13 Егерија
Егерија (ознака за мала планета: 13 Егерија) е голем астероид од типот Г од главниот појас.[8] Откриена е од Анибале де Гаспарис на 2 ноември 1850 година. Егерија била именувана од Урбеин Леверје, чии пресметки довеле до откривање на Нептун, по митолошката нимфа Егерија од Ариција, Италија, сопругата на Нума Помпилиус, вториот крал на Рим.[9]
Откривање | |
---|---|
Откривач | Анибале де Гаспарис |
Откриено | 2 ноември 1850 |
Ознаки | |
Наречена по | Егерија |
Главен појас | |
Орбитални особености[1] | |
Епоха 13 January 2016 (JD 2457400.5) | |
Параметар на неодреденост 0 | |
Лак на набљудување | 60342 days (165.21 yr) |
Афел | 2.7927 ае (417.78 Gм) |
Перихел | 2.36115 ае (353.223 Gм) |
2.57690 ае (385.499 Gм) | |
Занесеност | 0.083726 |
4.14 г (1510.9 д) | |
Просечна орбитална брзина | 18.56 km/s |
261.863° | |
0° 14м 17.736с / ден | |
Наклон | 16.539° |
43.239° | |
80.294° | |
Земјино НРОП | 1.43999 ае (215.419 Gм) |
Јупитерово НРОП | 2.35966 ае (353.000 Gм) |
Јупитеров Тисеранов параметар | 3.364 |
Физички особености | |
Димензии | c/a = 0,76 ± 0,06[2] 214.8×192[3] |
Среден пречник | 202 ± 3 km[2] 207.6 ± 8.3 km (IRAS)[1] |
Среден полупречник | 103.82 ± 4.15 km |
Маса | (9,2 ± 2,1)⋅1018 kg[2] (15,9 ± 4,4)⋅1018 kg[а 1][4] |
Средна густина | 2,13 ± 0,49 g/cm3[2] 3,4 ± 1,0 g/cm3[4] |
Екваториска површ. гравит. | ≈0.0580 m/s2 |
Екваторска втора космичка брзина | ≈0.1098 km/s |
0.2935 d[5] (7.045 h)[1] | |
0.087[2] 0.0825 ± 0.007[1][6] | |
Температура | ~174 К |
Астероид од типот G[1] | |
9.71 to 12.46[7] | |
6.74[1] | |
Егерија прикрила ѕвезда на 8 јануари 1992 година. Утврдено е дека неговиот диск е прилично кружен (217×196 км). На 22 јануари 2008 година, прикрила друга ѕвезда, а ова прикривање било измерено од неколку набљудувачи во Ново Мексико и Аризона, координирани од Програмата за прикривање на астероиди IOTA.[3] Резултатот покажал дека Егерија има приближно кружен профил на Земјата од 214,8×192 км, што се поклопува со прикривањето од 1992 година. Исто така била проучувана од радар.[10]
Во 1988 година било извршено пребарување за сателити или прашина што кружи околу овој астероид со помош на телескопот UH88 во опсерваторијата Мауна Кеја, но напорите не влодиле со плод. Спектралната анализа на Егерија покажала дека има невообичаено висока содржина на вода, 10,5–11,5% вода во однос на масата.[11] Ова ја прави Егерија истакнат кандидат за идни потфати за ископување вода.
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ (8.0 ± 2.2) × 10−12 M☉
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 „JPL Small-Body Database Browser: 13 Egeria“ (2008-11-04 last obs). Посетено на 8 April 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 P. Vernazza et al. (2021) VLT/SPHERE imaging survey of the largest main-belt asteroids: Final results and synthesis. Astronomy & Astrophysics 54, A56
- ↑ 3,0 3,1 Timerson, Brad. „IOTA Asteroid Occultation Results for 2008“. Архивирано од изворникот на 2014-04-16. Посетено на 2010-01-19.Timerson, Brad.
- ↑ 4,0 4,1 James Baer, Steven Chesley & Robert Matson (2011) "Astrometric masses of 26 asteroids and observations on asteroid porosity." The Astronomical Journal, Volume 141, Number 5
- ↑ „Lightcurves and map data on numbered asteroids N° 1 to 52225“. AstroSurf. Архивирано од изворникот на 2005-11-27. Посетено на 2008-11-03.
- ↑ „Asteroid Data Archive“. Planetary Science Institute. Архивирано од изворникот на 2006-05-23. Посетено на 2008-11-03.
- ↑ apmag 9.71 (2061-Nov-06) to 12.46 (1990-Mar-12) JPL Horizons daily output for 1950 to 2099
- ↑ Rivkin, A. S.; J. K. Davies; S. L. Ellison; L. A. Lebofsky. „High-resolution 2.5–3.5 M Observations of C-, B- and G-class asteroids“ (PDF). Посетено на 2008-04-20.
- ↑ Schmadel, Lutz D. (2003). Dictionary of minor planet names. 1 (5. изд.). Berlin Heidelberg New York: Springer-Verlag. стр. 16. ISBN 3-540-00238-3.
- ↑ „Radar-Detected Asteroids and Comets“. NASA/JPL Asteroid Radar Research. Посетено на 2011-10-30.
- ↑ http://www.lpi.usra.edu/meetings/lpsc2002/pdf/1414.pdf
Надворешни врски
уреди- „Elements and Ephemeris for (13) Egeria“. Minor Planet Center. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2011-05-26. (го прикажува Елонг од Сонце и V маг за 2011 година)
- 13 Егерија — AstDyS-2
- 13 Егерија — База на мали небесни тела на JPL