуштер. Понекогаш тие се плеткаат со поголеми змии и настанува битка на теренот.[2] Повремено, тие ловат мали цицаци до големина на зајак и ретко птици и големи инсекти.

Огласување и размножување уреди

Овој орел е начелно многу тивок. Во одредени прилики, прави варијации од разни свиркачки ноти.

Снесува само едно јајце, и е долговечен, живеејќи над 17 години.

Присуството на орелот-змијар е многу изретчено во Европа, и е многу редок, а во некои земји неговата бројка и понатаму опаѓа, поради промените во земјоделството и искористувањето на земјиштето. Затоа бара да биде заштитен вид.

Во Средниот и Далечниот Исток, видот не е загрозен.

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. Del Hoyo, J. Elliott, A. and Sargatal, J. (1994) Handbook of the Birds of the World, Volume 2: New World Vultures to Guineafowl Lynx Edicions Barcelona
  2. Jerdon, TC (1862). The Birds of India. Volume 1. Military Orphan Press. стр. 77.
  • Circaetus gallicus. IUCN Red List. Version 2006. International Union for Conservation of Nature. 2006. Посетено на 12 мај 2006.

Надворешни врски уреди