Голем орел кликач

Голем орел кликач
Голем орел кликач на презимување во Баратпур, Индија
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Поткласа: Нови птици
Инфракласа: Нововилични
Ред: Јастребовидни
Семејство: Јастреби
Потсемејство: Глувчари (спорно)
Род: Орел
Вид: Голем орел кликач
Научен назив
Aquila clanga
Pallas, 1811
Размножување (светлозелено), зимување (сино)

Големиот орел кликач (науч. Aquila clanga) е голема граблива птица. Како сите типични орли припаѓа на семејството јастреби.

Опис

уреди
 
Младенче

Големиот орел кликач е долг 59-71 см, со распон на крилјата 157-179 см и телесна тежина 1,6 - 2,5 кг, а понекоагаш женката може да биде многу голема и да тежи над 3,2 кг.[2][3] Овој средно голем орел е многу сличен на неговиот близок роднина мал орел кликач (A. pomarina), со кого споделува дел од својата распространетост. Главата и горниот дел од крилјата се многу темнокафеави во контраст со другото посветлокафеаво перје. Малиот орел кликач има посветла глава и крилја од него. Главата му е мала за орел. Разликувањето на овие два вида е тешко, а уште поотежнато поради нивното мешање и создавање хибриди.[4]

Често има помалку впечатливи бели дамки на горните делови од крилјата, но посветлите горни делови на крилјата се добар знак за распознавање. Белиот V знак кај опашката е помалку видлив кај возрасните птици отколку кај малиот орел кликач. Повикот му е како кучешко јип.

Систематизација и еволуција

уреди

Оваа птица порано се сметала за подвид на постојаниот жител на индискиот вид - индиски орел кликач (Aquila hastata), кој во суштина многу се разликува според морфологијата, поведението, животната средина и ДНК-анализата. Европскиот вид, всушност е многу поблизок до малиот орел кликач, чиј претходник дивергирал некаде во средниот плиоцен, пред 3.6 милиони години [5] од предците на индиските птици. Праорелот кликач, најверојатно живеел во регионот на Авганистан, и се разделил на северна и јужна линија кога започнало последното ледено доба. Северната линија се разделила на источните и западните денешни видови.[6]

Како група, орлите кликачи доста се разликуваат од типичните, „вистинските“ орли.

Денешниот вид понекогаш се хибридизира со малиот орел кликач. Ваквите хибриди речиси е невозможно да се идентификуваат ако не се погледнат убаво одозгора.[7]

Распространетост и живеалиште

уреди

Големиот орел кликач живее во шумските предели каде лови мали цицачи и главно копнен плен. Се парат од северна Европа преку Азија и се селат во југоисточна Европа, Среден Исток и јужна Азија. Овие орли снесуваат 1-3 јајца во гнездата кои се наоѓаат на дрвја. Генерално, овие птици се територијални, па младите го поминуваат времето со нивните родители додека не достигнат полова зрелост, а потоа бараат територии за да се парат меѓусебно. Зиме птиците се подружељубиви и формираат мали јата од десетина птици кои заедно ја облетуваат областа.

Статус

уреди

Големиот орел кликач е класифициран во категоријата ранлив[1], зашто популацијата му е помалку од 4.000 двојки. Основна закана за видот е унижтување на неговата животна средина, како и човековото вознемирување за време на сезоната на парење.[8]

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 BirdLife International (2012). Aquila clanga. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 јули 2012.
  2. Raptors of the World by Ferguson-Lees, Christie, Franklin, Mead & Burton. Houghton Mifflin (2001), ISBN 0-618-12762-3.
  3. CRC Handbook of Avian Body Masses by John B. Dunning Jr. (Editor). CRC Press (1992), ISBN 978-0-8493-4258-5.
  4. See Väli & Lõhmus (2004) for details
  5. The estimate in Väli (2006) is certainly incorrect; it uses a molecular clock that is appropriate for small passerines with half the generation times of eagles.
  6. Parry et al. (2002), Rasmussen & Anderton (2005), Väli (2006)
  7. Väli & Lõhmus (2004)
  8. Väli & Lõhmus (2000)

Наводи

уреди
  • Bishop, K. David (1999): Preliminary notes on some birds in Bhutan. Forktail 15: 87-91. PDF fulltext Архивирано на 10 јуни 2011 г.
  • Meyburg, Bernd-U.; Eichaker, Xavier; Meyburg, Christiane & Paillat, Patrick (1995): Migrations of an adult Spotted Eagle tracked by satellite. Brit. Birds 88: 357-361. PDF fulltext
  • Parry, S.J.; Clark, W.S. & Prakash, V. (2002): On the taxonomic status of the Indian Spotted Eagle Aquila hastata. Ibis 144(4): 665-675. doi:10.1046/j.1474-919X.2002.00109.x (HTML abstract)
  • Rasmussen, Pamela C. & Anderton, John C. (2005): Birds of South Asia - The Ripley Guide. Lynx Edicions, Barcelona. ISBN 84-87334-67-9
  • Töpfer, Till (2007): Nachweise seltener Vogeltaxa (Aves) in Sachsen aus der ornithologischen Sammlung des Museums für Tierkunde Dresden [Records of rare bird taxa (Aves) in Saxony from the ornithological collection of the Zoological Museum Dresden]. Faunistische Abhandlungen 26(3): 63-101 [German with English abstract]. PDF fulltext
  • Väli, Ülo (2006): Mitochondrial DNA sequences support species status for the Indian Spotted Eagle Aquila hastata. Bull. B.O.C. 126(3): 238-242. PDF fulltext Архивирано на 27 септември 2007 г.
  • Väli, Ülo & Lõhmus, Asko (2000): The Greater Spotted Eagle and its conservation in Estonia. Hirundo Supplement 3: 1-50. HTML abstract Архивирано на 27 септември 2007 г.
  • Väli, Ülo & Lõhmus, Asko (2004): Nestling characteristics and identification of the lesser spotted eagle Aquila pomarina, greater spotted eagle A. clanga, and their hybrids. J. Ornithol. 145(3): 256-263. doi:10.1007/s10336-004-0028-7 PDF fulltext Архивирано на 26 септември 2011 г.

Дополнителна литература

уреди
  • Svensson, Lars (1987) Underwing pattern of Steppe, Spotted and Lesser Spotted Eagles, pp. 12–14 in International Bird Identification: Proceeedings of the 4th International Identification Meeting, Eilat, 1st - 8 November 1986 International Birdwatching Centre Eilat

Надворешни врски

уреди