Шумава
Шумава (чешки: Šumava), Чешка Шума или Бохемска Шума германски: Böhmerwald — низок планински венец во Средна Европа. Географски, планините се протегаат од Јужночешкиот крај во Чешка до Австрија и Баварија во Германија. Образува природна граница меѓу Чешка на една и Германија и Австрија на друга страна.
Шумава | |
---|---|
Böhmerwald Šumava | |
Велики Јавор | |
Највисока точка | |
Врв | Велики Јавор |
Надм. височина | 1.456 м |
Величина | |
Должина | 100 км |
Географија | |
Земји | Германија, Чешка и Австрија |
Координати | 49°07′N 13°08′E / 49.11° СГШ; 13.14° ИГД |
Име
уредиОд политички причини, чешката и германската страна на планината имаат различни називи: на чешки, чешката страна се нарекува Šumava, а германската Zadní Bavorský les (задна Баварска Шума), додека пак на германски, чешката страна се нарекува Böhmerwald (Бохемска Шума), а германската страна Bayerischer Wald (Баварска Шума).
На чешки, поимот Шумава се однесува и на целото соседно подрачје на областа Чешка.
Географија и клима
уредиПланините во голема мера се прекриени со шуми и имаат просечна висина од 800 до 1.400 м. Највисок врв е Велики Јавор (Гросер Арбер, 1.456 м) на германска страна; Највисок на чешка и австриска страна е Плехи (Плекенштајн) (1.378 м). Најисточен врв е Штернштајн (1.125 м). Венецот е еден од најстарите во Европа, со заоблени планини еродирани од забот на времето. Својствено за Шумава висорамнини на околу 1.000–1.200 м со релативно сурова клима и многу тресетишта.
Вода
уредиШумава е вододелница на сливовите на Црното и Северното Море, каде се собира водата од реките В’лтава, Отава и Углава, кои извираат од планините. Поради врнежите (претежно снег), тресетиштата и хидроакумулацијата Липно, подрачјето на Шумава има големо водостопанско значење за Средна Европа. Има и неколку езера од ледничко потекло, кои се ценат повеќе заради нивната убавина отколку за водата што ја содржат.
Природа
уредиКако погранична област, Шумава има сложена историја. Во XX век по неа минувала Железна завеса и затоа големи подрачја биле иселени. Покрај ова, областа била слабо населена и во подалечното минато поради густината и големината на шумите. Поради овие посебни околности, Шумава во голема мера го има зачувано својот природен изглед и екосистеми и денес шумските предели се прошируваат.
Од еколошко гледиште, најзчајано подрачје Чешка е националниот парк „Шумава“ и биосферниот резерват на УНЕСКО. На германска страна, дел од областа е запазена со националниот парк „Баварска Шума“. Шумава ужива популарност како одморалиште поради извонредните услови за планинарење. Најзабележителните природни и културни знаменитости се поврзани со планинарски патеки во должина од преку 500 км и бројни патеки за ридски велосипедизам. Националниот парк „Шумава“ се соочува со раширена наезда на поткорници, за која властите се трудат да изнајдат решение.
Историја
уредиГерманскиот назив Бохемска Шума датира од 400 г. п.н.е. и е изведен од народот Бои кои се движеле по Европа од 400 до 8 г. п.н.е. Ова е римски назив за три древни келтски племиња кои живееле во Прекуалпска Галија (денешна Франција), Кисалпска Галија (северна Италија), Чешка, Моравија и западна Словачка.
Подрачјето на латински се нарекувало Boiohaemum (Бојохемум), што значи „дом на Боите“. Самиот планински венец се споменува од Страбон и Клавдиј Птоломеј како Γαβρήτα Ὕλη (Габрета). Во I век, во шумата живееле Галоримјани, а нејзиниот северен дел бил населен со германски племиња. Во VI век во областа се доселиле предците на денешните Чеси. Од XIII до средината на XX век во областа живееле претежно Германци, чие главно занимање било сечата на дрва. Во повоениот период од 1945–46 г. сето германско население е истерано од земјата.
Денешниот чешки поим Шумава првпат се споменува во XV век 15th century Антонио Бенфини work Rerum unganicarum decades.
Поважни населени места
уредиОбласти
уредиНадворешни врски
уреди„Bohemian Forest“ на Ризницата ? |
- Национален парк „Шумава“
- Портал на Шумава
- Инфопортал за Шумава Архивирано на 6 јуни 2018 г.