18 декември (настани)
шаблон на Викимедија
1828 | Силен земјотрес го разурна јапонскиот град Нагаока, при што загинаа 30.000 луѓе. |
1958 | Лансиран SCORE, првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата |
1965 | Девет африкански држави ги прекинаа дипломатските односи со Велика Британија, откако Лондон му даде поддршка на расистичкиот режим во Родезија. |
1970 | Во Италија е усвоен Законот за развод на бракот и покрај големото противење на Католичката црква. |
1994 | Поранешниот американски претседател, Џими Картер пристигна на сараевскиот аеродром, со што ја започна втората етапа од својата посредничка мисија во БиХ. |
1865 | Укинато е ропството во Соединетите Американски Држави. |
1956 | Јапонија е примена за член на Организацијата на Обединетите нации. |
1941 | Во Вашингтон почна конференцијата на претставниците на 26 држави - сојузнички во Втората светска војна. Беше решено на 1 јануари 1942 година да се објави декларација на сојузниците за тоа дека ќе ја продолжат војната против силите на Оската и против нивните приврзаници сè до нивната капитулација и дека нема да се склучува примирје со непријателот. |
1942 | Бугарската полиција ги открива и апси членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија народните херои Мирче Ацев и Страшо Пинџур (кои подоцна на ѕверски начин се убиени). Во истата акција запленета и печатницата на ПК КПЈ за Македонија „Гоце Делчев“. |