24 октомври (настани)
шаблон на Викимедија
1795 | Русија, Австрија и Прусија ја поделиле територијата на Полска. |
1797 | Лима, главниот град на Перу, е разурнат од силен земјотрес, при што загинале околу 5.000 луѓе. |
1857 | Во Шефилд, Англија формиран е ФК Шефилд, најстариот фудбалски клуб во светот. |
1918 | Сфаќајќи дека со распаѓањето на Австроунгарија целосниот пораз на централните сили е неизбежен, царот Карло побара интервенција од Католичката црква за прекинување на војната. Меѓутоа, интервенцијата на Ватикан немаше успех. Сојузниците продолжија со операцијата и ги натераа Австроунгарија и Германија на безусловна капитулација. |
1945 | Стапи во сила Повелбата на Организацијата на обединетите нации, која заедно со Статутот на Меѓународниот суд, претставува темелен документ за устројството и дејствувањето на оваа светска организација. Тој ден се одбележува како „Ден на ООН“. |
1992 | Во Тетово е формиран Сојуз на албанските жени. |
1997 | На 5 км под површината на Индискиот Океан, нуркачите го американскиот брод кој носел 2.000 тони сребро, кое претседателот Рузвелт му го испратил на Сталин во 1944 г. Рузвелт сакал да им помогне на Русите во борбата против Хитлер, но планот пропаднал кога германскате подморници го потопиле. Во бродот имало сребро во вредност од најмалку 330 милиони долари. |