2 септември (настани)
шаблон на Викимедија
31 п.н.е. | Последната граѓанска војна во Рим: во Битката кај Акциум силите на Октавијан ги победуваат војските на Марко Антониј и Клеопатра. |
1666 | Избувнал Големиот пожар во Лондон, кој горел три дена, уништувајќи 10.000 градби вклучувајќи ја и катедралата Свети Павле. |
1752 | Обединетото Кралство го вовело грегоријанскиот календар, речиси два века подоцна од Западна Европа. |
1807 | Британската морнарица го бомбардирала Копенхаген со огнени бомби и фосфорни ракети за да го спречи предавањето на Данска на флотата на Наполеон Бонапарт. |
1922 | Во Скопје бил формиран спортскиот клуб „Македонија“. |
1930 | Со авионот „Знак прашање“, француските пилоти Диеодн Кост и Морис Белонт го извршиле првиот непрекинат лет меѓу Европа и САД. |
1944 | Ослободен е Демир Хисар. |
1944 | Президиумот на АСНОМ на својата трета седница, одржана во манастирот Свети Прохор Пчински, еден месец по историското Прво заседание на АСНОМ, донел одлука за основање на телеграфска агенција на Македонија - ТАМ. Оваа агенција одиграла мошне важна улога во ширењето на вистината за праведната борба на македонскиот народ за национално и социјално ослободување. |
1945 | Завршила Втората светска војна: Конечното предавање на Јапонија било прифатено на борбениот брод „Мисури“, во пристаништето на Токио. |
1991 | Во Скопје е формирано Геронтолошкото друштво на Македонија. |
2011 | Јошихико Нода бил назначен за Премиер на Јапонија. |