2 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1772 | Основано Кралското физиографско друштво во Лунд, Шведска. |
1804 | Наполеон Бонапарт е крунисан за цар на Франција. |
1805 | Наполеон Бонапарт ги победил руските и австриските трупи кај Аустерлиц (место кај Брно, во Чешка). Француската војска (околу 73.000 војници) ги поразила сојузничките сили на Русија (околу 70.000 војници) и на Австрија (околу 15.000 војници). Австрискиот цар Франц II утредента склучил примирје со Наполеон. Аустерлиц подоцна станал поим за брза победа. |
1942 | Во Чикаго за првпат практично бил остварен процесот на јадрено цепење. Експериментот успешно го извеле научниците кои работеле на тајниот проект за производство на првата атомска бомба. |
1946 | По борбата што се водела помеѓу македонските партизани и грчката владина војска на патот Лерин - Песодер, грчките власти започнале со терор во селото Буф. Околу 200 полицајци и 80 вооружени монархисти од околните села вршеле грабежи, горење и пустошење. Запалиле 46 трла, плевни, воденици, ѕверски мачеле 28 невини Македонци. |
1956 | Фидел Кастро и помала група кубански револуционери се истовариле на Куба и започнале борба, која завршила со соборување на диктаторскиот режим на Баиста. |
1993 | Франција официјално објави дека ќе воспостави дипломатски односи со Република Македонија. |
1997 | Во Новокузнецк, од експлозија на метан во рудникот за јаглен Зирјановскаја, загинале 61 рудар. |